Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Материјализам

Материјализам

Дали Библијата ги осудува парите, материјалните работи и луѓето што се богати?

Про 7:12

  • Библиски извештаи:

    • 1Ца 3:11-14 — Јехова го благословил цар Соломон со огромно богатство поради тоа што бил понизен

    • Јов 1:1-3, 8-10 — Иако бил многу богат, на Јов сепак најважно му било пријателството со Јехова

Зошто парите или материјалните работи не носат задоволство или внатрешен мир?

Кога богатството може да биде бескорисно?

Која е најголемата опасност што ја носат парите и материјалните поседи?

Како примамливата моќ на богатството може да нѐ измами?

Из 11:4, 18, 28; 18:11; Мт 13:22

  • Библиски извештај:

    • Де 8:18-24 — Симон бил неразумен бидејќи сметал дека може да купи со пари положба во христијанското собрание

Што може да изгубиме ако ги сакаме парите?

Мт 6:19-21; Лк 17:31, 32

  • Библиски извештаи:

    • Мр 10:17-23 — Еден богат млад човек кој бил премногу приврзан за она што го поседувал ја пропуштил можноста да го следи Исус

    • 1Ти 6:17-19 — Апостол Павле ги предупредил богатите христијани да внимаваат да не станат вообразени, и така да ја изгубат Божјата милост

Како може на едно лице да му ослабне верата поради материјализам, и така да ја изгуби Божјата милост?

5Мо 8:10-14; Из 28:20; 1Јо 2:15-17

Види и Пс 52:6, 7; Ам 3:12, 15; 6:4-8

  • Библиски извештаи:

    • Јов 31:24, 25, 28 — Јов сфатил дека е опасно да има доверба во богатството бидејќи тоа би значело дека нема доверба во Бог

    • Лк 12:15-21 — Исус предупредил колку е опасен материјализмот со тоа што опишал еден човек кој бил богат, но, всушност, не бил богат пред Бог

Како може да бидеме задоволни со она што го имаме?

Кое богатство е повредно од материјалното, и зошто?

Из 3:11, 13-18; 10:22; Мт 6:19-21

  • Библиски извештаи:

    • Аг 1:3-11 — Преку пророкот Агеј, Јехова им објаснил на Израелците дека престанал да ги благословува дури и во материјален поглед бидејќи поважно им било да ги изградат своите домови и да водат удобен живот отколку повторно да го изградат храмот

    • От 3:14-19 — Исус ги прекорил христијаните од собранието во Лаодикија бидејќи поважни им биле материјалните работи отколку службата за Бог

Зошто треба да имаме доверба дека Јехова ќе ни го обезбеди она што ни е потребно во материјален поглед?