4-А
Најважните настани од Исусовиот живот на Земјата — настани пред Исус да започне со својата служба
Четирите евангелија по хронолошки редослед
Следните табели се надополнети со географски карти на кои е означено каде патувал и каде проповедал Исус. Стрелките на картите не го покажуваат патот по кој одел, туку само правецот во кој се движел. Ознаката „о.“ значи „околу“.
Настани пред Исус да започне со својата служба
ВРЕМЕ |
МЕСТО |
НАСТАН |
МАТЕЈ |
МАРКО |
ЛУКА |
ЈОВАН |
---|---|---|---|---|---|---|
3 ПР.Н.Е. |
Ерусалим, храмот |
Ангелот Гавриел му го претскажал на Захарија раѓањето на Јован Крстител |
||||
о. 2 ПР.Н.Е. |
Назарет; Јудеја |
Ангелот Гавриел ѝ го претскажал на Марија раѓањето на Исус; таа ја посетила својата роднина Елисавета |
||||
2 ПР.Н.Е. |
Јудејскиот планински крај |
Се родил Јован Крстител и му било дадено име; Захарија кажал пророштво; Јован требало да живее во пустината |
||||
2 ПР.Н.Е., о. 1 окт. |
Витлеем |
Се родил Исус; „Речта стана тело“ |
||||
Во близина на Витлеем; Витлеем |
Еден ангел им објавил добра вест на овчарите; ангели го славеле Бог; овчарите го посетиле новороденчето |
|||||
Витлеем; Ерусалим |
Исус бил обрежан (8. ден); родителите го однеле во храмот (по 40 дена) |
|||||
1 ПР.Н.Е. или 1 Н.Е. |
Ерусалим; Витлеем; Египет; Назарет |
Посетата на астролозите; семејството избегало во Египет; Ирод ги убил машките деца; семејството се вратило од Египет и се населило во Назарет |
||||
12 Н.Е., Пасха |
Ерусалим |
12-годишниот Исус им поставувал прашања на учителите во храмот |
||||
Назарет |
Се вратил во Назарет; и понатаму им бил послушен на родителите; учел дрводелски занает; Марија одгледала уште четири сина, а и ќерки (Мт 13:55, 56; Мр 6:3) |
|||||
29, пролет |
Пустината, реката Јордан |
Јован Крстител почнал со службата |