Родителите прашуваат
Додаток
Родителите прашуваат
„Што да направам за моето дете да разговара со мене?“
„Треба ли да одредам време кога да си доаѓа дома?“
„Како да ѝ помогнам на ќерка ми разумно да гледа на диетите?“
Ова се некои од 17-те прашања обработени во овој Додаток. Материјалот е поделен на шест дела и упатува на соодветните поглавја од том 1 и том 2 од Младите прашуваат — делотворни одговори.
Прочитај го овој материјал. Ако е можно, дискутирај за него со својот сопружник. Потоа, користи ги советите за да им помогнеш на своите деца. Можеш да се потпреш на одговорите што ќе ги најдеш овде. Тие не се темелат на грешната човечка мудрост, туку на Божјата Реч, Библијата (2. Тимотеј 3:16, 17).
290 Комуникација
297 Правила
302 Самостојност
307 Секс и врски
311 Чувства
315 Духовност
КОМУНИКАЦИЈА
Има ли некаква штета ако се расправам со сопружникот или со децата?
Несогласувањата во бракот се неизбежни, но како ќе ги решавате останува на вас. Кавгите меѓу родителите оставаат длабоки траги врз децата. Треба сериозно да размислите за ова, зашто вашиот брак, всушност, е пример што децата веројатно ќе го следат кога самите ќе стапат во брак. Кога ќе дојде до несогласување, гледајте таа прилика да ја искористите за да им покажете како да ги решаваат судирите. Пробајте со следново:
Слушај. Библијата ни кажува да бидеме ‚брзи на слушање а бавни на зборување и бавни на гнев‘ (Јаков 1:19). ‚Не враќај зло за зло‘, зашто така само додаваш дрва на огнот (Римјаните 12:17). Дури и кога се чини дека твојот брачен другар не сака да слуша, ти можеш да слушаш.
Труди се да објасниш, а не да критикуваш. Смирено кажи му на својот брачен другар како влијаело врз тебе неговото однесување. („Ме повредува кога ти...“) Не обвинувај и не критикувај. („Не ти е гајле за мене.“ „Никогаш не слушаш кога зборувам.“)
Повлечи се. Понекогаш е најдобро да ја прекинеш расправијата и да разговараш со својот брачен другар кога ќе се смирите малку. Библијата вели: „Кога ќе почне караница, како да се отворила водна брана. Затоа, пред да избие караницата, оддалечи се“ (Изреки 17:14).
Извини му се на сопружникот, а ако треба и на децата. Барбара (14) вели: „Понекогаш, кога мајка ми и татко ми ќе се скараат, ќе ни се извинат мене и на брат ми зашто знаат како влијае тоа врз нас“. Една од највредните поуки што можеш да им ја дадеш на своите деца е да ги научиш понизно да кажат: „Извини“.
Но, што ако проблемот е во тоа што се расправаш со своите деца? Размисли дали можеби несвесно придонесуваш за искрите. На пример, разгледај ја случката опишана на почетокот од 2. поглавје, на 15. страница од оваа книга. Кои се некои работи со кои мајка ѝ на Сандра придонела за кавгата? Што можеш да направиш за да не се караш со своето дете? Обиди се со следниве предлози:
● Избегнувај да користиш изрази од типот: „Ти секогаш...“ или „Ти никогаш...“ Тие само ќе го предизвикаат детето да се брани. И онака тие се веројатно само преувеличувања, и твоето дете е свесно за тоа. Веројатно е свесно и дека ги кажуваш затоа што си лут, а не толку поради неговата неодговорност.
● Наместо да користиш груби изјави што почнуваат со „ти“, обиди се да му укажеш како влијае неговото однесување на тебе. На пример: „Кога [го правиш тоа и тоа], се чувствувам [вака и вака]“. Колку и да ти изгледа неверојатно, твоите чувства му се важни на детето. Поголема е веројатноста да соработува со тебе ако му кажеш како влијае врз тебе она што го прави. *
● Колку и да ти се чини тешко, труди се да не избувнеш (Изреки 29:22). Ако причина за расправијата е тоа што детето не завршило некоја домашна обврска, разговарај за тоа со него. Напиши на лист што конкретно се очекува од него и, ако е потребно, објасни му какви ќе бидат последиците ако не го почитува тоа. Стрпливо слушај го кога ти го кажува своето мислење, дури и ако сметаш дека не е во право. Повеќето тинејџери подобро реагираат ако родителите знаат да ги сослушаат, отколку само да им држат лекции.
