Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да учиме од... Рут

Да учиме од... Рут

Да учиме од... Рут

Вдовицата Рут е добар пример за лојалност. Таа избира да остане со својата стара свекрва, Ноемина, наместо да се врати во својот роден крај каде што животот би ѝ бил полесен. Иако со оваа одлука си ги намалува шансите да си најде сопруг, Рут не се концентрира само на себе. Нејзината љубов кон Ноемина и нејзината желба да биде со Јеховиниот народ ѝ значат повеќе отколку само импулсивно да си ја задоволи желбата да се омажи (Рут 1:8-17).

Дали и ти размислуваш за брак? Тогаш следи го примерот на Рут. Немој да се концентрираш само на своите емоции, туку размисли какви убави особини ќе донесеш ти во бракот. На пример, дали си лојален и самопожртвуван? Дали се држиш за Божјите начела, дури и кога твоето несовршено тело силно те влече да постапиш поинаку? Рут не гледала да се омажи по секоја цена. Сепак, со текот на времето, си нашла маж кој бил зрел човек и со кого имале слични особини — пред сѐ, љубов кон Бог. Истото може да биде случај и со тебе.