Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Каков избор ќе направиш?

Каков избор ќе направиш?

Поглавје 20

Каков избор ќе направиш?

1, 2. а) Како „добрата вест“ влијае врз милиони луѓе денес? б) Како било претскажано ова глобално собирање?

 РАЈОТ што ќе дојде под Божјето Царство е вест што му е потребна на човештвото. А Исус прорекол дека тоа што ќе им се кажува на луѓето низ целиот свет за „оваа добра вест за Царството“ ќе биде карактеристика на периодот непосредно ‚пред да дојде крајот‘ (Матеј 24:14NW). Денес, милиони Јеховини сведоци го прават токму тоа. Тие ја делат оваа добра вест со други милиони кои се одѕиваат на тој начин што ја проучуваат Библијата и се дружат со нив.

2 Ова огромно глобално образовно дело кое ги собира луѓето од сите нации било претскажано во Библијата. За овие последни денови, Исаииното пророштво рекло: ‚Обожавањето на Јехова ќе биде цврсто втемелено и кон него ќе се слеваат луѓе од сите нации. И Јехова ќе ги поучи за своите патишта, а тие ќе одат по неговите патеки‘ (Исаија 2:2—4NW; види и Исаија 60:22; Захарија 8:20—23).

3. До што доведува пораката за Царството?

3 Објавувањето на Царството ширум светот доведува до една поделба на луѓето. Со еден илустративен јазик Исус претскажал нешто што ќе достигне кулминација во нашево време: „Ќе се соберат пред него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите“. Оние кои соработуваат со намерите на Создателот се идентификувани како овци. За оние кои остануваат независни, се вели дека се како кози. А што се однесува до нивните судбини, Исус рекол дека „овците“ ќе пожнеат „живот вечен“, а „козите“ „вечно одрежување“ (Матеј 25:32—46NW).

Да не ја ,замениме вистината со лага‘

4. а) Што е битно ако сакаме да продолжиме да живееме? б) Според Библијата, како мора да се класифицира теоријата на еволуцијата?

4 За нашата иднина е битно да ги доведеме нашите животи во склад со Божјите намери, бидејќи тој е „изворот на животот“ (Псалм 35:9). Затоа, не треба да се фатиме во стапицата на филозофиите кои се спротивни на реалноста. Римјаните 1:25 зборува за оние кои „ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на созданието повеќе отколку на Создателот“. Како што видовме, теоријата на еволуцијата е спротивна на реалноста, да, всушност „лага“. Заменувањето на фактите за Богот на Создавањето со една таква „лага“, како што наведува Римјаните 1:20, ‚нема изговор‘ кога ќе се земат предвид доказите.

5, 6. а) Од каде, всушност, потекнало верувањето во еволуцијата? б) Зошто станало толку раширено во нашево време? в) Какви треба да бидат нашите чувства во врска со тоа?

5 Не биди изненаден од тоа што во денешно време теоријата на еволуцијата станала толку раширена и покрај доказите против неа. Вистинската порака на ова верување е дека не постои Бог, дека тој е непотребен. Од каде би потекнала една таква огромна лага? Исус го идентификувал изворот кога рекол: „Ѓаволот . . . е лажец и татко на лагата“ (Јован 8:44).

6 Треба да се соочиме со фактот дека теоријата на еволуцијата служи на намерите на Сатана. Тој сака луѓето да го имитираат неговиот правец и правецот на Адам и Ева со тоа што ќе се побунат против Бог. Ова е случај особено сега, бидејќи на Ѓаволот му останува само „малку време“ (Откровение 12:9—12). Така, да веруваш во еволуцијата би значело да ги унапредуваш неговите интереси и да се заслепуваш себеси во поглед на прекрасните намери на Создателот. Тогаш, какви треба да бидат нашите чувства во врска со ова? Ако некој се обиде да нѐ измами во поглед на парите, па дури и во поглед на неколку материјални работи што ги имаме, ние чувствуваме лутина. Треба да чувствуваме уште поголема лутина кон доктрината на еволуцијата и нејзиниот основач, бидејќи намерата е да нѐ измами во поглед на вечниот живот (1. Петрово 5:8).

,Сите ќе мораат да знаат‘

7. Што вели Создателот, што ќе направи во врска со своето постоење и со своето име?

7 Наскоро, секој ќе знае дека навистина постои Создател. Тој објавува: „И сигурно ќе го посветам своето велико име, кое се осквернуваше меѓу народите . . . и народите ќе мораат да знаат дека јас сум Јехова“ (Језекиил 36:23NW). Да, секој ќе мора да знае дека „Јехова е Бог. Тој е оној кој нѐ направил, а не ние самите“ (Псалм 100:3NW).

8. Како наскоро нациите ќе се конфронтираат со Јехова?

8 Народите ќе знаат дека Јехова е Богот на Создавањето кога тој наскоро ќе се конфронтира со нив. Тоа ќе се случи кога ќе му стави крај на бедниот експеримент на луѓето во обидот да бидат независни од Бог. Во тоа време ќе се случи следново: „Од Неговиот гнев трепери земјата, и народите не можат да го издржат Неговото негодување“. „Боговите што не ги направиле небото и земјата ќе исчезнат од земјата и од под небесата“ (Јеремија 10:10, 11; види и Откровение 19:11—21).

