Божјиот народ се враќа во својата земја
Божјиот народ се враќа во својата земја
ДВА важни планински венци ја опкружуваат висорамнината на која денес се наоѓа Иран — Елбурс (јужно од Каспиското Море) и Загрос (на југоисток, спроти Персискиот Залив). Овие планини се испресечени со долги и плодни долини, а падините им се покриени со шуми. Во долините преовладува умерена клима, но на повисоките, суви и ветровити висорамнини, зимите се многу студени. Во близина се наоѓа и ретко населениот пустински дел на висорамнината. На ова подрачје, источно од Месопотамија, настанало Медо-персиското Царство.
Медијците главно живееле во северниот дел на висорамнината, иако подоцна се прошириле во Ерменија и Киликија. Персијците, пак, живееле во југозападниот дел на висорамнината, источно од долината на Тигар. Под власта на Кир, во средината на шестиот век пр.н.е., овие две царства се обединиле, создавајќи ја Медо-персиската светска сила.
Кир го освоил Вавилон во 539 година пр.н.е. Неговото царство се протегало на исток до Индија, а на запад ги опфаќало Египет и денешна Турција. Даниел со право го опишал Медо-персиското Царство како лакома „мечка“ која ,јадела многу месо‘ (Да 7:5). Кир воспоставил човечна, толерантна влада. Царството го поделил на покраини. Со секоја покраина владеел сатрап, кој обично бил Персиец. Сепак, одредена власт имал и владетел од тоа подрачје, иако му бил подреден на сатрапот. Различните народи кои живееле во царството биле поттикнувани да си ги задржат своите обичаи и својата религија.
Бидејќи доследно ја спроведувал ваквата политика, Кир им дозволил на Евреите да се вратат во Ерусалим за да го обноват обожавањето на вистинскиот Бог и повторно да го изградат градот, нешто за кое зборуваат Езра и Неемија. Што мислиш, дали таа голема група луѓе се вратиле по патот по кој одел Авраам, односно покрај Еуфрат кон Кархемис, или можеби оделе по пократкиот пат преку Тадмор и Дамаск? Библијата не ни кажува. (Види ги страниците 6 и 7.) Со текот на времето, некои Евреи се населиле и во други делови на царството, како што е делтата на Нил, па дури и појужно. Прилично голем број Евреи останале во Вавилон, и тоа веројатно е причината зошто апостол Петар отишол во Вавилон неколку века подоцна (1Пе 5:13). За време на Грчкото и на Римското Царство, кои се појавиле подоцна, Евреите биле расеани на многу места, а за тоа во голема мера придонело Медо-персиското Царство.
Откако го освоиле Вавилон, Медоперсијците го користеле овој град, во кој летата биле многу жешки, како административен центар. Суза, поранешната престолнина на Елам, исто така била еден од царските градови. Подоцна таму персискиот цар Ахасвер (најверојатно Ксеркс I) ја прогласил Естира за своја царица и го осуетил заговорот, чија цел била да се истреби Божјиот народ во тоа огромно царство. Други две медоперсиски престолнини биле Екбатана (се наоѓала на преку 1.900 метри надморска височина и имала многу пријатни лета) и Пасаргада (на истата надморска височина, околу 650 километри на југоисток).
Како ѝ дошол крајот на оваа светска сила? Во зенитот на својата моќ, Медо-Персија решила да ги задуши востанијата на северозападните граници, кои биле разгорувани од Грците. Грција тогаш била поделена на меѓусебно завојувани градови-држави, но тие се здружиле за да ги поразат персиските војски во решавачките битки кај Маратон и Саламис. Така ѝ бил отворен патот на обединета Грција за превласт над Медо-Персија.
[Рамка на страница 25]
Под водството на Зоровавел, скоро 50.000 Израелци тргнале за Ерусалим на пат долг 880 до 1.600 километри (во зависност од рутата по кој оделе). Таму се соочиле со многу тешка економска ситуација. Нивната земја лежела опустошена седум децении. Повратниците почнале да го обновуваат обожавањето на вистинскиот Бог со тоа што повторно го изградиле жртвеникот и му принеле жртви на Јехова. Есента 537 година пр.н.е. го прославиле Празникот на сениците (Ере 25:11; 29:10). Потоа го положиле темелот на Јеховиниот дом.
[Рамка на страница 25]
БИБЛИСКИ КНИГИ ОД ОВОЈ ПЕРИОД:
Даниел
Агеј
Захарија
Естира
Псалми (дел)
1. и 2. Летописи
Езра
Неемија
Малахија
[Карта на страница 24]
(Види во публикацијата)
Медо-персиско Царство
А2 МАКЕДОНИЈА
А2 ТРАКИЈА
А4 Киринија
А4 ЛИБИЈА
Б2 Византија
Б2 ЛИДИЈА
Б3 Сард
Б4 Мемфис (Ноф)
Б4 ЕГИПЕТ
Б5 Но-Амон (Теба)
Б5 Сиена
В3 КИЛИКИЈА
В3 Тарс
В3 Ис
В3 Кархемис
В3 Тадмор
В3 СИРИЈА
В3 Сидон
В3 Дамаск
В3 Тир
В4 Ерусалим
Г2 Фазис
Г2 ЕРМЕНИЈА
Г3 АСИРИЈА
Г3 Ниневија
Г4 Вавилон
Д3 МЕДИЈА
Д3 Екбатана (Ахмета)
Д3 ХИРКАНИЈА
Д4 Суза (Суса)
Д4 ЕЛАМ
Д4 Пасаргада
Д4 Персеполис
Д4 ПЕРСИЈА
Ѓ3 ПАРТИЈА
Ѓ4 ДРАНГИЈАНА
Е2 Мараканда (Самарканд)
Е3 СОГДИЈАНА
Е3 БАКТРИЈА
Е3 АРИЈА
Е4 АРАХОЗИЈА
Е4 ГЕДРОЗИЈА
Ж5 ИНДИЈА
[Други места]
А2 ГРЦИЈА
А3 Маратон
А3 Атина
А3 Саламис
В1 СКИТИЈА
В4 Елат (Елот)
В4 Тема
Г4 АРАБИЈА
[Планини]
Д3 ЕЛБУРС
Д4 ЗАГРОС
[Мориња]
Б3 Средоземно Море (Големо Море)
В2 Црно Море
В5 Црвено Море
Д2 Касписко Море
Д4 Персиски Залив
[Реки]
Б4 Нил
В3 Еуфрат
Г3 Тигар
Ж4 Инд
[Слика на страница 24]
Трупите на Кир морале да го преминат планинскиот венец Загрос за да стигнат до Вавилон
[Слика на страница 25]
Горе: „Портата на сите народи“ кај Персеполис.
[Слика на страница 25]
Помалата слика: Гробницата на Кир во Пасаргада