Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

1. ПРАШАЊЕ

Кој е Бог?

Кој е Бог?

„Да се знае дека единствено ти, чие име е Јехова, си Севишен над целата земја!“

Псалм 83:18

„Знајте дека Јехова е Бог. Тој нѐ направи, а не ние самите.“

Псалм 100:3

„Јас сум Јехова. Тоа е моето име, и никому нема да му ја дадам својата слава, ниту на режаните ликови својата фалба.“

Исаија 42:8

„Секој што го повикува името на Јехова, ќе биде спасен.“

Римјаните 10:13

„Секоја куќа некој ја изградил, а Бог е оној што изградил сѐ.“

Евреите 3:4

„Подигнете ги очите угоре и гледајте! Кој го создал тоа? Оној што ја изведува нивната војска според нивниот број и ги вика сите по име. Поради неговата голема моќ и неговата огромна сила не изостанува ниту едно.“

Исаија 40:26