9. а) Зошто во Рајот нема да се поучува за еволуцијата? б) Кој показ на Јеховината способност кој влева стравопочитување ќе докаже дека тој ги создал луѓето?

9 Така, во Рајот што ќе дојде, народите, нивните образовни системи и нивните медиуми повеќе нема да постојат. Значи, тогаш нема да се поучува за еволуција. Наместо тоа, како што покажува Исаија 11:9 (NW), „Земјата сигурно ќе биде исполнета со спознанието за Јехова, како што водите го прекриваат самото море“. Секое лице ќе биде поучено присно да го познава Создателот. Тие ќе се воодушевуваат од тоа како тој ги остварувал своите намери во минатото. Ќе ги видат неговите идни дела во Рајот и ќе бидат восхитени од нив. А меѓу делата кои влеваат стравопочитување ќе биде и воскресението. Тоа убедливо ќе покаже дека Бог ги создал луѓето. Зошто? Затоа што неговата способност повторно да создаде милијарди мртви лица сигурно ќе докаже дека можел да ја создаде и првата човечка двојка.

Да се направи избор

10. Со оглед на фактот дека Јехова веќе ја одредил иднината, кои прашања треба да си ги одговориме?

10 Не, иднината нема да биде одредена од некој случаен еволуционен процес. Иднината веќе ја одредил Создателот. Ќе бидат реализирани неговите намери, а не намерите на некој човек или на Ѓаволот (Исаија 46:9—11). Со оглед на ова, прашањата што мора да си ги одговори секој од нас се: Каде стојам јас? Дали сакам да живеам засекогаш во еден праведен Рај? Ако да, дали ги исполнувам Божјите барања за преживување?

11. Чиј пример треба да го следиме ако сакаме да живееме во Рајот?

11 Ако сакаме да живееме засекогаш во Рај, Библијата покажува дека мораме да го следиме примерот на оние кои го почитуваат Создателот, неговите намери и неговите закони. Таа советува: „Чувај ја незлобивоста и пази ја правдата, зашто наследството на таков човек е мир; а безбожниците сите ќе бидат истребени, нивното наследство ќе се затре“ (Псалм 36:37, 38).

12. а) Иако луѓето имаат слобода на избор, што нема Бог да дозволи да продолжи? б) Што ги очекува оние кои го користат својот слободен избор за да му служат на Бог?

12 Бог ни дал слобода да избереме дали ќе му служиме или не. Иако нема да ги присилува луѓето да му бидат послушни, тој нема ниту да допушти злобата, страдањето и неправдата да продолжат во недоглед. Исто така, нема да допушти и понатаму да живее секој оној кој ќе го нарушува мирот и среќата во неговиот Рај што ќе дојде. Затоа сега тој ги повикува луѓето да го употребат својот слободен избор за да му служат. Оние што го прават тоа ќе го видат крајот на овој свет кој не задоволува и тогаш ќе ја имаат огромната радост да помагаат да се преобрази Земјата во Рај (Псалм 36:34).

13. Ако го сакаме „вистинскиот живот“, што треба да правиме?

13 Навистина, многу луѓе не сакаат да се подложат на Јеховините барања. Тоа е нивна одговорност, но и голема загуба (Језекиил 33:9). Сепак, дали ти имаш желба ‚да се држиш цврсто за вистинскиот живот‘ што ќе дојде? (1. Тимотеј 6:19NW). Ако е така, Исус покажал што треба да правиш кога во молитва кон Бог рекол: „Ова значи вечен живот, да примаат спознание за тебе, единствениот вистинит Бог, и за оној кого си го испратил, Исус Христос“ (Јован 17:3NW).

14. Кој мудар правец треба итно да го преземеме?

14 Значи, мудриот правец кој итно треба да го преземеме додека сѐ уште има време е да ја научиме волјата на Создателот и искрено да се трудиме да ја извршуваме. Неговата инспирирана Реч поттикнува: „Додека не настапил денот на јароста Господова. Побарајте го Господа, сите смирени на земјата, вие што ги извршувате законите Негови; побарајте ја правдата, побарајте го смирението; можеби ќе се сокриете во денот на гневот Господен“ (Софонија 2:2, 3).

15. Каков величествен изглед ги очекува кротките лица?

15 Покажи се како таква кротка личност, понизно подложувајќи се на Божјата волја. Ако го правиш тоа, што тогаш? „Светот поминува“, вели Библијата, „а оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека“ (1. Јованово 2:17). Каков само величествен изглед — да живееш засекогаш на една рајска Земја — доколку го направиш исправниот избор!

[Прашања]

[Истакната мисла на страница 247]

Милиони се собираат кон вистинското обожавање на Јехова

[Истакната мисла на страница 248]

Од каде, всушност, потекнала идејата за еволуција?

[Истакната мисла на страница 249]

Наскоро, сите ќе знаат дека постои Создател

[Истакната мисла на страница 249]

Воскресението ќе докаже дека Бог ги создал луѓето

[Истакната мисла на страница 250]

Иднината веќе е одредена

[Истакната мисла на страница 250]

Како ќе ја употребиме нашата слобода на избор?

[Слика на страница 251]

Величествен изглед им претстои на оние кои ќе направат исправен избор