Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Зошто се плашам да зборувам за мојата вера?

Зошто се плашам да зборувам за мојата вера?

Поглавје 17

Зошто се плашам да зборувам за мојата вера?

„На училиште, имав многу добри прилики да зборувам за моите верувања. За жал, ги пропуштив“ (Кејлеб)

„На час, наставничката нѐ праша што мислиме за еволуцијата. Знаев дека тоа е идеална прилика да зборувам за мојата вера, но целата се здрвив и не можев да гукнам ни збор. Потоа ми беше многу мака“ (Јасмина)

АКО си млад христијанин, можеби и ти си се чувствувал како Кејлеб и Јасмина. Исто како нив, можеби и ти ги сакаш библиските вистини што си ги научил. Можеби дури и сакаш да им ги кажуваш на другите. Но, од самата помисла на тоа те фаќа страв. Што ќе ти помогне да бидеш похрабар? Обиди се со следниве чекори:

1. Утврди што те плаши. Кога размислуваш да им сведочиш на другите, многу е лесно да ти излезе пред очи најлошата варијанта на она што може да се случи! Но, понекогаш полесно ќе ти биде да го совладаш стравот ако запишеш што е она што те плаши.

Доврши ја следнава реченица:

● Ако зборувам за моите верувања на училиште, страв ми е дека може да се случи следново: ․․․․․

Ако ти е некаква утеха, биди свесен дека и многу други млади христијани ги имаат истите стравови. На пример, Кристофер (14) признава: „Се плашам дека на училиште ќе ме исмејуваат и ќе зборуваат дека сум забеган“. Кејлеб, кој беше спомнат во почетокот, вели: „Ми беше страв дека, ако некој ме праша нешто, нема да знам да одговорам“.

2. Прифати го предизвикот. Дали твојот страв е потполно неоправдан? Не мора да значи. Ешли (20) вели: „Некои деца се преправаа дека ги интересираат моите верувања, но подоцна го извртуваа она што ќе им го кажев и ме исмејуваа пред другите“. Никол (17) раскажува: „Едно момче провери еден библиски стих во неговата и во мојата Библија и најде разлика. Ми рече дека мојата е изменета. Се стаписав! Не знаев што да кажам“. *

Ваквите ситуации би можеле да ти изгледаат прилично страшни! Но, наместо да бегаш од предизвиците, прифати ги како нормален дел од твојот христијански живот (2. Тимотеј 3:12). Метју (13) вели: „Ако Исус рекол дека неговите ученици ќе бидат прогонувани, не можеме да очекуваме дека сите ќе нѐ сакаат нас или нашите верувања“ (Јован 15:20).

3. Размисли за користите. Може ли да излезе нешто добро од една навидум лоша ситуација? Амбер (21) мисли дека може. Таа вели: „Тешко е да им ја објасниш својата вера на луѓе што не ја ценат Библијата, но тоа ти помага подобро да разбереш во што, всушност, веруваш самиот ти“ (Римјаните 12:2).

Сега врати се повторно кај првиот чекор и на ситуацијата што ја опиша таму. Размисли за најмалку две добри работи што би можеле да произлезат од таа ситуација и напиши ги на линиите.

1. ․․․․․

2. ․․․․․

Мала помош: Како тоа што ќе зборуваш за твојата вера може да го намали притисокот што го чувствуваш од врсниците? Како ќе влијае врз твојата самодоверба? Врз твоите чувства за Јехова Бог? Врз неговите чувства кон тебе? (Изреки 23:15).

4. Биди подготвен. „Срцето на праведникот промислува што ќе одговори“, стои во Изреки 15:28. Освен што ќе промислиш што ќе кажеш, труди се да предвидиш што би можеле да те прашаат. Истражувај на тие теми и смисли што ќе кажеш. (Види ја рамката  „Испланирај што ќе речеш“, на 127. страница.)

5. Почни разговор. Си се подготвил да зборуваш за своите верувања, но како да почнеш? Имаш неколку опции. Во извесна смисла, сведочењето е како пливање — некои луѓе влегуваат во водата полека, а други веднаш скокнуваат. Слично на тоа, и ти би можел да почнеш општ муабет и малку по малку да осетиш каква е водата, што би се рекло. Но, ако премногу се секираш дека нешто би можело да тргне наопаку, можеби најдобра опција ти е ‚веднаш да скокнеш‘ (Лука 12:11, 12). „Потешко ми паѓаше самата помисла да зборувам со другите за мојата вера отколку да зборувам“, вели Ендрју (17). „Штом ќе почнев да зборувам, ми одеше многу полесно отколку што мислев!“ *

6. Биди разумен. „Разумните размислуваат пред да направат нешто“, напишал Соломон (Изреки 13:16, Today’s English Version). Исто како што не би скокнал во плитка вода, внимавај да не се впуштиш во бесцелни дискусии. Не заборавај дека има време за зборување и време за молчење (Проповедник 3:1, 7). Понекогаш и Исус не сакал да одговори на некои прашања (Матеј 26:62, 63).

