Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како да се справам со стресот?

Како да се справам со стресот?

Поглавје 18

Како да се справам со стресот?

„На училиште бев под толку силен притисок што честопати ми идеше во исто време и да плачам и да вриштам“ (Шерон)

„Стресот на училиште не се намалува со годините — само се менуваат причините“ (Џејмс)

ДАЛИ ти се чини дека родителите не сфаќаат под колкав притисок си на училиште? Можеби ти велат дека немаш ни долгови во банка, ни семејство за ранење, ни шеф што ти виси над глава. Но, најверојатно сметаш дека си под исто толкав, ако не и под поголем притисок од оној со кој се соочуваат твоите родители.

Може да биде стресно и самото одење и враќање од училиште. „Во училишниот автобус често имаше тепачки“, вели Тара која живее во САД. „Возачот ќе застанеше и сите моравме да излеземе. Се случуваше да доцниме по половина час или повеќе.“

Дали стресот попушта кога ќе стигнеш на училиште? Тешко! Можеби и ти доживуваш нешто слично на ова:

Притисок од наставниците.

„Моите наставници сакаат да бидам одличен ученик, да добивам само највисоки оценки. Постојано сум под притисок да не ги разочарам“ (Сандра).

„Наставниците многу очекуваат од учениците, посебно од оние што се добри во нешто“ (Ејприл).

„Дури и ако си имаш зацртано паметни цели за својата иднина, некои наставници прават да се чувствуваш безвредно ако немаш намера да стекнеш образование какво што тие мислат дека треба“ * (Наоми).

Како влијае врз тебе притисокот од наставниците?

․․․․․

Притисок од врсниците.

„Децата во средно имаат поголема слобода и се побунтовни. Ако не си како нив, мислат дека не си кул“ (Кевин).

„Секој ден ми се нуди алкохол и секс. Понекогаш е толку тешко да не попуштиш“ (Арон).

„Имам 12 години, и најголем стрес за мене е притисокот да излегувам со некого. Сите од школо ми велат: ‚До кога мислиш да бидеш без дечко?‘“ (Александрија).

„Ме тераа да се фатам со еден дечко. Кога одбив, ми раширија муабет дека сум лезбејка — и тоа кога имав само десет години!“ (Криста).

Како влијае врз тебе притисокот од врсниците?

․․․․․

Други причини за стрес. Означи со ✔ или допиши што најмногу те става под стрес.

□ Тестовите

□ Домашните задачи

□ Големите очекувања на родителите

□ Твоите сопствени големи очекувања

□ Малтретирањето или сексуалното вознемирување

□ Друго ․․․․․

Четири чекори до помалку стрес

Реално гледано, не можеш да очекуваш да го поминеш училиштето без никаков стрес. Точно, преголем стрес може да биде вистинско „угнетување“. Мудриот цар Соломон напишал: „Угнетувањето може да го наведе мудриот да постапува лудо“ (Проповедник 7:7). Но, ти не мора да дозволиш да ти се случи тоа. Тајната е да научиш како успешно да се носиш со стресот.

Начинот на кој се носиме со стресот можеме да го споредиме со кревање тегови. За да биде успешен, еден кревач на тегови мора прво добро да се подготви. Не става на шипката повеќе отколку што може да крене, и го подига тегот исправно. Ако прави така, ќе развие мускули без да се повреди. Од друга страна, ако не прави така, може да скине мускул, па дури и да скрши некоја коска.

Слично на тоа, и ти ќе можеш да се носиш со притисоците што ги имаш и успешно да си ги завршиш обврските без да се повредиш. Како? Направи ги следниве чекори:

1. Утврди што ти создава стрес. Една мудра изрека вели: „Паметниот човек го гледа злото и се трга“ (Изреки 22:3). Но, не можеш да се тргнеш од стресот што те притиска ако најпрво не утврдиш што најверојатно го предизвикува. Затоа, врати се малку и види на што стави ✔. Моментално, кои работи најмногу те ставаат под стрес?

