Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Родители

Родители

Кои се некои од причините зошто Јехова го основал бракот?

Како родителите треба да гледаат на своите деца?

Пс 127:3-5; 128:3

Види и „Деца; млади

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 33:4, 5 — Јаков гледал на своите деца како на благослов од Јехова

    • 2Мо 1:15, 16, 22; 2:1-4; 6:20 — Амрам и Јохаведа, родителите на Мојсеј, си го ризикувале животот за да го заштитат

Каква одговорност имаат родителите во однос на своите деца?

5Мо 6:6, 7; 11:18, 19; Из 22:6; 2Ко 12:14; 1Ти 5:8

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 1:1-4 — Елкана го носел своето семејство на празниците во Сило и се погрижил секое од децата да учествува во обожавањето на Јехова

    • Лк 2:39, 41 — Јосиф и Марија, заедно со своите деца, редовно патувале од Назарет до Ерусалим за да ја прослават Пасхата

Зошто е добро родителите да ги поучуваат децата да му бидат послушни на Јехова?

Из 1:8, 9; 22:6

Види и 2Ти 3:14, 15

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 2:18-21, 26; 3:19 — Родителите на Самоил го однеле своето синче да служи во светиот шатор, но редовно го посетувале и се грижеле за неговите потреби; тој пораснал во човек кој го сакал Јехова и верно му служел

    • Лк 2:51, 52 — Исус им бил послушен на родителите иако тие биле несовршени

Каде може родителите да најдат совети за воспитувањето на децата?

5Мо 6:4-9; Еф 6:4; 2Ти 3:14-17

Види и Пс 127:1; Из 16:3

  • Библиски извештаи:

    • Су 13:2-8 — Откако дознал дека жена му ќе роди син, Маној барал од Јехова повеќе совети за тоа како да го воспитуваат детето

    • Пс 78:3-8 — Јехова сака родителите да ги поучуваат своите деца за она што го дознале од Библијата

Дури и ако пораснало во семејство кое го сака Јехова, зошто едно дете сепак можеби ќе одлучи да не му служи на Јехова?

Езе 18:1-13, 20

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 6:1-5; Ју 6 — И покрај тоа што поминале неброени години на небото со Јехова, некои духовни синови на Бог одлучиле да се побунат

    • 1Са 8:1-3 — Иако Самоил бил верен и праведен пророк, неговите синови станале нечесни и примале мито

Кога родителите треба да почнат да ги поучуваат своите деца за Бог?

2Ти 3:15

  • Библиски извештаи:

    • 5Мо 29:10-12, 29; 31:12; Езр 10:1 — Кога се собирале заедно за да учат за Јехова, Израелците ги носеле со себе и децата

    • Лк 2:41-52 — Секоја година, Јосиф и Марија ги носеле своите деца, вклучувајќи го и Исус, во храмот во Ерусалим за да ја прослават Пасхата

Чии примери треба да ги следат родителите за да ги заштитат своите деца од оние што може да им наштетат?

  • Библиски извештаи:

    • 2Мо 19:4; 5Мо 32:11, 12 — Јехова се споредил себеси со еден орел кој ги носи, ги штити и се грижи за своите малечки

    • Иса 49:15 — Јехова ветил дека ќе се грижи за своите слуги и дека ќе ги штити дури и повеќе отколку што една мајка која е полна со сочувство се грижи за своето доенче

    • Мт 2:1-16 — Сатана се обидел да го убие Исус кога бил бебе со тоа што ги водел астролозите до злобниот цар Ирод, но Јехова го заштитил својот Син со тоа што му кажал на Јосиф да се пресели со семејството во Египет

    • Мт 23:37 — Исус ја споредил својата желба да му помага на својот народ со начинот на кој една квачка ги собира и ги штити своите пилиња под крилјата

Зошто родителите треба да разговараат со своите деца за сексуалните односи?

  • Библиски извештаи:

    • 3Мо 15:2, 3, 16, 18, 19; 5Мо 31:10-13 — Во Мојсеевиот закон отворено се зборувало за сексуалните односи, а Јехова сакал и децата да бидат присутни кога Законот се читал на глас

    • Пс 139:13-16 — Псалмистот Давид го фалел Јехова за прекрасниот начин на кој е создадено човечкото тело, вклучувајќи го и репродуктивниот систем

    • Из 2:10-15 — Знаењето и мудроста од Јехова може да нѐ заштитат од оние што се расипани и изопачени

Зошто родителите треба со љубов да ги исправаат своите деца?

Из 13:24; 29:17; Ере 30:11; Еф 6:4

Види и Пс 25:8; 145:9; Кол 3:21

  • Библиски извештаи:

    • Пс 32:1-5 — Иако му било тешко поради тоа што Јехова го казнил, цар Давид почувствувал олеснување кога дознал дека тој им простува на оние што вистински се каат за своите гревови

    • Јон 4:1-11 — Пророкот Јона зборувал налутено и без почит со Јехова; сепак, Јехова стрпливо го поучил за милоста

Зошто може да се каже дека исправката и казната се израз на љубов?