Општествени разлики
Дали во Божји очи некој е поважен од другите поради расата, потеклото или економскиот статус?
Де 17:26, 27; Ри 3:23-27; Га 2:6; 3:28
-
Библиски извештај:
-
Јвн 8:31-40 — Некои Евреи гордо се фалеле дека потекнуваат од Авраам; сепак, Исус ги исправил бидејќи воопшто не постапувале како Авраам
-
Дали имаме каква било основа да сметаме дека сме подобри од луѓе од друга раса или националност?
-
Библиски извештаи:
-
Јон 4:1-11 — Јехова стрпливо го поучил пророкот Јона да им покаже милост на Ниневијците, луѓе кои припаѓале на друга нација
-
Де 10:1-8, 24-29, 34, 35 — Апостол Петар дознал дека не треба да ги смета луѓето од другите народи за нечисти, и затоа им помогнал на Корнелиј и на неговите домашни да го запознаат Јехова; тие биле првите необрежани не-Евреи кои станале христијани
-
Дали христијаните кои се богати треба да мислат дека се подобри од другите или да очекуваат посебен третман?
Дали тоа што некој е надгледник значи дека е подобар од другите и дека може да постапува грубо со нив?
-
Библиски извештаи:
-
5Мо 17:18-20 — Јехова дал предупредување дека ниту еден цар во Израел не треба да се возвишува над останатите Израелци, кои, всушност, во Божји очи му биле браќа на царот
-
Мр 10:35-45 — Исус ги исправил своите апостоли бидејќи им било многу важно да имаат авторитет над другите
-
Што одредува дали Бог ќе биде задоволен со едно лице?
Дали христијаните треба да бидат вклучени во движења за реформи во општеството?
-
Библиски извештај:
-
Јвн 6:14, 15 — Многу луѓе очекувале дека Исус ќе ги реши проблемите во општеството, но тој одбил да го направат цар на Земјата
-