Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Ерусалим и Соломоновиот храм

Ерусалим и Соломоновиот храм

Ерусалим и Соломоновиот храм

ГО НАРЕКУВАЛЕ ,совршенство на убавината‘ и ,град на Великиот Цар‘ (Пс 48:2; 50:2; Пл 2:15). Ерусалим бил престолнина на Божјиот народ (Пс 76:2). Откако Давид го зазел градот на Евусејците и го направил своја престолнина, бил наречен „Давидовиот град“ или само „Сион“ (2Са 5:7).

Иако не се наоѓал на стратешки важно место, Ерусалим стекнал слава бидејќи Бог избрал неговото име да престојува во него (5Мо 26:2). Тој бил верски и административен центар на целиот народ.

Ерусалим се наоѓа на 750 метри надморска височина во средишниот дел на јудејските планини. Библијата зборува за неговата „возвишеност“ и за тоа дека обожавателите ,се искачувале‘ за да стигнат во него (Пс 48:2; 122:3, 4). Древниот град бил опкружен со долини: долината на Еном на запад и на југ и долината на Кедрон на исток (2Ца 23:10; Ере 31:40). Градот се снабдувал со вода за пиење од изворот Гион a во долината на Кедрон и од изворот Ен-Рогел на југ, и ова било од особено голема важност при непријателските напади (2Са 17:17).

На  цртежот на 21. страница, Давидовиот град е означен со црвена боја. Во текот на владеењето на Давид и Соломон, градот се проширил на север и ги опфаќал Офел (зелено) и ридот Морија (сино) (2Са 5:7-9; 24:16-25). Соломон му изградил величествен храм на Јехова на тој дел од ридот. Замисли како за годишните празници се слевале мноштва обожаватели кон „гората на Јехова“! (Зх 8:3). Патната мрежа, која е прикажана на 17. страница, го овозможувала таквото патување.

Соломоновиот храм, украсен со злато и скапоцени камења, е една од најскапите градби што некогаш биле изградени. Што е уште поважно, Јехова бил тој што го направил неговиот градежен план. Како што се гледа од сликата, храмот бил опкружен со голем двор и со административни згради. Сигурно вреди да го проучиме детално тој храм (1Ца 6:1—7:51; 1Ле 28:11-19; Ев 9:23, 24).

[Фуснота]

a Цар Езекија го затрупал овој извор и ископал тунел од изворот до едно езерце на западната страна (2Ле 32:4, 30).

[Рамка на страница 21]

Со текот на времето Ерусалим се проширил на запад и на север. Јудејските цареви по Соломон изградиле и други ѕидови и порти. Археолошките истражувања кои се во тек би можеле да ја расветлат точната положба и должина на некои делови од ѕидовите. Градот бил уништен во 607 година пр.н.е. и лежел опустошен 70 години. Околу 80 години по враќањето на Евреите Неемија се зафатил со опсежно обновување на ерусалимските ѕидови.

 [Графикон/слика на страница 21]

(Види во публикацијата)

Ерусалим/Соломоновиот храм

ПОДРАЧЈЕТО НА ХРАМОТ ВО ВРЕМЕТО НА СОЛОМОН

Делови на храмот

1. Светиња над светињите

2. Светиња

3. Предворје

4. Воас

5. Јахин

6. Бакарен жртвеник

7. Излеано море

8. Колички

9. Странични соби

10. Трпезарии

11. Внатрешен двор

ПОДРАЧЈЕ НА ХРАМОТ

Морија

Трпезарии

Колички

 

Странични соби

Светиња над Воас

светињите Светиња Предворје Бакарен Внатрешен

Јахин жртвеник двор

 

Колички Излеано

море

 

Офел

Плоштад?

Водна Порта?

ДАВИДОВ ГРАД

Сион

Давидова палата

Изворска Порта

Ѕидот на Манасија?

Кула на Ананел

Кула Меја

Овча Порта

Стражарска Порта

Надгледувачка Порта

Коњска Порта

ДОЛИНА НА КЕДРОН

Понизок ѕид?

Гион

Тунел за вода направен подоцна

ТИРОПОЕНСКА ДОЛИНА

Порта на Буништето (Порта на грнчарските отпадоци; Гнојна Порта)

Ен-Рогел

Долинска Порта

ДОЛИНА НА ЕНОМ

Аголна Порта

Кула на Фурните

Широк Ѕид

Ефремова Порта

Плоштад

Порта на Стариот град

Првобитен северен ѕид

ВТОР КВАРТ

Рибна Порта

[Слика]

Офел

Куќата на фараоновата ќерка

Соломоновата палата

Куќата наречена Ливанска шума

Тремот од столбови

Престолниот трем

Морија

Големиот двор

Храмот

[Слика на страница 20]

Во преден план е подрачјето каде што се наоѓал „Давидовиот град“. Храмот се наоѓал на рамниот дел (во заднина)

[Слика на страница 20]

Компјутерски приказ на древниот ,Давидов град‘ и на Соломоновиот храм