Јехова
Неговото име
Името Јехова според многу изучувачи значи „оној што предизвикува да стане“
Што станува Јехова, или какви улоги презема, за да се грижи за своите слуги?
Зошто најважното нешто е да се посвети Божјето име?
Зошто Јехова, Севишниот Владетел, заслужува да му бидеме послушни?
Некои од титулите на Јехова
Величествен — Ев 1:3; 8:1
Јехова над војските — 1Са 1:11
Карпа — 5Мо 32:4; Иса 26:4
Најголем Учител — Иса 30:20
Севишен — 1Мо 14:18-22; Пс 7:17
Севишен Господар — Иса 25:8; Ам 3:7
Семоќен — 1Мо 17:1; От 19:6
Татко — Мт 6:9; Јвн 5:21
Цар на вечноста — 1Ти 1:17; От 15:3
Некои истакнати особини на Јехова
Како Јехова нагласил дека е свет, и како тоа треба да влијае врз неговите слуги?
2Мо 28:36; 3Мо 19:2; 2Ко 7:1; 1Пе 1:13-16
-
Библиски извештаи:
-
Иса 6:1-8 — Кога видел едно видение за светоста на Јехова, пророкот Исаија се почувствувал недостојно, но еден серафим го потсетил дека дури и грешните луѓе може да бидат чисти во Божји очи
-
Ри 6:12-23; 12:1, 2 — Апостол Павле објаснил како може да се бориме против нашите грешни склоности и да се трудиме да бидеме свети
-
Колку голема моќ има Јехова, и кои се некои начини на кои ја користи?
2Мо 15:3-6; 2Ле 16:9; Иса 40:22, 25, 26, 28-31
-
Библиски извештаи:
-
5Мо 8:12-18 — Пророкот Мојсеј ги потсетил Израелците дека сите добри работи што ги имаат се благодарение на тоа што Јехова ја користи својата сила за да ги благословува
-
1Ца 19:9-14 — Јехова на впечатлив начин му ја покажал својата огромна моќ на потиштениот пророк Илија за да го охрабри
-
Зошто може да имаме потполна доверба во Јеховината правда?
5Мо 32:4; Јов 34:10; 37:23; Пс 37:28; Иса 33:22
-
Библиски извештаи:
-
5Мо 24:16-22 — Како што се гледа од Мојсеевиот закон, Јеховиното чувство за правда е во совршен склад со неговата милост и љубов
-
2Ле 19:4-7 — Цар Јосафат ги потсетил судиите што ги поставил дека треба да судат праведно, бидејќи судат во името на Јехова, а не во името на некој човек
-
Од каде знаеме дека Јехова е најмудрата личност што постои?
Пс 104:24; Из 2:1-8; Ере 10:12; Ри 11:33; 16:27
Види и Пс 139:14; Ере 17:10
-
Библиски извештаи:
-
1Ца 4:29-34 — Јехова го благословил цар Соломон со мудрост која била поголема од мудроста на сите луѓе од негово време
-
Лк 11:31; Јвн 7:14-18 — Исус бил помудар од Соломон; сепак, понизно признал дека Јехова е изворот на неговата мудрост
-
Како Јехова покажал дека љубовта е неговата најистакната особина?
Јвн 3:16; Ри 8:32; 1Јо 4:8-10, 19
-
Библиски извештаи:
-
Мт 10:29-31 — Исус употребил една споредба со врапчиња за да покаже колку многу Јехова го сака и го цени секој свој слуга
-
Мр 1:9-11 — Јехова зборувал со својот Син од небото и му го дал она што секое дете има потреба да го добие од своите родители — признание, љубов и пофалба
-
Од кои други причини го сакаме Јехова? Во Библијата се спомнати и многу други убави особини на Јехова, како на пример:
Величествен — Пс 8:1; 148:13; От 4:1-6
Вечен, без почеток и крај — Пс 90:2; 93:2
Дарежлив — Пс 104:13-15; 145:16
Добар — Лк 6:35; Ри 2:4
Знае сѐ — 2Ле 16:9; Из 15:3
Лојален — От 15:4
Милосрден — 2Мо 34:6
Мирољубив — Фп 4:9
Не се менува; може да имаме доверба во него — Мл 3:6; Јк 1:17
Понизен — Пс 18:35
Праведен — Пс 7:9
Иса 49:15; 63:9; Зх 2:8
Сочувствителен —Среќен — 1Ти 1:11
Стрплив — Иса 30:18; 2Пе 3:9
Кој ќе биде резултатот кога подобро ќе го запознаеме Јехова Бог?
Како да му служиме на Јехова
Што покажува дека Јехова не бара од своите слуги да прават повеќе од она што можат?
-
Библиски извештаи:
-
5Мо 30:11-14 — За Израелците не било претешко да се држат за Законот што им бил даден преку пророкот Мојсеј
-
Мт 11:28-30 — Исус, кој совршено ја одразува личноста на својот Татко, ги уверил своите следбеници дека е добар и обѕирен Господар
-
Зошто треба да го фалиме Јехова?
Види и Ере 20:9; Лк 6:45; Де 4:19, 20
-
Библиски извештаи:
-
Пс 104:1, 2, 10-20, 33, 34 — Псалмистот му пеел фалби на Јехова за многуте работи што ги создал
-
Пс 148:1-14 — Сите материјални созданија и сите ангели го слават Јехова, и затоа и ние треба да го правиме истото
-
Како може со нашето однесување да дадеме сведоштво за Јехова?
Зошто треба да се зближиме со Јехова?
Како понизноста ни помага да се зближиме со Бог?
Како може читањето на Библијата и длабокото размислување да ни помогнат да се зближиме со Јехова?
Зошто е важно да постапуваме во склад со она што го учиме за Јехова?
Зошто никогаш не треба да се обидуваме да скриеме нешто од Јехова?
Јов 34:22; Из 28:13; Ере 23:24; 1Ти 5:24, 25
-
Библиски извештаи:
-
2Ца 5:20-27 — Гиезиј се обидел да го прикрие гревот, но Јехова му ја открил вистината на пророкот Елисеј
-
Де 5:1-11 — Ананија и Сапфира се обиделе да го скријат она што го направиле, но Јехова ги разоткрил и ги казнил бидејќи лажеле
-