2. Истражувај. На пример, ако си под стрес бидејќи имаш премногу за учење, разгледај ги предлозите од 13. поглавје во том 2. Ако си под притисок да имаш секс со некој од училиште, од помош ќе ти бидат советите во  . Ако си под притисок да имаш секс со некој од училиште, од помош ќе ти бидат советите во  . Ако си под притисок да имаш секс со некој од училиште, од помош ќе ти бидат советите во поглавја 2, 5 и 15 од тој том.

3. Не одложувај. Ретко некој проблем ќе исчезне ако само го игнорираш. Напротив, обично уште повеќе се влошува, а со тоа се зголемува и стресот. Кога ќе смислиш како да се справиш со нешто што те става под стрес, не одложувај. Веднаш направи го тоа. На пример, ако си Јеховин сведок и се трудиш да живееш во склад со библиските морални мерила, кажи им го тоа на другите што е можно поскоро. Тоа може да ти го намали стресот. Марше (20) вели: „Уште на почетокот на секоја учебна година ќе почнев разговор за некоја тема која знаев дека ќе ми даде шанса да ги објаснам моите библиски мерила. Ако не кажев веднаш дека сум Сведок, како што одминуваше времето, ми стануваше сѐ потешко да го направам тоа. Од голема помош беше кога јасно ќе си го кажев ставот и потоа, во текот на целата година, живеев во склад со моите верувања“.

4. Побарај помош. Дури и најсилниот кревач на тегови има граници. Истото важи и за тебе. Но, ти не мора сам да го носиш товарот (Галатите 6:2). Зошто не поразговараш со своите родители или со некој друг зрел христијанин? Покажи им ги одговорите што ги напиша во ова поглавје. Замоли ги да ти дадат некои предлози.

Позитивен стрес?

Можеби нема да ти се верува, ама тоа што чувствуваш малку стрес е всушност добар знак. Зошто? Тоа покажува дека си трудољубив и дека совеста не ти затапела. Види како Библијата го опишува оној што никогаш не чувствува стрес: „До кога ќе лежиш, мрзливецу? Кога ќе станеш од спиење? Поспиј си уште малку, дремни си уште малку, скрсти си ги рацете и прилегни си уште малку, и сиромаштијата ќе ти дојде како арамија и немаштијата како вооружен човек“ (Изреки 6:9-11).

Хајди (16) дошла до многу добар заклучок: „Можеби ти се чини дека училиштето е ужасно место, но притисоците на кои ќе бидеш изложен таму се истите на кои ќе наидеш и кога еден ден ќе се вработиш“. Точно, не е лесно да се носиш со стресот. Но, ако научиш исправно да го правиш тоа, нема да ти штети. Всушност, само ќе те направи посилна личност.

ВО СЛЕДНОТО ПОГЛАВЈЕ:

Дали ќе си ги решиш проблемите ако прекинеш со школувањето?

[Фуснота]

^ пас. 11 Повеќе информации има во 20. поглавје од оваа книга.

КЛУЧЕН СТИХ

„Сите свои грижи фрлете ги на [Бог], зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7)

ПРЕДЛОГ

Подели ги проблемите што ти предизвикуваат стрес во две категории — проблеми во врска со кои можеш да направиш нешто и проблеми над кои немаш контрола. Прво зафати се со проблемите за кои можеш да направиш нешто. Потоа, кога нив ќе ги снема — ако воопшто дојде таков ден — ќе имаш време на претек да размислуваш за проблемите што не можеш да ги решиш.

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА . . . ?

Ако добро се наспиеш секоја вечер — најмалку осум часа — не само што ќе можеш полесно да се носиш со стресот туку и ќе си го подобриш памтењето.

ПЛАН!

За полесно да се носам со стресот, одлучив, секогаш кога е можно, да си легнувам во ․․․․․

Во врска со оваа тема, би сакал да ги прашам родителите ․․․․․

ШТО МИСЛИШ?

● Зошто перфекционизмот само ќе ти го зголеми стресот?

● Со кого би можел да поразговараш ако си под голем стрес?

[Истакната мисла на страница 132]

„Секој ден пред да ме остави на училиште, татко ми ќе се помолеше со мене. Тоа секогаш ми даваше чувство на сигурност“ (Лиз)

[Слика на страница 131]

Со исправно кревање тегови може да станеш физички посилен. Ако исправно се носиш со стресот, може да станеш емотивно посилен