Ерусалим и храмот во времето на Исус
Ерусалим и храмот во времето на Исус
НАБРГУ по неговото раѓање, Јосиф и Марија го одвеле Исус во градот каде што неговиот небесен Татко го утврдил своето име, во Ерусалим (Лк 2:22-39). Кога имал 12 години, Исус повторно бил таму бидејќи дошол за празникот Пасха. Со својата остроумност ги воодушевил учителите во храмот (Лк 2:41-51). На тој храм, кој бил дел од градежната програма на Ирод Велики, се работело „четириесет и шест години“ (Јвн 2:20).
Во текот на својата служба, Исус присуствувал на празниците во Ерусалим, каде што често ги поучувал мноштвата. Двапати ги истерал од храмскиот двор менувачите на пари и трговците (Мт 21:12; Јвн 2:13-16).
Северно од храмот, кај езерцето Витезда, Исус излекувал еден човек, кој боледувал 38 години. Божјиот Син му го вратил и видот на еден слеп човек, велејќи му да се измие во езерцето Силоам, кое се наоѓало во јужниот дел на градот (Јвн 5:1-15; 9:1, 7, 11).
Исус често ги посетувал своите пријатели Лазар, Марија и Марта во Витанија, која била на „околу 3 километри“ источно од Ерусалим (Јвн 11:1, 18, фуснота; 12:1-11; Лк 10:38-42; 19:29; види „Подрачјето на Ерусалим“, страница 18). Неколку дена пред својата смрт, Исус влегол во Ерусалим доаѓајќи од Маслинската Гора. Замисли си го како застанал, погледнал на запад кон градот и заплакал над него (Лк 19:37-44). Веројатно сликата што ја гледал била слична на онаа што можеш да ја видиш на следната страница. Потоа влегол во Ерусалим на прле, веројатно низ една од градските порти на источната страна. Мноштво луѓе радосно го поздравиле како иден цар на Израел (Мт 21:9-12).
Некои важни настани кои ѝ претходеле на Исусовата смрт се одиграле на различни места во Ерусалим или околу него: градината Гетсиманија, каде што Исус се молел, салата на Судскиот совет, куќата на Кајафа, палатата на управителот Пилат и, на крајот, Голгота (Мр 14:32, 53—15:1, 16, 22; Јвн 18:1, 13, 24, 28).
По своето воскресение, Исус се појавувал во Ерусалим и во неговата околина (Лк 24:1-49). Потоа се вознел на небото од Маслинската Гора (Де 1:6-12).
[Графикон на страница 31]
(Види во публикацијата)
Ерусалим/храмот на Ирод
Делови на храмот
1. Светиња над светињите
2. Светиња
3. Жртвеник за жртви паленици
4. Излеано море
5. Двор на свештениците
6. Двор на Израел
7. Двор на жените
8. Двор на незнабошците
9. Преграден ѕид (Сорег)
10. Царски трем
11. Соломонов трем
ХРАМОТ
Порта
Двор на свештениците
Порта
Светиња над Жртвеник
светињите Светиња за жртви Двор на Двор на
паленици Израел жените
Излеано
море
Порта Соломонов
Преграден ѕид (Сорег) трем
Двор на незнабошците
Порта
Царски трем
Порти
Кула Антонија
Мост
Салата на Судскиот совет?
ТИРОПОЕНСКА ДОЛИНА
Езерце Силоам
Римски водовод
Куќата на Кајафа?
Палатата на управителот
Голгота?
Голгота?
Езерце Витезда
Градината Гетсиманија?
МАСЛИНСКА ГОРА
ДОЛИНА НА КЕДРОН
Изворот Гион
Ен-Рогел
ДОЛИНА НА ЕНОМ (ГЕЕНА)
[Слики на страница 30]
Поглед на исток кон денешен Ерусалим: А) подрачјето на храмот, Б) Гетсиманија, В) Маслинска Гора, Г) Јудејска Пустина, Д) Мртво Море
[Слика на страница 31]
Поглед на запад од Маслинската Гора во времето на Исус