Работа
Како се поврзани работата и радоста?
Каква корист ќе имаме ако научиме добро и вешто да извршуваме некоја работа?
-
Библиски извештаи:
-
1Са 16:16-23 — Младиот Давид бил познат како вешт музичар; со неговиот талент му помагал на царот на Израел, кога царот ќе го обземело лошо расположение
-
2Ле 2:13, 14 — Бидејќи Хирам-Ави бил вешт мајстор, цар Соломон го користел во еден голем градежен проект
-
Како какви работници сакаат да бидат познати слугите на Јехова?
-
Библиски извештаи:
-
1Мо 24:10-21 — Ревека направила многу повеќе од она што го побарал слугата на Авраам од неа, и со тоа покажала дека е трудољубива и спремна да помогне
-
Фп 2:19-23 — Апостол Павле му доверил на младиот Тимотеј одговорна задача бидејќи бил спремен понизно и трудољубиво да работи за другите
-
Зошто слугите на Бог треба да се борат против склоноста да бидат мрзливи?
Из 13:4; 18:9; 21:25, 26; Про 10:18
-
Библиски извештај:
-
Из 6:6-11 — Цар Соломон ја зел за пример мравката за да нѐ поучи колку е важно да бидеме трудољубиви и да внимаваме да не бидеме мрзливи
-
Зошто треба да работиме трудољубиво за да се грижиме за нашите потреби?
Зошто треба да работиме трудољубиво за да се грижиме за потребите на членовите на семејството?
-
Библиски извештаи:
-
Рут 1:16, 17; 2:2, 3, 6, 7, 17, 18 — Младата вдовица Рут работела трудољубиво за да се грижи за потребите на својата свекрва, Ноемина
-
Мт 15:4-9 — Исус ги осудил оние што ја користеле службата за Бог како изговор за тоа што не ја исполнувале својата одговорност да се грижат за своите родители
-
Што треба да бидеме спремни да правиме со она што го стекнуваме како резултат на тоа што трудољубиво работиме?
Какво урамнотежено гледиште треба да имаме за парите што ги заработуваме?
Од каде знаеме дека Јехова сака да ни помогне добро да си ја вршиме работата и да се грижиме за нашите материјални потреби?
Мт 6:25, 30-32; Лк 11:2, 3; 2Ко 9:10
-
Библиски извештаи:
-
1Мо 31:3-13 — Лаван постапувал неправедно со Јаков, кој му бил зет и работел за него, но Јехова видел дека Јаков е трудољубив и го благословил
-
1Мо 39:1-6, 20-23 — Јехова ја благословувал работата што ја извршувал Јосиф, и додека служел како роб во куќата на Петефри и додека бил во затвор
-
Зошто работата никогаш не треба да ни стане поважна од службата за Бог?
-
Библиски извештаи:
-
Лк 12:15-21 — Исус кажал споредба за да покаже колку е неразумно да си мислиме дека материјалните работи се поважни од духовното богатство
-
1Ти 6:17-19 — Апостол Павле ги предупредил богатите христијани да не бидат вообразени и ги поттикнал „да се богатат со добри дела“
-
Кои начела треба да нѐ водат кога одлучуваме какво вработување ќе прифатиме?
-
2Мо 20:4; Де 15:29; Еф 4:28; От 21:8 — Дали работата ќе бара од мене да правам нешто што Бог го осудува?
-
2Мо 21:22-24; Иса 2:4; 1Ко 6:9, 10; 2Ко 7:1 — Дали оваа работа поддржува нешто или поттикнува на нешто што Бог го осудува? Ако ја работам, дали ќе останам чист во Божји очи?
-
Ри 13:1-7; Тит 3:1, 2 — Дали работата ќе бара од мене да прекршам некој од законите во државата?
-
2Ко 6:14-16; От 18:2, 4 — Дали со оваа работа ќе станам дел од лажната религија или на некој начин ќе ја поддржувам?