Да учиме од... Мојсеј
Да учиме од... Мојсеј
Мојсеј има многу погодности во животот. Порасна на царскиот двор на фараонот и стекна образование за сета египетска мудрост (Дела 7:22). Како ќе го искористи тоа образование? Би можел да стекне слава, богатство и моќ. Меѓутоа, не попушта на притисокот од околината ниту се води од себична амбиција. Наместо тоа, одлучува да го користи својот живот на начин што најверојатно изненадува мнозина. Тој избира „да биде малтретиран заедно со Божјиот народ“ (Евреите 11:25). Дали губи нешто поради тоа? Не. Бидејќи избира да му служи на Бог и да им помага на луѓето, има исполнет и среќен живот.
Ако имаш можност да се школуваш, како ќе го искористиш образованието? Би можел да трчаш по пари или по моќ. Или, како Мојсеј, би можел да направиш нешто навистина вредно со својот живот. Би можел да ги користиш своите умствени и физички сили за да им служиш на Бог и на ближните (Матеј 22:35-40). Ништо не носи поголема радост од тоа!