Понизност
Како Јехова гледа на понизните, а како на вообразените?
Пс 138:6; Из 15:25; 16:18, 19; 22:4; 1Пе 5:5
Види и Из 29:23; Иса 2:11, 12
-
Библиски извештаи:
-
2Ле 26:3-5, 16-21 — Цар Озија станал вообразен; го прекршил Божјиот закон и се разгневил кога добил совет; потоа, Јехова го казнил со лепра
-
Лк 18:9-14 — Исус употребил една споредба за да објасни како Јехова гледа на молитвите на вообразените, а како на молитвите на понизните
-
Како гледа Јехова на некој што понизно и од срце се кае?
-
Библиски извештаи:
-
2Ле 12:5-7 — Цар Ровоам и кнезовите на Јуда се понизиле пред Јехова, и затоа тој не ги уништил
-
2Ле 32:24-26 — Добриот цар Езекија се вообразил, но Јехова му простил кога се понизил
-
Како тоа што покажуваме понизност ни помага да имаме добри односи со другите?
Еф 4:1, 2; Фп 2:3; Кол 3:12, 13
-
Библиски извештаи:
-
1Мо 33:3, 4 — Јаков покажал извонредна понизност со начинот на кој го поздравил својот брат, Исав, и тоа придонело повторно да бидат во мир еден со друг
-
Су 8:1-3 — Судијата Гедеон понизно им кажал на луѓето од Ефрем дека постигнале повеќе од него, со што придонел да се смират и да не се расправаат повеќе со него
-
Како Исус нѐ поучил колку е важна понизноста?
Мт 18:1-5; 23:11, 12; Мр 10:41-45
-
Библиски извештаи:
-
Иса 53:7; Фп 2:7, 8 — Како што било проречено, Исус понизно ја прифатил својата задача да дојде на Земјата, па дури и да се подложи на болна и понижувачка смрт
-
Лк 14:7-11 — Исус кажал една споредба со места за седење на една гозба за да покаже колку може да биде корисна понизноста
-
Јвн 13:3-17 — Исус им оставил пример на своите следбеници со тоа што направил нешто што обично го правел еден слуга — понизно им ги измил нозете на апостолите
-
Како тоа што ќе стекнеме исправно гледиште за себе и за другите ќе ни помогне да бидеме понизни?
Зошто лажната понизност нема никаква вредност?