● Немој брзо да заклучиш дека твоето дете е бунтовно и дека му нема поправање — биди свесен дека во најголем број случаи тоа се само фази од неговиот природен развој. Можеби ќе те убедува во нешто само за да докаже дека е веќе возрасна личност. Гледај да не влегуваш во расправии. Не заборавај дека твоите деца учат од тебе како да реагираат на провокации. Ако си стрплив и долготрпелив, најверојатно ќе го следат твојот пример (Галатите 5:22, 23).
ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 2, И ВО ТОМ 2, ПОГЛАВЈЕ 24
Колку треба да знаат децата за моето минато?
Замисли се во следнава ситуација: Вечераш заедно со сопругот, ќерката и неколку семејни пријатели. За време на вечерата, твојата пријателка спомнува некој со кого си била во врска — и со кого си раскинала — пред да го запознаеш својот сопруг. На ќерка ти ѝ застанува залакот в грло. „Си имала и друг дечко освен тато?“ прашува со подзината уста. Никогаш порано не си ѝ го спомнала тоа. Сега таа сака да дознае нешто повеќе. Што ќе направиш?
Обично, најдобро е да одговориш на прашањата што ќе ти ги постави детето. Имај на ум дека, секој пат кога те прашува нешто и го слуша твојот одговор, вие комуницирате — нешто што го посакуваат повеќето родители.
Но, колку информации за твоето минато треба да им кажеш на син ти или на ќерка ти? Сосема е нормално ако сакаш да задржиш за себе некои непријатни работи. Сепак, кога тоа е на место, можеш да им кажеш на децата некои од проблемите кои те мачеле, зашто тоа може да им биде од помош. Како?
Да разгледаме еден пример. Апостол Павле еднаш открил нешто за себе: „Кога сакам да го правам она што е Римјаните 7:21-24). Јехова Бог се погрижил овие зборови да бидат запишани и зачувани во Библијата за наша корист. И навистина ни се од корист, зашто кој од нас не се почувствувал како Павле?
добро, злото е во мене... Беден човек сум јас!“ (Слично на тоа, кога слушаат за твоите добри одлуки, но и за твоите грешки, децата ќе можат полесно да те разберат. Точно, ти си растел во поинакво време. Но, иако времињата се менуваат, човечката природа не се менува, а не се менуваат ни библиските начела (Псалм 119:144). Кога разговарате за проблемите што си ги имал ти — и како си се изборил со нив — тоа може да им помогне на децата да се справат со нивните проблеми. Едно момче по име Камерон вели: „Кога ќе дознаеш дека твоите родители минувале низ слични проблеми како тебе, некако пореално ги гледаш“. Понатаму додава: „Следниот пат кога ќе имаш проблем, се прашуваш дали и тие поминале низ истото“.
Едно предупредување: Не мора сите приказни да завршат со совет. Точно, можеби се плашиш дека децата ќе донесат погрешен заклучок, па дури и дека ќе го искористат тоа како изговор за да ги направат истите грешки. Но, наместо да им кажеш што треба да научат од разговорот („Затоа ти никогаш не треба да...“), накратко кажи им што мислиш ти („Да го имав тогаш овој памет, никогаш не ќе го направев тоа, затоа што...“). Така, децата ќе извлечат вредни поуки од твоето искуство без да имаат чувство дека си им држел лекции (Ефешаните 6:4).
ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 1
Што да направам за моето дете да разговара со мене?
Кога беа мали, децата веројатно зборуваа со тебе за сѐ. Што и да ги прашаше, отворено ти кажуваа. Всушност, честопати не ни мораше да ги прашуваш — зборуваа како навиени. Но, сега, кога се тинејџери, ти се чини дека мораш да
им ги вадиш зборовите со клешти. ‚Постојано зборуваат со своите пријатели‘, си мислиш. ‚Зошто не сакаат да зборуваат со мене?‘Немој да заклучиш дека те отфрлиле или дека не сакаат да им се мешаш во животот. Вистината е дека им требаш повеќе од кога и да е порано. Истражувањата покажуваат дека повеќето тинејџери сѐ уште ги ценат советите на своите родители — дури и повеќе од советите што ги добиваат од врсниците или преку медиумите.
