6. ПРАШАЊЕ
Што прорекла Библијата за Месијата?
ПРОРОШТВО
„Ти, Витлееме Ефрато... од тебе ќе ми излезе оној што ќе биде владетел во Израел.“
ИСПОЛНУВАЊЕ
„Кога се роди Исус во јудејски Витлеем, во деновите на цар Ирод, во Ерусалим дојдоа познавачи на ѕвездите од исток.“
ПРОРОШТВО
„Моите алишта ги делат меѓу себе и фрлаат ждрепка за мојата облека.“
ИСПОЛНУВАЊЕ
„Кога војниците го приковаа Исус на столбот, ја зедоа неговата горна облека и ја разделија на четири дела... А ја зедоа и долната облека, која немаше шев, туку целата беше исткаена во едно парче. Затоа си рекоа еден на друг: ‚Да не ја кинеме, туку со ждрепка да одлучиме чија ќе биде‘.“
ПРОРОШТВО
„Тој ги чува сите негови коски, ниту една од нив не е скршена.“
ИСПОЛНУВАЊЕ
„Кога дојдоа до Исус и видоа дека веќе е мртов, не му ги скршија нозете.“
ПРОРОШТВО
„Тој беше прободен за нашиот престап.“
ИСПОЛНУВАЊЕ
„Еден од војниците го прободе со копје во слабината, и веднаш потече крв и вода.“
ПРОРОШТВО
„Ми ја исплатија платата — триесет сребреници.“
ИСПОЛНУВАЊЕ
„Тогаш еден од дванаесеттемина, кој се викаше Јуда Искариот, отиде кај главните свештеници и рече: ‚Што ќе ми дадете за да ви го предадам?‘ Му определија триесет сребреници.“