Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

,Кога Јехова им подигаше судии‘

,Кога Јехова им подигаше судии‘

,Кога Јехова им подигаше судии‘

НА КАРТАТА можеш лесно да ја најдеш планината Тавор (Ѓ4) — југозападно од Галилејското Море, во Језраелската Долина. Обиди се да си замислиш војска од 10.000 луѓе, собрани на врвот на планината. Јехова ги употребил судијата Варак и пророчицата Девора да ги соберат Израелците против ханаанскиот цар Јавин, кој 20 години го угнетувал израелскиот народ. Под водство на воениот заповедник Сисара, во сувото корито на Кисон, меѓу Мегидо и планината Тавор, дошле од Аросет 900-те бојни коли на Јавин, опремени со опасни железни српови.

Судијата Варак ги повел Израелците во долината за да се борат со војската на Сисара. Јехова им ја загарантирал победата со тоа што пуштил пороен дожд. Бојните коли на Сисара заглибиле во калта, и Ханаанците ги фатила паника (Су 4:1—5:31). Тоа било само една од многуте победи кои Бог им ги дал на Израелците во периодот на судиите.

По освојувањето на Ханаан, земјата им била поделена на израелските племиња. Погледни каде се населиле не-левитските племиња. Малото племе на Симеон добило градови на подрачјето на Јуда. По смртта на Исус Навин, народот се расипал и во духовен и во морален поглед. Израелците се нашле ‚во голема неволја‘ бидејќи непријателите ги угнетувале. Јехова се сожалил на нив и ‚им подигнал судии‘, 12 верни и храбри мажи, кои во текот на три века ги избавувале Израелците од неволја (Су 2:15, 16, 19).

Судијата Гедеон победил 135.000 мадијамски војници со само 300 слабо вооружени, но многу енергични војници. Бојното поле било меѓу планината Гелвуја и ридот Море. По почетната победа, Гедеон го потерал непријателот кон исток, во пустината (Су 6:1—8:32).

Јефтај, Галадец од племето на Манасија, ги ослободил од амонските поробувачи израелските градови источно од Јордан. За да извојува победа, Јефтај веројатно одел по Царскиот пат, кој ги поврзувал Рамот-Галад и подрачјето на Ароир (Су 11:1—12:7).

Потфатите на Самсон против Филистејците се одиграле главно на крајбрежното подрачје околу Газа и Аскалон. Газа се наоѓа во предел богат со вода, кој е познат по земјоделството. Самсон употребил 300 лисици за да ги запали житните полиња, лозјата и маслинарниците на Филистејците (Су 15:4, 5).

Како што се гледа од библискиот извештај, а и од племенската припадност на самите судии, тие дејствувале низ целата Ветена земја. Јехова добро се грижел за својот покајнички народ секогаш кога ќе се нашол во неволја.

[Карта на страница 15]

(Види во публикацијата)

Племиња и судии

Судии

1. Готонил (од племето на Манасија)

2. Ехуд (од племето на Јуда)

3. Самегар (од племето на Јуда)

4. Варак (од племето на Нефталим)

5. Гедеон (од племето на Исахар)

6. Тола (од племето на Манасија)

7. Јаир (од племето на Манасија)

8. Јефтај (од племето на Гад)

9. Авесан (од племето на Завулон)

10. Елон (од племето на Завулон)

11. Авдон (од племето на Ефрем)

12. Самсон (од племето на Јуда)

Племенска поделба на земјата (Види во публикацијата)

Градови-енклави на Манасија

Д4 Дор

Д5 Мегидо

Д5 Танах

Ѓ4 Ен-Дор

Ѓ5 Вет-Син (Вет-Сан)

Ѓ5 Ивлеам (Гат-Римон)

Градови-енклави на Симеон

В9 Саруен (Сараим) (Силеим)

В10 Вет-Леваот (Вет-Вири)

Г8 Етер (Тохен)

Г9 Сиклаг

Г9 Аин

Г9 Асар-Суса?

Г9 Асан

Г9 Вирсавеја

Г10 Асар-Суал

Д9 Етам

Д9 Вет-Мархавот

Д9 Ветуил? (Хесил?)

Д9 Сава? (Исус?)

Д10 Ваалат-Вира (Ваал)

Д10 Асем

Левитски градови-прибежишта

Д8 Хеврон

Ѓ3 Кедес

Ѓ6 Сихем

Ж4 Голан

Ж5 Рамот-Галад

Ж8 Везер

Главни патишта

Б10 Виа Марис

Е10 Царски пат

Израелски племиња

ДАН (Г7)

Г7 Јопа

Д8 Сора

ЈУДА (Г9)

В8 Аскалон

В9 Газа

В9 Саруен (Сараим) (Силеим)

В10 Вет-Леваот (Вет-Вири)

В12 Асмон

В12 Кадис

Г7 Јавнил

Г8 Етер (Тохен)

Г9 Сиклаг

Г9 Аин

Г9 Асар-Суса?

Г9 Асан

Г9 Вирсавеја

Г10 Асар-Суал

Д8 Лехи

Д8 Витлеем

Д8 Хеврон

Д9 Етам

Д9 Вет-Мархавот

Д9 Ветуил? (Хесил?)

Д9 Сава? (Исус?)

Д10 Ваалат-Вира (Ваал)

Д10 Асем

АСЕР (Д3)

Д2 Тир

Д4 Аросет

Д4 Дор

Ѓ1 Сидон

МАНАСИЈА (Д5)

Д6 Семир (Самарија)

Д6 Фаратон

Ѓ6 Сихем

Е5 Авел-Мехол

ЕФРЕМ (Д7)

Е7 Тамнат-Сарах

Ѓ6 Тафуј

Ѓ6 Сило

Ѓ7 Ветил (Луз)

НЕФТАЛИМ (Ѓ3)

Ѓ2 Вет-Анат

Ѓ3 Кедес

Е3 Асор

ЗАВУЛОН (Ѓ4)

Д4 Витлеем

ИСАХАР (Ѓ5)

Д5 Мегидо

Д5 Кедес (Кисион)

Д5 Танах

Ѓ4 Ен-Дор

Ѓ5 Вет-Шита

Ѓ5 Вет-Син (Вет-Сан)

Ѓ5 Ивлеам (Гат-Римон)

ВЕНИЈАМИН (Ѓ7)

Ѓ7 Гилгал

Ѓ8 Ерусалим

ДАН (Е2)

Е2 Дан (Лаиш)

МАНАСИЈА (Ж3)

Ж4 Голан

ГАД (Ж6)

Е6 Сокот

Е6 Фануил

Е6 Миспа (Миспе)

Е7 Јогвеја

Ж5 Рамот-Галад

Ж7 Рава

Ж7 Авел-Керамин

РУВИМ (Ж8)

Е7 Есевон

Е9 Ароир

Ж7 Минит

Ж8 Везер

[Други места]

З1 Дамаск

[Планини]

Ѓ4 Тавор

Ѓ4 Море

Ѓ5 Гелвуја

Ѓ6 Евал

Ѓ6 Гаризим

[Мориња]

В5 Средоземно Море (Големо Море)

Ѓ9 Солено Море

Е4 Галилејско Море

[Реки и потоци]

Б11 Египет

Ѓ6 Јордан

Е6 Јавок

Е9 Арнон

Е11 Заред

[Слика на страница 14]

Планината Тавор, која се наоѓа на подрачјето на племето на Исахар, се издигнува над Језраелската Долина

[Слика на страница 14]

Поради надојдениот Кисон, бојните коли на Сисара заглибиле во калта