Тогаш, зошто им е толку тешко да ти се отворат? Види што велат некои млади за тоа зошто не се баш спремни да зборуваат со своите родители. Потоа, размисли за прашањата по нив и побарај ги наведените стихови.
„Тешко ми е да започнам разговор со тато кога гледам дека толку многу носи на свој грб — и на работа и во собранието. Имам чувство дека никогаш не е погодно време да разговарам со него“ (Андреј).
‚Дали несвесно оставам впечаток дека сум презафатен за да разговарам со моите деца? Ако да, што можам да направам за да бидам попристаплив? Кога би можел да одвојам време за редовно да разговарам со моите деца?‘ (5. Мојсеева 6:7).
„Целиот уплакан ѝ кажав на мајка ми дека се скарав со некого на училиште. Сакав да ме утеши, но таа ме искара. Оттогаш не сум ѝ се доверил за ниедна важна работа“ (Кенџи).
‚Како реагирам кога моите деца ќе дојдат да ми кажат за некој проблем? Дури и ако треба да ги искарам, можам ли да се воздржам и сочувствително да ги ислушам пред да им дадам совет?‘ (Јаков 1:19).
„Иако родителите постојано ни велат дека можеме слободно да разговараме со нив и дека нема да се налутат, сепак се лутат. Тогаш тинејџерите се чувствуваат изневерени“ (Рејчел).
‚Што можам да направам за да не реагирам лошо кога детето ќе ми каже нешто што ме вознемирува?‘ („Многу пати ќе ѝ се доверев на мајка ми за некои многу лични работи, а таа веднаш ќе им го кажеше тоа на своите пријателки. Долго време немав доверба во неа“ (Шантел).
‚Дали покажувам обѕир кон чувствата на моето дете така што не ги ширам личните работи за кои ми се доверува?‘ (Изреки 25:9).
„Има многу работи за кои би сакала да разговарам со моите родители. Но, ми треба нивна помош да почнам“ (Кортни).
‚Можам ли да преземам иницијатива за да разговарам со моето дете? Кога е најдобро време за разговор?‘ (Проповедник 3:7).
Како родител, може да имаш само корист ако се трудиш да има комуникација помеѓу тебе и твоето дете. Размисли за она што го вели Џунко (17) од Јапонија. „Еднаш ѝ признав на мајка ми дека ми е поубаво кога сум со друштвото од училиште отколку со сохристијаните. Следниот ден, на бирото најдов писмо од неа. Во него пишуваше дека и таа знае како е да немаш пријатели меѓу соверниците. Ме потсети и на поединци од Библијата кои му служеле на Бог дури и кога немало никој друг кој би ги охрабрил. Исто така, ме пофали што се трудам да имам пријатели кои ќе ме изградуваат. Бев изненадена кога дознав дека не сум единствената што има таков проблем. Мајка ми се соочила со истото. Кога го дознав тоа, толку ми беше мило што заплакав. Нејзините зборови многу ме охрабрија и ми дадоа сила да го правам она што е исправно.“
Како што сфатила и мајка ѝ на Џунко, тинејџерите поспремно ќе им се отворат на родителите ако се сигурни дека нивните мисли и чувства нема да наидат на исмевање или критики. Но, што можеш да направиш ако ти се чини дека Римјаните 12:21; 1. Петрово 2:23). Наместо тоа, колку и да ти изгледа тешко, покажи му со пример на своето дете како очекуваш да зборува и да се однесува.
син ти или ќерка ти се изнервирани, па дури и лути кога зборуваат со тебе? Труди се да не возвратиш исто (Имај го ова на ум: додека чекорат кон зрелост, тинејџерите минуваат низ една преодна фаза. Стручњаците забележале дека во овој период, кај адолесцентите има големи осцилации во однесувањето — час се однесуваат многу зрело за годините, час се однесуваат детинесто. Ако забележиш дека ова е случај и кај твоето дете, што можеш да направиш — особено кога се однесува незрело за своите години?
Труди се да не го критикуваш или да се впушташ во детски расправии. Наместо тоа, третирај го како „возрасен во процес на обука“ (1. Коринќаните 13:11). На пример, кога ќе каже нешто детинесто од типот: „Нон-стоп ми наоѓаш маани“, можеби ти доаѓа нервозно да одговориш. Но, ако го направиш тоа, ќе ја изгубиш контролата над разговорот и најверојатно ќе се вовлечеш во расправија. Од друга страна, би можел едноставно да речеш: „Гледам дека сега си нанервиран. Ќе поразговараме за ова подоцна, кога ќе се смириш малку“. Така, ќе ја задржиш контролата над ситуацијата. Го имаш подготвено теренот за разговор, а не за кавга.
ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈА 1 И 2
ПРАВИЛА
Треба ли да одредам време кога да си доаѓа дома?
За да дојдеш до одговорот, замисли се во следнава ситуација: Син ти доцни 30 минути. Слушаш како полека се отвора надворешната врата. ‚Сигурно се надева дека спијам‘, си помислуваш. Но, се разбира, ти си буден. Всушност, ти веќе половина час го чекаш пред вратата. Сега, на ширум отворената врата стои тој, и погледите ви се судираат. Што ќе кажеш? Што ќе направиш?
Имаш неколку можности. Би можел да му прогледаш низ прсти велејќи си: „Такви му се годините“. Или, да отидеш во друга крајност и да речеш: „Пак ќе излезеш кога врбата ќе роди грозје!“ Наместо неконтролирано да избувнеш, најпрво сослушај го за да видиш дали има оправдана причина зошто доцни. Потоа би можел да ја искористиш оваа ситуација за да му помогнеш да научи една важна животна лекција. Како?
Предлог: Кажи му на твоето дете дека за тоа ќе разговарате утре. А потоа, кога ќе процениш дека е погодно време, седни со него и кажи му какви мерки ќе преземеш. Некои родители, кога нивното дете ќе се врати дома доцна, бараат следниот пат да се врати 30 минути порано. Од друга страна, пак, ако детето редовно се враќа дома на време и ако докажало дека ја заслужува твојата доверба, можеби би можел да му дадеш поголема слобода — на пример,
да му дозволиш во некоја прилика да си дојде дома и подоцна. Многу е важно на детето да му биде јасно во колку часот точно очекуваш да се врати и какви мерки ќе преземеш ако го пречекори тоа време. Потоа, стој си на зборот и спроведи ги тие мерки.Но, забележи што вели Библијата: „Вашата разумност нека им биде позната на сите“ (Филипјаните 4:5). Затоа, пред да одредиш кога треба твоето дете да се врати дома, можеби ќе биде добро прво да разговараш со него и да го прашаш во кое време би сакал тој да се врати, и зошто токму тогаш. Земи го предвид неговото мислење. Ако детето покажало дека е одговорно и ако неговиот предлог е разумен, можеби ќе бидеш спремен да направиш некакви отстапки.
Точноста е дел од животот. Тоа што ќе одредиш време кога твоето дете треба да е дома не е само безбедносна мерка, туку и начин да му помогнеш да стекне навика што ќе му користи цел живот (Изреки 22:6).
ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 3, И ВО ТОМ 2, ПОГЛАВЈЕ 22
Што да правам кога не се согласувам со изборот на облека на моите деца?
Размисли за ситуацијата опишана на 77. страница во оваа книга. Замисли си дека Нина е твоја ќерка. Во очи ти паѓа нејзината сукња — според тебе, таа повеќе открива отколку што покрива. Веднаш ѝ велиш: „Оди горе и преоблечи се или нема да одиш никаде!“ Со ваква реакција можеби ќе го добиеш саканиот резултат. На крајот на краиштата, ќерка ти нема друг избор освен да те послуша. Но, како да ја научиш да си го смени и размислувањето, а не само облеката?
● Прво, запамти дека твоите деца мора да бидат свесни исто колку и ти, па дури и повеќе, за последиците од нескромноста. Длабоко во себе, ниеден тинејџер не сака да изгледа глупаво или да привлекува непотребно внимание. * Препорачај им нешто друго.
Стрпливо укажи им на своите деца дека нескромната гардероба не остава убава слика за нив и објасни им зошто.● Второ, биди разумен. Размисли: ‚Дали гардеробата на моето дете прекршува некое библиско начело или само не е по мој вкус?‘ (2. Коринќаните 1:24; 1. Тимотеј 2:9, 10). Ако се работи за вкус, би можел ли да му дозволиш да ја носи?
● Трето, немој да му кажеш на својот тинејџер само што не е прифатливо. Помогни му да најде облека што е во ред. Од помош може да ти бидат прашалниците на страници 82 и 83 од оваа книга. Времето и трудот ќе ти се исплатат!
ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 11
Треба ли да му дозволам на моето дете да игра видеоигри?
