Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Царства што ја напаѓале Ветената земја

Царства што ја напаѓале Ветената земја

Царства што ја напаѓале Ветената земја

САМАРИЈА, главниот град на северното царство Израел, била освоена од Асирците во 740 година пр.н.е. Така Израелците паднале во рацете на едно сурово царство. Асирија се наоѓала на северниот крај на месопотамската низина, во близина на Тигар, една од големите реки на Плодната Полумесечина. Нимрод ги основал најважните асирски градови, Ниневија и Калах (1Мо 10:8-12). Во деновите на Салманасар III, Асирија се проширила на запад на плодното и добро наводнувано подрачје на Сирија и на северен Израел.

Асирија почнала да го угнетува Израел кога владеел царот Теглат-Феласар III (Фул), кој се спомнува во Библијата. Последиците од неговиот воен поход се почувствувале и на југ, во Јуда (2Ца 15:19; 16:5-18). Со текот на времето, големите „води“ на Асирија ја преплавиле Јуда, и на крајот дошле до нејзиниот главен град, Ерусалим (Иса 8:5-8).

Асирскиот цар Сенахирим ја нападнал Јуда во 732 година пр.н.е. (2Ца 18:13, 14). Тој освоил и ограбил 46 јудејски градови, вклучувајќи го и Лахис, кој се наоѓал на стратешки важна положба во Шефела. Како што е прикажано на картата, неговата војска го обиколила Ерусалим и му пришла од југозапад, опколувајќи ја на тој начин престолнината на Јуда. Во своите историски записи, Сенахирим се фалел дека го држел Езекија „како птица во кафез“, но асирските записи не спомнуваат дека еден Божји ангел ги убил војниците на Сенахирим (2Ца 18:17-36; 19:35-37).

На Асирското Царство му биле изброени деновите. Медијците, кои живееле на карпестата висорамнина на која денес се наоѓа Иран, ја напаѓале преостанатата асирска војска. Тоа ѝ го одвратило вниманието на Асирија од нејзините западни покраини, кои исто така се побуниле. Во меѓувреме, Вавилонците станувале сѐ посилни, и дури го освоиле градот Асур. Во 632 година пр.н.е., здружените сили на Вавилонците, Медијците и Скитите, борбен народ од северниот брег на Црното Море, ја освоиле и ја уништиле Ниневија, „крволочниот град“. Така се исполниле пророштвата на Наум и Софонија (На 3:1; Сф 2:13).

Асирија го доживеала својот конечен крај во Харан. Додека чекале да им стигне помош од Египет, Асирците се обиделе да се спротивстават на решителниот напад на Вавилонците. Но, јудејскиот цар Јосија му дал отпор на фараонот Нехо кај Мегидо и така го спречил да го продолжи патот кон север (2Ца 23:29). Кога Нехо конечно стигнал во Харан, било предоцна — Асирското Царство веќе паднало.

Вавилонското Царство

На кој град помислуваш кога ќе се спомнат „висечките градини“? На Вавилон, престолнината на истоимената светска сила, која е пророчки опишана како крилест лав (Да 7:4). Градот бил познат по своето богатство и трговија, а бил познат и како лулка на религијата и астрологијата. Вавилонското Царство било сместено во мочурливите низини на јужна Месопотамија, меѓу реките Тигар и Еуфрат. Градот се протегал на двата брега на Еуфрат, и изгледал неосвоив поради своите ѕидови.

Вавилонците развиле мрежа од трговски патишта преку карпестата пустина на северна Арабија. Едно време цар Набонид престојувал во Тема, препуштајќи му на Валтазар да владее во Вавилон.

Вавилонците трипати влегле во Ханаан. Откако Навуходоносор ги поразил Египќаните кај Кархемис во 625 година пр.н.е., Вавилонците продолжиле да продираат на југ кон Емат, каде што повторно ги победиле Египќаните, кои се повлекувале. Потоа Вавилонците го продолжиле својот поход, движејќи се покрај морскиот брег до долината на реката Египет, уништувајќи го патем и Аскалон (2Ца 24:7; Ере 47:5-7). Во тој поход, Јуда станала вазал на Вавилон (2Ца 24:1).

Јоаким, царот на Јуда, се побунил во 618 година пр.н.е. Тогаш Вавилон ги испратил војските на соседните народи против Јуда, а вавилонската војска го опсадила и на крајот го освоила Ерусалим. Кратко потоа, цар Седекија склучил сојуз со Египет и така го навлекол врз Јуда жестокиот гнев на Вавилонците. Тие повторно нападнале и почнале да ги уништуваат градовите на Јуда (Ере 34:7). На крајот, Навуходоносор ја испратил својата војска против Ерусалим и го освоил во 607 година пр н.е. (2Ле 36:17-21; Ере 39:10).

[Рамка на страница 23]

БИБЛИСКИ КНИГИ ОД ОВОЈ ПЕРИОД:

Осија

Исаија

Михеј

Изреки (дел)

Софонија

Наум

Авакум

Плач

Авдија

Езекиел

1. и 2. Царевите

Еремија

[Карта на страница 23]

(Види во публикацијата)

Вавилонско и Асирско Царство

Асирско Царство

Б4 Мемфис (Ноф)

Б4 Соан

Б5 ЕГИПЕТ

В2 КИПАР (КИТИМ)

В3 Сидон

В3 Тир

В3 Мегидо

В3 Самарија

В4 Ерусалим

В4 Аскалон

В4 Лахис

Г2 Харан

Г2 Кархемис

Г2 Арфад

Г2 Емат

Г3 Ривла

Г3 СИРИЈА

Г3 Дамаск

Д2 Гозан

Д2 МЕСОПОТАМИЈА

Ѓ2 МИНИ

Ѓ2 АСИРИЈА

Ѓ2 Корзабад

Ѓ2 Ниневија

Ѓ2 Калах

Ѓ2 Асур

Ѓ3 ВАВИЛОНИЈА

Ѓ3 Вавилон

Ѓ4 ХАЛДЕЈА

Ѓ4 Ерех

Ѓ4 Ур

Е3 Суза

Е4 ЕЛАМ

Вавилонско Царство

В3 Сидон

В3 Тир

В3 Мегидо

В3 Самарија

В4 Ерусалим

В4 Аскалон

В4 Лахис

Г2 Харан

Г2 Кархемис

Г2 Арфад

Г2 Емат

Г3 Ривла

Г3 СИРИЈА

Г3 Дамаск

Г5 Тема

Д2 Гозан

Д2 МЕСОПОТАМИЈА

Д4 АРАБИЈА

Ѓ2 МИНИ

Ѓ2 АСИРИЈА

Ѓ2 Корзабад

Ѓ2 Ниневија

Ѓ2 Калах

Ѓ2 Асур

Ѓ3 ВАВИЛОНИЈА

Ѓ3 Вавилон

Ѓ4 ХАЛДЕЈА

Ѓ4 Ерех

Ѓ4 Ур

Е3 Суза

Е4 ЕЛАМ

[Други места]

Е2 МЕДИЈА

Главни патишта (Види во публикацијата)

[Мориња]

Б3 Средоземно Море (Големо Море)

В5 Црвено Море

Ж1 Касписко Море

Ж5 Персиски Залив

[Реки]

Б5 Нил

Д2 Еуфрат

Ѓ3 Тигар

[Слика на страница 22]

Ридот Лахис

[Слика на страница 22]

Макета на древниот град Мегидо

[Слика на страница 23]

Цртеж на висечките градини во Вавилон