Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Каење

Каење

Зошто сите луѓе треба да се покаат за своите гревови и да го молат Јехова за простување?

Ри 3:23; 5:12; 1Јо 1:8

Види и Де 26:20

  • Библиски извештаи:

    • Лк 18:9-14 — Исус кажал една споредба со која истакнал дека треба да се покаеме за нашите гревови и да го молиме Бог за помош

    • Ри 7:15-25 — Иако бил апостол и извонреден пример за вера, Павле се измачувал поради својата склоност да греши

Како гледа Јехова на оние што се каат?

Езе 33:11; Ри 2:4; 2Пе 3:9

  • Библиски извештаи:

    • Лк 15:1-10 — Исус употребил споредби за да покаже дека Јехова и ангелите се радуваат кога некој што направил грев се кае

    • Лк 19:1-10 — Закхеј, кој бил главен даночник и кој изнудувал пари од луѓето, се покајал и се променил, и поради тоа му било простено и добил спасение

Што покажува дека некој вистински се кае?

Како доброто познавање на Библијата може да му помогне на едно лице што искрено се кае?

Ри 12:2; Кол 3:9, 10; 2Ти 2:25

  • Библиски извештаи:

    • Де 17:29-31 — Апостол Павле им објаснил на Атињаните дека луѓето обожаваат идоли бидејќи не го познаваат вистинскиот Бог, и ги поттикнал да се покаат

    • 1Ти 1:12-15 — Пред да стекне вистинско знаење за Исус Христос, апостол Павле во незнаење направил ужасни гревови

Колку е важно каењето?

Зошто може да бидеме уверени дека, ако се каеме, Јехова ќе ни прости дури и ако многупати сме згрешиле?

Како постапува Јехова со оние што ги признаваат своите гревови и ги прават потребните промени?

Од каде знаеме дека вистинското каење не значи некој само да чувствува жал или само да каже дека му е жал?

2Ле 7:14; Из 28:13; Езе 18:30, 31; 33:14-16; Мт 3:8; Де 3:19; 26:20

  • Библиски извештаи:

    • 2Ле 33:1-6, 10-16 — И покрај тоа што долго време правел злобни работи, цар Манасија покажал дека вистински се кае со тоа што се понизил, постојано го молел Јехова за милост и направил промени

    • Пс 32:1-6; 51:1-4, 17 — Цар Давид покажал дека се кае со тоа што му било многу жал што му згрешил на Јехова, со тоа што ги признал своите гревови и со тоа што се молел

Ако некој кој ни згрешил се покае, зошто треба да му простиме?