Денешните видеоигри се многу поразлични од оние што се играле во твое време. Како родител, како би можел да му помогнеш на твоето дете да ги препознае и да ги избегне можните опасности?
Нема многу да постигнеш ако ги осудиш сите видеоигри или ако догматски тврдиш дека видеоигрите се само губење време. Сепак, не се лоши сите игри. Меѓутоа, факт е дека можат да предизвикаат зависност. Затоа, пресметај колку време троши твоето дете на игри. Размисли и за тоа какви игри сака да игра. Би можел да го прашаш:
● Која игра е најпопуларна меѓу децата на училиште?
● Што се случува во неа?
● Што мислиш, зошто е толку популарна?
Веројатно ќе се изненадиш колку многу знае твоето дете за видеоигрите! Можеби дури и играло некоја игра што Евреите 5:14).
според тебе не би требало да ја игра. Ако е така, пази да не избувнеш. Во ваква ситуација имаш можност да му помогнеш на твоето дете да стекне моќ на согледување (Поставувај му прашања што ќе му помогнат да разбере зошто му се допаѓаат игри што не се за него. На пример, би можел да го прашаш:
● Дали мислиш дека не се вклопуваш со врсниците затоа што некои игри ти се забранети?
Некои млади играат видеоигри за да имаат што да кажат кога зборуваат со децата на училиште. Ако ова е случај и со твоето дете, веројатно нема да го советуваш на ист начин како кога би дознал дека тоа, всушност, ужива во неморални и насилни игри (Колошаните 4:6).
Но, што ако навистина му се допаѓаат лошите работи во игрите? Некои млади веднаш се правдаат дека врз нив не влијаат крвавите сцени. ‚Не значи дека, ако тоа го правам во игра, ќе го направам и во реалноста‘, велат тие. Ако твоето дете размислува на сличен начин, разгледај го со него Псалм 11:5. Овој стих јасно покажува дека Бог ги отфрла не само оние што се насилни, туку и оние што го сакаат насилството. Истото начело важи и за сексуалниот неморал или за кој и да е друг порок што е осуден во Божјата Реч (Псалм 97:10).
Ако видеоигрите претставуваат проблем за твоето дете, обиди се со следниве предлози:
● Не дозволувај детето да игра далеку од погледот на другите, на пример, во неговата соба.
● Постави правила (на пример, не смее да игра ако не му се напишани домашните задачи, ако не сте завршиле со вечерата и слично).
● Истакни колку е корисна физичката активност.
● Гледај ги децата додека играат игри — или, уште подобро, одвреме-навреме играј со нив.
Се разбира, за да им помогнеш на децата да изберат соодветна забава, треба да им дадеш добар пример. Затоа, прашај се: ‚Какви емисии и филмови гледам јас?‘ И биди сигурен дека, ако имаш двојни мерила, твоите деца ќе го забележат тоа!
ВИДИ ВО ТОМ 2, ПОГЛАВЈЕ 30
Што ако моето дете е зависник од мобилен телефон, компјутер или некој друг електронски медиум?
Дали син ти или ќерка ти троши многу време на интернет, праќа и добива премногу СМС-пораки или подобро се сложува со својот MP3-плеер отколку со тебе? Што можеш да направиш во врска со тоа?
Една опција е да му го земеш апаратот. Но, немој сите електронски медиуми да ги етикетираш како лоши. Најверојатно и ти користиш некои електронски уреди што твоите родители ги немале. Затоа, наместо само да го конфискуваш уредот — освен ако нема убедлива причина за тоа — искористи ја приликата за да ги поучиш син ти или ќерка ти како мудро и со мерка да ги користат електронските медиуми. Како би можел да го сториш тоа?
Седнете и зборувајте. Прво, кажи што те загрижува. Второ, слушај што има да каже твоето дете (Изреки 18:13). Трето, најдете практични решенија. Не плаши се да поставиш јасни граници, но биди разумен. Една тинејџерка по име Елена вели: „Кога имав проблем со пишувањето пораки, моите родители не ми го одзедоа телефонот, туку ми поставија некои правила. Со тоа ми помогнаа да не претерувам со пораките, дури и кога тие не ме гледаат“.
