Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како да ги остварам моите цели?

Како да ги остварам моите цели?

Поглавје 39

Како да ги остварам моите цели?

Што од следново би сакал да имаш?

□ Повеќе самодоверба

□ Повеќе пријатели

□ Повеќе радост

ВСУШНОСТ, би можел да ги имаш сите три работи! Како? Ако си поставуваш цели и ако се трудиш да ги оствариш. Земи го предвид следново:

Повеќе самодоверба. Ако си поставиш помали цели и ги постигнеш, ќе стекнеш поголема самодоверба за да оствариш и други, покрупни цели. Така ќе имаш повеќе самодоверба и во борбата со секојдневните притисоци, на пример, притисокот од врсниците.

Повеќе пријатели. Секој сака да се дружи со оние што си поставуваат разумни цели — оние што знаат што сакаат и се трудат да го постигнат тоа.

Повеќе радост. Да бидеме реални: Нема ништо интересно во тоа да се досадуваш или само да тепаш време чекајќи да се случи нешто. Од друга страна, кога си поставуваш цели и ги остваруваш, тоа ти дава чувство на успех. Спремен ли си да почнеш? Наредните неколку страници ќе ти помогнат во тоа! *

✔ 1 ДЕФИНИРАЈ

1. Размисли какви цели би можел да си поставиш. Направи си го интересен овој дел! Не анализирај ништо; само запиши сѐ што ќе ти падне на памет. Обиди се да напишеш барем 10 цели.

2. Процени ги идеите. Кои цели ти се некако најинтересни? Кои ти се чинат најтешко достижни? Кои би се гордеел да ги постигнеш? Запомни, најдобрите цели обично се оние што најмногу ти значат тебе.

3. Подреди ги по важност. Напиши по кој редослед би сакал да ги постигнеш своите цели.

✔ 2 ИСПЛАНИРАЈ

Со секоја цел што ја имаш, направи го следново:

Наведи ја целта.

Да научам италијански за моето патување во Италија

Одреди си краен рок. Целите без краен рок се само сон!

1 јули

Испланирај кои чекори треба да ги направиш.

Чекори

1. Да набавам разговорник.

2. Секоја седмица да учам по десет нови зборови.

3. Да слушам разговори на италијански.

4. Да замолам некого да провери колку граматички исправно зборувам и со каков изговор.

Предвиди ги пречките. Размисли како би можел да ги надминеш.

Можни пречки

Не познавам никој што знае италијански.

Обврзи се. Вети си дека ќе сториш сѐ што можеш за да ја оствариш својата цел. На крајот, потпиши се и стави датум.

Како да ги надминам

Да симнам аудиоснимки на италијански од страницата www.pr418.com.

․․․․․ ․․․․․

Потпис Датум

✔ 3 ДЕЈСТВУВАЈ!

Почни веднаш. Прашај се: ‚Што можам да направам денес за да почнам да ја остварувам мојата цел?‘ Можеби не си го испланирал секој детаљ, но не дозволувај тоа да те спречи да почнеш. Библијата вели: „Кој внимава на ветрот никогаш не сее и кој гледа на облаците никогаш не жнее“ (Проповедник 11:4). Најди нешто што можеш да го направиш денес — макар и ситница — и направи го.

Разгледувај ги целите секој ден. Потсети се зошто ти е важна секоја од нив. Стави ✔ (или датум) до секој чекор штом ќе го завршиш.

Искористи ја својата фантазија. Премотај си го филмот нанапред и замисли си дека си ја постигнал целта. Почувствувај го успехот. Потоа, враќај го филмот наназад преку сите чекори и замисли си ги еден по еден. На крајот, пушти го од почеток до крај. Замисли си како успешно го завршуваш секој чекор и како ќе се чувствуваш откако ќе ја постигнеш целта. А сега, фрли се на работа!

[Фуснота]

^ пас. 10 Дадените предлози се однесуваат на краткорочни цели, но истите начела важат и за долгорочните цели.

КЛУЧЕН СТИХ

„Плановите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист“ (Изреки 21:5, фус.)

ПРЕДЛОГ

Не мора строго да се држиш за планот. Биди флексибилен и прави промени додека работиш на тоа да ја оствариш својата цел.

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА . . . ?

Колку поголема е целта толку поубаво ќе се чувствуваш кога ќе ја оствариш!

ШТО МИСЛИШ?

● Можно ли е да имаш премногу цели во исто време? (Филипјаните 1:10)

● Дали да си поставуваш цели значи да ја испланираш секоја минута од својот живот? (Филипјаните 4:5)

[Истакната мисла на страница 283]

„Лесно е да се обесхрабриш ако немаш на што да се сконцентрираш или да се надеваш. Но, кога си поставуваш цели и успеваш да ги оствариш, се чувствуваш убаво“ (Рид)

[Рамка/слика на страница 283]

Неколку идеи

Пријателства: Да се спријателам со една личност што не е на моја возраст. Да обновам старо пријателство.

Здравје: Да вежбам најмалку 90 минути секоја седмица. Секоја вечер да спијам по осум часа.

Училиште: Да ја поправам оценката по математика. Да се држам за она што е исправно кога другите ќе ме тераат да направам нешто погрешно.

Духовност: Да ја читам Библијата по 15 минути секој ден. Оваа седмица да зборувам за моите верувања со некој соученик.

[Слика на страници 284 и 285]

Целите се како градежни планови — потребен е труд за да се реализираат