Исус во „еврејската земја“
Исус во „еврејската земја“
КОГА му сведочел на Корнелиј, апостол Петар спомнал што направил Исус „во еврејската земја и во Ерусалим“ (Де 10:39). Што мислиш, кои подрачја ги опфатил Исус во својата служба, која била од историско значење?
„Еврејската земја“ ја опфаќала Јудеја, каде што Исус извршил еден дел од Божјето дело (Лк 4:44). Откако се крстил, Исус поминал 40 дена во Јудејската Пустина, која е прилично суво и пусто подрачје каде што често се задржувале бунтовници и разбојници (Лк 10:30). Подоцна, Исус патувал на север од Јудеја кога ѝ сведочел на една Самарјанка во близина на Сихар (Јвн 4:3-7).
Од евангелијата можеме да видиме дека Исус проповедал главно во Галилеја. Иако за годишните празници одел на југ во Ерусалим, поголемиот дел од првите две години од својата служба ги поминал во северниот дел на Ветената земја (Јвн 7:2-10; 10:22, 23). Така, на пример, изнел повеќе познати учења и направил извонредни чуда на Галилејското Море или во неговата близина. Сигурно се сеќаваш дека ги смирил неговите разбранувани води, па дури и одел по водата. Бил во чамец додека им проповедал на мноштвата на песочните брегови на тоа море. Неговите први, блиски следбеници биле од околните рибарски и земјоделски места (Мр 3:7-12; 4:35-41; Лк 5:1-11; Јвн 6:16-21; 21:1-19).
Појдовна точка на службата што ја вршел Исус во Галилеја бил крајбрежниот град Капернаум, ,неговиот град‘ (Мт 9:1). Исус се наоѓал на падините на една блиска планина кога ја одржал својата позната Проповед на гората. Понекогаш патувал со чамец од подрачјето на Капернаум до Магадан, до Витсаида или до други места во близина.
Можеш да забележиш дека ,неговиот град‘ не бил многу далеку од Назарет, каде што Исус пораснал, од Кана, каде што ја претворил водата во вино, од Наин, каде што го воскреснал синот на една вдовица, и од Витсаида, каде што со чудо нахранил 5.000 мажи и му го вратил видот на еден слеп човек.
По Пасхата во 32 година од н.е., Исус отишол на север кон феникиските пристаништа Тир и Сидон. Потоа ја проширил својата служба во некои од десетте хеленизирани градови наречени Декаполис. Тој се наоѓал во близината на Цезареја Филипова (Ѓ2) кога Петар јавно изјавил дека Исус е Месијата, а кратко потоа се одиграло преобразувањето, можеби на планината Хермон. Потоа Исус проповедал во областа Переја, од другата страна на Јордан (Мр 7:24-37; 8:27—9:2; 10:1; Лк 13:22, 33).
Последната седмица од својот живот на Земјата Исус ја поминал со своите ученици во Ерусалим, ,градот на великиот Цар‘, и во неговата близина (Мт 5:35). На картата можеш да ги најдеш блиските места, кои се спомнуваат во евангелијата, како што се: Емаус, Витанија, Витфага и Витлеем (Лк 2:4; 19:29; 24:13; види ја и помалата карта „Подрачјето на Ерусалим“ на 18. страница).
[Карта на страница 29]
(Види во публикацијата)
Ветената земја (во времето на Исус)
Еврејската земја во времето на Исус
Градови на Декаполис
Д5 Хипос
Д6 Пела
Д6 Скитополис
Ѓ5 Гадара
Ѓ7 Гераса
Е5 Дион
Е9 Филаделфија
Ж1 Дамаск
Ж4 Рафана
З5 Каната
Главни патишта (Види во публикацијата)
Најпрометниот пат помеѓу Галилеја и Ерусалим (Види во публикацијата)
Спореден пат помеѓу Галилеја и Ерусалим низ Переја (Види во публикацијата)
А11 Газа
Б6 Цезареја
Б8 Јопа
Б9 Лида
Б12 Вирсавеја
В4 Птолемаида
В8 САМАРИЈА
В8 Антипатрида
В8 Ариматеја
В9 Емаус
В10 ЈУДЕЈА
В11 Хеврон
В12 ИДУМЕЈА
Г1 Сидон
Г2 Тир
Г3 ФЕНИКИЈА
Г4 ГАЛИЛЕЈА
Г4 Кана
Г5 Сепфор
Г5 Назарет
Г5 Наин
Г7 Самарија
Г7 Сихар
Г9 Ефрем
Г9 Витфага
Г9 Ерусалим
Г9 Витанија
Г10 Витлеем
Г10 Иродион
Г10 ЈУДЕЈСКА ПУСТИНА
Г12 Масада
Д4 Хоразин
Д4 Витсаида
Д4 Капернаум
Д4 Магадан
Д5 Тиверијада
Д5 Хипос
Д6 Витанија? (од онаа страна на Јордан)
Д6 Скитополис
Д6 Пела
Д6 Салим
Д6 Енон
Д9 Ерихон
Ѓ1 АВИЛИНИЈА
Ѓ2 Цезареја Филипова
Ѓ4 Гамала
Ѓ5 Авила?
Ѓ5 Гадара
Ѓ7 ПЕРЕЈА
Ѓ7 Гераса
Е3 ИТУРЕЈА
Е5 Дион
Е6 ДЕКАПОЛИС
Е9 Филаделфија
Ж1 Дамаск
Ж3 ТРАХОНИТИДА
Ж4 Рафана
Ж12 АРАБИЈА
З5 Каната
[Планини]
Г7 Евал
Г7 Гаризим
Ѓ2 Хермон
[Мориња]
Б6 Средоземно Море (Големо Море)
Д4 Галилејско Море
Д10 Солено Море (Мртво Море)
[Реки]
Д7 Јордан
[Извори и бунари]
Г7 Бунарот на Јаков
[Слика на страница 28]
Галилејско Море. Капернаум е лево во преден план. Поглед на југозапад преку генисаретската рамница
[Слика на страница 28]
Самарјаните го обожавале Бог на планината Гаризим. Планината Евал е во заднина