Но, што ако син ти или ќерка ти почнат да се бранат? Немој веднаш да помислиш дека џабе си зборувал. Биди стрплив и дај им малку време да размислат. Можеби тие веќе се свесни дека имаат проблем и ќе ги направат потребните промени. Голем број млади се како Хејли, која
вели: „Прво се навредив кога родителите ми рекоа дека сум станала зависник од компјутерот. Но, колку повеќе размислував за тоа, толку појасно ми беше дека се во право“.ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 36
САМОСТОЈНОСТ
Колкава слобода треба да му дадам на моето дете?
Кога станува збор за приватноста, одговорот на ова прашање и не е толку едноставен. На пример, син ти е во својата соба, а вратата му е затворена. Треба ли да му упаднеш
без да тропнеш? Или ќерка ти си го заборавила мобилниот брзајќи на училиште. Треба ли да ѝ ги читаш пораките?Овие прашања не се лесни. Како родител, имаш право да знаеш што прави твоето дете и обврска да внимаваш да не му се случи нешто лошо. Но, не можеш вечно да живееш со сомнежи и да го следиш секој негов чекор. Што ќе ти помогне да најдеш рамнотежа?
Како прво, биди свесен дека неговата желба да има своја приватност не мора секогаш да значи дека прави нешто лошо. Честопати, тоа е знак дека твоето дете созрева. Приватноста им помага на тинејџерите да се осамостојат — да научат да склопуваат пријателства и да ги решаваат проблемите „користејќи го својот разум“ (Римјаните 12:1, 2). Приватноста им помага и да стекнат способност за размислување — способност што е многу важна за да израснат во одговорни возрасни лица. Таа им дава и можност добро да размислат пред да донесат некоја одлука или пред да одговорат на некои сложени прашања (Изреки 15:28).
Како второ, биди свесен дека, ако постојано сакаш да го контролираш животот на твоето дете, кај него може да се родат чувства на огорченост и бунтовност (Ефешаните 6:4; Колошаните 3:21). Дали тоа значи дека треба да му оставиш апсолутна слобода? Не, бидејќи сѐ уште си му родител. Меѓутоа, твојата цел треба да биде да му помогнеш исправно да ја обликува својата совест (5. Мојсеева 6:6, 7; Изреки 22:6). На крајот на краиштата, поуките даваат многу подобри резултати отколку строгиот надзор.
Како трето, разговарај за оваа тема со твојот тинејџер. Внимателно сослушај го додека ти го објаснува своето гледиште. Можеш ли да направиш некои отстапки? Кажи му дека ќе му дадеш извесна мера приватност, под услов да не ти ја изневери довербата. Истакни какви последици ќе сноси ако не е послушен, и стој си на зборот.
Биди сигурен дека на твоето дете можеш да му оставиш простор за приватност без да ја занемариш својата родителска должност.ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈА 3 И 15
Колкаво школување му е доволно на моето дете?
„Наставниците се досадни!“ „Имам премногу за учење!“ „Едвај успевам да добијам преодна оценка, па тогаш зошто воопшто да се мачам?“ Притиснати од вакви проблеми, некои млади се на искушение да го прекинат школувањето пред да ги стекнат вештините што ќе им бидат потребни за да заработуваат. Што би можел да сториш ако твоето дете сака да прекине со школувањето? Обиди се со следново:
● Размисли за ставот што ти го имаш кон образованието. Дали за тебе училиштето било чисто губење време — „затворска казна“ што си морал да ја „одлежиш“ сѐ додека не дошол денот кога си можел да се зафатиш со нешто поважно? Ако да, тогаш ставот на твоите деца е можеби одраз на твојот став. Факт е дека доброто образование ќе им помогне да стекнат ‚мудрост и способност за расудување‘ — карактеристики што им се потребни за да ги остварат своите цели (Изреки 3:21).
● Обезбеди му услови. Некои ученици би можеле да имаат подобри оценки, но или не знаат како да учат, или немаат соодветни услови, како, на пример, уредна маса, добро осветлување и помагала за истражување. Можеш да му помогнеш на детето да напредува — и духовно и општо земено — со тоа што ќе му обезбедиш услови во кои ќе може да размислува за новите работи што ги учи. (Спореди со 1. Тимотеј 4:15.)
