Израел и околните народи
Израел и околните народи
ЈЕХОВА му рекол на Авраам: ‚Оди од Ур во Месопотамија, во земјата што ќе ти ја покажам‘. Таа земја била населена и опколена со други народи (1Мо 12:1-3; 15:17-21).
Кога излегувал од Египет, Божјиот народ знаел дека може да наиде на отпор од непријателите, како што биле „силниците на Моав“ (2Мо 15:14, 15). Амаличаните, Моавците, Амонците и Аморејците живееле на подрачјата низ кои требало да поминат Израелците за да стигнат до Ветената земја (4Мо 21:11-13; 5Мо 2:17-33; 23:3, 4). Израелците требало да наидат и на други непријателски народи во земјата која им ја ветил Бог.
Бог им рекол на Израелците да ‚истераат‘ седум „големи народи“ — Хетејците, Гергесејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците — народи кои заслужувале да бидат уништени. Тие биле расипани во морален и во религиозен поглед. Нивни богови, меѓу другите, биле Ваал (познат по камените столбови во облик на фалус), Молох (кому му жртвувале деца) и божицата на плодноста Астарта (5Мо 7:1-4; 12:31; 2Мо 23:23; 3Мо 18:21-25; 20:2-5; Су 2:11-14; Пс 106:37, 38).
Понекогаш целото подрачје кое Бог му го дал на Израел се нарекувало „Ханаан“ — од местото северно од Сидон до „долината на реката Египет“ (4Мо 13:2, 21; 34:2-12; 1Мо 10:19). На други места, Библијата спомнува по име различни народи, градови-држави или племиња што живееле во таа земја. Некои заземале одредена територија како, на пример, Филистејците, кои живееле на брегот, или Евусејците, кои живееле на планините во близина на Ерусалим (4Мо 13:29; ИсН 13:3). Други, со текот на времето, го менувале местото на живеење, односно територијата (1Мо 34:1, 2; 49:30; ИсН 1:4; 11:3; Су 1:16, 23-26).
Во времето кога Израелците излегле од Египет, веројатно Аморејците биле главното племе a (5Мо 1:19-21; ИсН 24:15). Тие ја освоиле територијата на Моав дури до долината на реката Арнон, иако подрачјето спроти Ерихон и понатаму се нарекувало ‚моавски рамници‘. Аморејски цареви владееле и во Васан и Галад (4Мо 21:21-23, 33-35; 22:1; 33:46-51).
Иако имале поддршка од Бог да го сторат тоа, Израелците не ги протерале сите тие народи што ги осудил тој и, со текот на времето, паднале во нивната замка (4Мо 33:55; ИсН 23:13; Су 2:3; 3:5, 6; 2Ца 21:11). Така Израелците станале нивна жртва и покрај предупредувањето што им било дадено: „Не одете по други богови, по боговите на народите што се околу вас“ (5Мо 6:14; 13:7).
[Фуснота]
a Зборот „Аморејци“, исто како и „Ханаанци“, може да се користи во колективна смисла, означувајќи ги сите народи во таа земја, а може да се однесува и само на едно одредено племе (1Мо 15:16; 48:22).
[Карта на страница 11]
(Види во публикацијата)
Народи кои требало да бидат протерани од Ветената земја
ФИЛИСТЕЈА (Д8)
В8 Аскалон
В9 Газа
Г8 Азот
Г8 Гат
Г9 Герар
ХАНААН (Г8)
Б10 АМАЛИЧАНИ
В12 Хасар-Адар (Адар?)
В12 Кадис (Кадис-Варни)
Г8 Лахис
Г9 Вирсавеја
Г10 АМОРЕЈЦИ
Г11 НЕГЕВ
Д4 Дор
Д5 Мегидо
Д5 Танах
Д6 Афек
Д6 ЕВЕЈЦИ
Д7 ЕВУСЕЈЦИ
Д8 Вет-Семес
Д8 Хеврон (Киријат-Арва)
Д9 ХЕТЕЈЦИ
Д9 Девир
Д10 Арад (ханаански)
Д10 КЕНЕЈЦИ
Д11 Акравим
Ѓ4 ГЕРГЕСЕЈЦИ
Ѓ6 Сихем
Ѓ7 ФЕРЕЗЕЈЦИ
Ѓ7 Гилгал
Ѓ7 Ерихон
Ѓ8 Ерусалим
Е2 ЕВЕЈЦИ
Е2 Дан (Лаиш)
Е3 Асор
ФЕНИКИЈА (Ѓ2)
Д2 Тир
Ѓ1 Сидон
ЕДОМ (Ѓ12)
Ѓ11 СЕИР
Е11 Восор
АМОРЕЈЦИ (СИХОН) (Е8)
Е6 ГАЛАД
Е7 Ситим
Е7 Есевон
Е9 Ароир
СИРИЈА (Ж1)
Е1 Ваал-Гад
Е2 ЕВЕЈЦИ
З1 Дамаск
МОАВ (Ж10)
АМОРЕЈЦИ (ОГ) (З5)
Е6 ГАЛАД
Ж3 ВАСАН
Ж4 Астарот
Ж4 Едреј
АМОН (З7)
Ж7 Рава
[Пустини]
Ж12 АРАПСКА ПУСТИНА
[Планини]
Д4 Кармил
Д11 Хор
Е1 Хермон
Е8 Нево
[Мориња]
В6 Средоземно Море (Големо Море)
Ѓ9 Солено Море
Е4 Галилејско Море
[Реки и потоци]
Б11 Египет
Ѓ6 Јордан
Е6 Јавок
Е9 Арнон
Е11 Заред
[Слики на страница 10]
Десно: Во Васан, кој бил познат по крупната и ситната стока, владеел аморејскиот цар Ог
Долу: Моав, поглед на јудејската пустина преку Соленото Море
[Слика на страница 11]
Јехова им заповедал на Израелците да ги протераат народите што обожавале лажни богови, како Ваал, Молох и божицата на плодноста Астарта (на сликата)