Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

5

Пораката на Библијата

Пораката на Библијата

Јехова Бог има право да владее над сѐ што постои. Неговиот начин на владеење е најдобар. Неговата намера со Земјата и човештвото сигурно ќе се исполни.

По 4026 пр.н.е.

„Змијата“ го довела во прашање Јеховиното право да владее и неговиот начин на владеење. Јехова ветил дека ќе дојде „потомство“, односно потомок, кој еден ден ќе ѝ ја смачка главата на змијата, односно Сатана (1. Мојсеева 3:1-5, 15, фуснота). Меѓутоа, Јехова дозволил некое време луѓето да владеат едни над други под влијанието на Сатана.

1943 пр.н.е.

Јехова му кажал на Авраам дека ветениот потомок ќе дојде од неговата лоза (1. Мојсеева 22:18).

По 1070 пр.н.е.

Јехова му ветил на цар Давид, а подоцна и на неговиот син Соломон, дека ветениот потомок ќе се роди во нивната семејна лоза (2. Самоилова 7:12, 16; 1. Царевите 9:3-5; Исаија 9:6, 7).

29 н.е.

Јехова открил дека Исус е ветениот потомок кој ќе го наследи Давидовиот престол (Галатите 3:16; Лука 1:31-33; 3:21, 22).

33 н.е.

Сатана ги навел Божјите непријатели да го убијат Исус и со тоа се исполнил делот од пророштвото кој вели дека Змијата ќе го рани ветениот потомок во петицата. Јехова го воскреснал Исус како духовно суштество на небото. Животот што Исус го жртвувал како совршен човек, Јехова го прифатил како откупнина за грешното човештво. Со тоа им овозможил на потомците на Адам да им бидат простени гревовите и да живеат вечно (1. Мојсеева 3:15; Дела 2:32-36; 1. Коринќаните 15:21, 22).

1914 н.е. или кратко потоа

Исус го исфрлил Сатана од небото на Земјата; на Сатана му преостанало „кратко време“ (Откровение 12:7-9, 12).

Во иднина

Исус ќе го фрли Сатана во бездна, каде што ќе остане 1.000 години, а потоа ќе го уништи или, симболично кажано, ќе му ја смачка главата. Јехова ќе ја исполни својата првобитна намера со Земјата и со човештвото, ќе го отстрани срамот од своето име и ќе докаже дека неговиот начин на владеење е исправен (Откровение 20:1-3, 10; 21:3, 4).