Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Израел во деновите на Давид и Соломон

Израел во деновите на Давид и Соломон

Израел во деновите на Давид и Соломон

БОГ ветил дека на потомството на Аврам ќе му ја даде земјата „од реката Египет до... реката Еуфрат“ (1Мо 15:18; 2Мо 23:31; 5Мо 1:7, 8; 11:24). Откако Исус Навин влегол во Ханаан, требало да поминат околу четири века пред Ветената земја да се прошири до тие граници.

Цар Давид го победил арамејското царство на Сова, кое се протегало сѐ до Еуфрат во северна Сирија. a Тој успешно се борел и против Филистејците на југ, и така стигнал до границата со Египет (2Са 8:3; 1Ле 18:1-3; 20:4-8; 2Ле 9:26).

Така Соломон владеел „од Реката [Еуфрат] до филистејската земја и до египетската граница“, а неговото владеење било претслика на мирољубивото владеење на Месијата (1Ца 4:21-25; 8:65; 1Ле 13:5; Пс 72:8; Зх 9:10). Сепак, обично се велело дека Израел се протегал „од Дан до Вирсавеја“ (2Са 3:10; 2Ле 30:5).

Цар Соломон не го послушал Бог и набавил многу коњи и бојни коли (5Мо 17:16; 2Ле 9:25). Со нив можел да патува по целата мрежа од главни и споредни патишта низ земјата (ИсН 2:22; 1Ца 11:29; Иса 7:3; Мт 8:28). Детални податоци имаме само за некои од нив како, на пример, за „патот што води од Ветил во Сихем и јужно од Левона“ (Су 5:6; 21:19).

Во книгата Главните и споредните патишта во древниот Израел (The Roads and Highways of Ancient Israel) стои: „Најголема тешкотија во истражувањето на патната мрежа на древниот Израел претставува тоа што денес не останале јасно препознатливи траги од патиштата во времето на Стариот завет, бидејќи тогаш тие не биле поплочувани“. Сепак, топографијата и археолошките ископини на некои градови укажуваат на тоа дека постоела разгранета мрежа од патишта.

Патиштата честопати играле важна улога во движењето на војските (1Са 13:17, 18; 2Ца 3:5-8). За да го нападнат Израел, Филистејците тргнале од Екрон и Гат и дошле до подрачјето „меѓу Сохо и Азика“. Војската на Саул ги дочекала „во рамницата Ила“. Откако Давид го убил Голијат, Филистејците побегнале во Гат и Екрон, а Давид отишол во Ерусалим (1Са 17:1-54).

Лахис (Г10), Азика (Г9) и Вет-Семес (Г9) се наоѓале на природно оформени, проодни патишта кои поминувале низ Шефела и воделе кон јудејските планини. Затоа тие градови играле клучна улога за да можат Израелците да ги спречат непријателите, кои се движеле по Виа Марис, да навлезат во средишниот дел на Израел (1Са 6:9, 12; 2Ца 18:13-17).

[Фуснота]

a Територијата на Рувим опфаќала и дел од Сириската Пустина, на чиј источен раб течел Еуфрат (1Ле 5:9, 10).

[Рамка на страница 16]

БИБЛИСКИ КНИГИ ОД ОВОЈ ПЕРИОД:

1. и 2. Самоилова

Псалми (дел)

Изреки (дел)

Песна над песните

Проповедник

[Карти на страница 17]

(Види во публикацијата)

Територии и патишта во времето на обединетото царство

Граници (во времето на Соломон)

Тифса

Емат

Тадмор

Верота (Хун?)

Сидон

Дамаск

Тир

Дан

Ерусалим

Газа

Ароир

Вирсавеја

Тамара

Есион-Гавер

Елат (Елот)

[Реки и потоци]

Еуфрат

Египет

Давид и Соломон (патишта)

Б10 Газа

В8 Јопа

В9 Азот

В10 Аскалон

В11 Сиклаг

В12 ПУСТИНА ФАРАН

Г5 Дор

Г6 Офер

Г8 Афек

Г8 Рама

Г9 Салвим

Г9 Гезер

Г9 Макас

Г9 Екрон

Г9 Вет-Семес

Г9 Гат

Г9 Азика

Г10 Сохо

Г10 Адолам

Г10 Кеила

Г10 Лахис

Г11 Јатир

Г12 Вирсавеја

Д2 Тир

Д4 Кавул

Д5 Јокнеам (Јокмеам?)

Д5 Мегидо

Д6 Танах

Д6 Арувот

Д7 Фаратон

Д8 Левона

Д8 Сарида

Д8 Ветил

Д9 Долни Вет-Орон

Д9 Горни Вет-Орон

Д9 Гева

Д9 Гаваон

Д9 Гаваја

Д9 Киријат-Јарим

Д9 Нов

Д9 Ваал-Ферасим

Д9 Ерусалим

Д9 Витлеем

Д10 Текоја

Д10 Хеврон

Д11 Зиф

Д11 Орес?

Д11 Кармил

Д11 Маон

Д11 Естемоја

Ѓ5 Ен-Дор

Ѓ5 Сунам

Ѓ5 Језраел

Ѓ6 Вет-Син

Ѓ7 Терса

Ѓ7 Сихем

Ѓ8 Сартан

Ѓ8 Сило

Ѓ8 Офра?

Ѓ9 Ерихон

Ѓ11 Ен-Геди

Е2 Авел-Вет-Маха

Е2 Дан

Е3 Асор

Е3 МААХА

Е5 Ло-Девар (Девир)

Е5 Рогелим

Е6 Авел-Мехол

Е7 Сокот

Е7 Маханаим

Ж1 СИРИЈА

Ж4 ГЕСУР

Ж6 Рамот-Галад

Ж8 Рава

Ж9 Медева

Ж11 Ароир

Ж12 МОАВ

З4 Хелам?

З9 АМОН

[Главни патишта]

В10 Виа Марис

Ж6 Царски пат

[Планини]

Ѓ5 Гелвуја

[Мориња]

В8 Средоземно Море (Големо Море)

Ѓ10 Солено Море (Мртво Море)

Е4 Галилејско Море

[Извор или бунар]

Д9 Ен-Рогел

[Слики на страница 16]

Десно: Долината Ила, со поглед на исток кон јудејските планини

Долу: Мрежата од патишта овозможувала да се патува низ Ветената земја