Светот на патријарсите
Светот на патријарсите
СТЕФАН започнал еден познат говор наведувајќи конкретни географски локации: „[Јехова] му се појави на нашиот прататко Авраам додека тој беше во Месопотамија, пред да се насели во Харан, и му рече: ‚Замини... во земјата што ќе ти ја покажам‘“ (Де 7:1-4). Оваа заповед водела до многу важни настани во Ветената земја во кои биле вклучени Авраам, Исак и Јаков, настани кои се поврзани со Божјата намера да го благослови човештвото (1Мо 12:1-3; ИсН 24:3).
Бог го повикал Авраам (или Аврам) од Ур Халдејски, еден напреден град, кој во тоа време се наоѓал на источниот брег на реката Еуфрат. По кој пат тргнал Авраам? Можеби се чини дека од Халдеја, регион кој бил наречен и Сумер или Сенар, било наједноставно да се оди право на запад. Зошто некој би одел толку далеку на север, дури до Харан?
Ур се наоѓал на источниот раб на Плодната Полумесечина, полукружно подрачје кое започнува кај Палестина и се протега по течението на реките Тигар и Еуфрат. Веројатно ова подрачје некогаш имало поумерена клима. Јужно од таа полумесечина лежи Сириско-арабиската пустина, карактеристична по своите варовнички ридови и песочни рамници. Во The Encyclopædia Britannica се наведува дека ова било „скоро непремостлива препрека“ меѓу средоземноморското крајбрежје и Месопотамија. Некои каравани ја преминувале пустината патувајќи од Еуфрат до Тадмор, а потоа до Дамаск, но Авраам не ги повел своето семејство и својата стока низ такво пустинско подрачје.
Наместо тоа, Авраам тргнал на север кон Харан по долината на реката Еуфрат. Од Харан можел да го продолжи патувањето по еден трговски пат до местото каде што можела да се прегази реката, во близината на Кархемис. Оттаму можел да продолжи на југ до Дамаск и понатаму до морето, кое подоцна било наречено Галилејско Море. Виа Марис, или „Патот покрај морето“, поминувал покрај Мегидо и продолжувал кон Египет. Меѓутоа, Авраам патувал преку самариските планини, и на крајот ги распнал своите шатори кај Сихем. По некое време, се упатил низ тоа планинско подрачје на југ. Додека читаш во Прва книга Мојсеева 12:8—13:4, можеш да го следиш неговото патување. Најди ги и другите места што се поврзани со разни случки од неговиот живот: Дан, Хова, Дамаск, Мамре, Содом, Герар, Вирсавеја и Морија (Ерусалим) (1Мо 14:14-16; 18:1-16; 20:1-18; 21:25-34; 22:1-19).
Ако ја познаваме географијата, подобро ќе ги разбереме и настаните од животот на Исак и Јаков. На пример, додека бил во Вирсавеја, Авраам го испратил својот слуга да му најде жена на 1Мо 24:10, 62-64).
Исак. Каде? Далеку на север во Месопотамија (што значи „Земја меѓу реки“), во Падан Арам. Замисли само колку било напорно за Ревека да патува на камили сѐ до Негев, веројатно во близината на Кадис, каде што се сретнала со Исак (Подоцна нивниот син Јаков (Израел) тргнал на едно слично долго патување за да се ожени со една жена која му служела на Јехова. Јаков не се вратил во својата земја по сосема истиот пат. Откако го преминал Јавок, во близина на Фануил, Јаков се борел со ангел (1Мо 31:21-25; 32:2, 22-30). На тоа подрачје се сретнал со Исав, а потоа секој од нив отишол да живее во друг крај (1Мо 33:1, 15-20).
Откако Дина, ќерката на Јаков, била силувана во Сихем, Јаков се преселил во Ветил. Но, можеш ли да си замислиш колку далеку оделе синовите на Јаков за да ги пасат неговите стада, и каде ги нашол Јосиф? На оваа карта (како и на картата на страници 18 и 19) можеш да видиш колку е оддалечен Хеврон од Дотан (1Мо 35:1-8; 37:12-17). Браќата го продале Јосиф на трговци кои патувале за Египет. Што мислиш, по кој пат оделе кога го одвеле како роб во Египет — настан што на крајот водел до преселување на Израелците во Египет, а потоа и до нивното излегување? (1Мо 37:25-28).
[Карти на страница 7]
(Види во публикацијата)
Патувањата на Авраам (Види во публикацијата)
Патувањата на Исак (Види во публикацијата)
Патувањата на Јаков (Види во публикацијата)
Главни патишта (Види во публикацијата)
Патријарси (преглед)
А4 ГЕСЕМ
А5 ЕГИПЕТ
Б4 СУР
Б5 ФАРАН
В3 Дамаск
В3 Дан (Лаиш)
В4 Сихем
В4 Ветил
В4 Хеврон (Киријат-Арва)
В4 Герар
В4 Вирсавеја
В4 СЕИР
В4 Кадис
В5 ЕДОМ
Г2 Кархемис
Г2 Тадмор
Г3 Хова
Д1 ПАДАН АРАМ
Д1 Харан
Ѓ2 МЕСОПОТАМИЈА
Е1 Ниневија
Е2 ПЛОДНА ПОЛУМЕСЕЧИНА
Е3 Вавилон
Ж4 ХАЛДЕЈА
Ж4 Ур
[Планини]
В4 Морија
[Мориња]
Б3 Средоземно Море (Големо Море)
[Реки]
Д2 Еуфрат
Е2 Тигар
Патријарси (во Ветената земја)
ХАНААН
Мегидо
ГАЛАД
Дотан
Сихем
Сокот
Маханаим
Фануил
Ветил (Луз)
Гај
Ерусалим (Салим)
Витлеем (Ефрата)
Мамре
Хеврон (Макпела)
Герар
Вирсавеја
Содом?
НЕГЕВ
Реховот?
Веер-Лахај-Рој
Кадис
[Главни патишта]
Виа Марис
Царски пат
[Планини]
Морија
[Мориња]
Солено Море
[Реки и потоци]
Јавок
Јордан
[Слика на страница 6]
Реката Еуфрат во близина на Вавилон
[Слика на страница 6]
Авраам живеел во Вирсавеја и ги пасел стадата во близина на градот
[Слика на страница 6]
Реката Јавок