Ако сепак одлучиш да одговориш, труди се да бидеш краток и прониклив. На пример, ако некој соученик со потсмев те праша: ‚Зошто не пушиш?‘, би можел едноставно да му речеш: ‚Не сакам да се трујам‘. Во зависност од неговата реакција, ќе видиш дали подетално да му ги објасниш своите верувања или не.

Шесте чекори разгледани во ова поглавје можат да ти помогнат ‚да бидеш спремен за одбрана‘ на твојата вера (1. Петрово 3:15). Се разбира, тоа што ќе бидеш спремен не значи дека никогаш нема да те фати страв. Но, Алана (18) вели: „Кога ќе ги објасниш своите верувања, и покрај стравот во тебе, имаш чувство дека си постигнал нешто — си го совладал стравот и си ризикувал работите да не одат баш најдобро. А ако сѐ оди ОК, се чувствуваш уште подобро! Мило ти е што си собрал храброст да зборуваш“.

ВО СЛЕДНОТО ПОГЛАВЈЕ:

На училиште си под огромен стрес? Дознај што може да ти помогне.

[Фусноти]

^ пас. 10 Во различни библиски преводи, некои мисли се различно изразени. Меѓутоа, некои поточно го пренесуваат значењето од изворните јазици на кои била напишана Библијата.

^ пас. 18 Види ја рамката  „Како да почнеш“, на претходната страница.

КЛУЧЕН СТИХ

„Секогаш бидете спремни за одбрана пред секој што од вас бара да ја образложите надежта која е во вас, но тоа правете го благо и со длабока почит“ (1. Петрово 3:15)

ПРЕДЛОГ

Немој да им кажуваш на другите во класот во што треба или не треба да веруваат, туку со увереност кажи во што веруваш ти и зошто сметаш дека твоите заклучоци се разумни.

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА . . . ?

Некои во класот можеби ти се восхитуваат за тоа што цврсто се држиш за библиските морални начела, но можеби им е срам да те прашаат за твоите верувања.

ПЛАН!

Соученик со кого би можел да зборувам за моите верувања е [напиши најмалку едно име] ․․․․․

Мислам дека темата што најмногу ќе го интересира е ․․․․․

Во врска со оваа тема, би сакал да ги прашам родителите ․․․․․

ШТО МИСЛИШ?

● Зошто можеби некои соученици ги исмеваат твоите верувања?

● Ако решиш да зборуваш за твоите верувања, зошто е важно да зборуваш со увереност?

[Истакната мисла на страница 126]

„Кога бев помал, не сакав да бидам поинаков од другите деца. Но, сфатив дека поради мојата вера имам подобар живот. Свесноста за тоа ми помогна да имам поголема самодоверба — да бидам горд на моите убедувања“ (Џејсон)

[Рамка на страница 124]

 Како да почнеш

„Што ќе правиш летово?“ [Откако ќе ти одговори, спомни какви планови имаш ти во поглед на духовните активности, на пример, да одиш на конгрес или да проповедаш повеќе.]

● Спомни нешто што си чул на вестите, а потоа прашај: „Слушна ли за тоа? И, што мислиш?“

„Мислиш ли дека светската финансиска криза [или некој друг проблем] ќе се реши? [Почекај да одговори.] Зошто мислиш така?“

„Веруваш ли во Бог?“

„Што планираш да правиш во животот?“ [Откако ќе одговори, кажи какви духовни цели имаш ти.]

[Табела на страница 127]

(Види во публикацијата)

 Прашалник

Испланирај што ќе одговориш Копирај!

Предлог: Дискутирај за табелава со родителите и со други млади христијани. Пополни ја. Потоа размисли што друго би те прашале соучениците и како би им одговорил.

Прашање Одговор Следно прашање Одговор

Зошто не Ја почитувам Значи, не би Не, ни

ја пееш земјата во се борел милиони Јеховини

Неутралност химната? која живеам, за својата сведоци во

Зарем не си но не земја? други земји

ја сакаш ја обожавам. не би се

татковината? бореле против

оваа земја.

Зошто не Прифаќам други Но, што ако ․․․․․

прифаќате безбедни видови поради тоа

трансфузија? на лекување преку умреш? Зарем

кои не би добил Бог нема да

СИДА или хепатит. ти прости ако

Но, Библијата вели примиш крв?

Крв да се воздржуваме

од крв, па затоа

не примам крв.

Тој и тој е Ние учиме за Зарем тоа ․․․․․

Сведок и тој Божјите закони, не значи

направи така но не ни е дека имате

и така. испран мозокот! двојни мерила?

Одлуки Зошто да Секој сам

не можеш одлучува што

и ти? ќе прави.

Зошто не Зошто да ․․․․․ ․․․․․

веруваш во верувам? Дури

Создавање еволуција? ни сите научници

не веруваат

во неа, а тие

се експертите,

нели?

[Слика на страница 125]

Сведочењето е како пливање — во водата можеш да влезеш полека или да скокнеш веднаш!