● Биди вклучен и ти. На наставниците и на другите педагози гледај како на свои соработници, а не како на непријатели. Запознај се со нив. Разговарај со нив за целите и проблемите на твоето дете. Ако има лоши оценки, обиди се
да сфатиш зошто. На пример, дали твоето дете мисли дека, ако биде добар ученик, другите ќе го малтретираат? Дали има некаков проблем со некој наставник? Дали има проблем со некој предмет? Помогни му на твоето дете да научи да ужива да осознава нови работи, а не да гледа на тоа како на товар. Исто така, проблемот може да биде од физичка природа — на пример, лош вид или тешкотии во учењето.Колку повеќе си вклучен во световното и во духовното образование на твоето дете, толку поголема е веројатноста тоа да успее (Псалм 127:4, 5).
ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 19
Како ќе знам дали син ми или ќерка ми се спремни да живеат самостојно?
Серина, која ја цитиравме во 7. поглавје од оваа книга, се плаши да си замине од дома. Зошто? Таа вели: „Дури и кога сакам да купам нешто со свои пари, татко ми не ме остава. Вели дека тоа е негова должност. Затоа, се плашам од помислата сама да си ги плаќам сметките“. Несомнено, татко ѝ на Серина е добронамерен, но дали мислиш дека ја подготвува својата ќерка еден ден да води домаќинство? (Изреки 31:10, 18, 27).
Дали можеби претерано ги штитиш своите деца, со што само им одмагаш и не ги подготвуваш за идните обврски? Како можеш да дознаеш? Размисли за четирите вештини спомнати во 7. поглавје, под поднасловот „Дали сум спремен?“ — но сега од гледна точка на родител.
Ракување со пари. Дали твоите постари деца знаат како се плаќаат сметките за режиски трошоци или за други давачки? (Римјаните 13:7). Дали можат одговорно да користат кредитна картичка? (Изреки 22:7). Знаат ли да си ја распределат платата, а потоа да трошат во рамките на своите можности? (Лука 14:28-30). Дали го почувствувале задоволството да купат нешто со пари што самите ги заработиле? Го доживеале ли уште поголемото задоволство што произлегува од тоа да трошат од своето време и средства за да им помагаат на другите? (Дела 20:35).
Домашни работи. Дали твоите ќерки и синови знаат да готват? Си ги научил ли да перат и да пеглаат? Ако возат автомобил, можат ли безбедно да сменат осигурувач, масло, дупната гума и слично?
Односи со другите. Дали, кога твоите постари деца имаат несогласувања, секогаш се вмешуваш за да ги смириш или си ги научил самите да најдат мирно решение, а потоа да ти кажат како го решиле проблемот? (Матеј 5:23-25).
Духовни навики. Дали им кажуваш на твоите деца во што треба да веруваат или им помагаш самите да се уверат во тоа? (2. Тимотеј 3:14, 15). Наместо едноставно да одговориш на нивните прашања во врска со религијата и моралот, дали ги учиш да стекнат „способност за расудување“? (Изреки 1:4). Би сакал ли да ги следат твоите навики на лично проучување на Библијата? Или би сакал да имаат и подобри навики од тебе? *
За да ги оспособиш твоите деца на сите овие подрачја, несомнено се потребни време и значителен напор. Но, сето тоа ќе се исплати кога ќе дојде ден да си заминат од дома.
ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 7
СЕКС И ВРСКИ
Треба ли да зборувам со моите деца за секс?
Децата уште на многу рана возраст се запознаваат со темата за секс. Библијата одамна прорекла дека во „последните денови ќе настанат особено тешки времиња“ во кои луѓето ќе бидат „без самосовладување“ и „повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог“ (2. Тимотеј 3:1, 3, 4). Сексот без обврска, кој е во тренд, е само еден од многуте показатели дека ова пророштво се исполнува.
Светот денес во голема мера се разликува од оној во кој си растел ти. Но, во извесна смисла, проблемите се исти. Затоа, немој да мислиш дека не можеш да направиш ништо во врска со лошите влијанија со кои се опкружени твоите деца. Наместо тоа, биди решен да им помогнеш да го прават она на што апостол Павле ги поттикнал христијаните пред околу 2.000 години: „Облечете ја сета Божја воена опрема за да можете да им се спротивставите на Ѓаволовите сплетки“ (Ефешаните 6:11). Всушност, пофално е што многу млади христијани успешно се борат да го прават она што е исправно, и покрај негативните влијанија на кои се изложени. Како можеш да им помогнеш на твоите деца да го сторат истото?
Еден начин е да започнеш разговор користејќи избрани поглавја од 4. дел од оваа книга и од 1. и 7. дел од том 2. Во тие поглавја има стихови кои наведуваат на размислување.
Во некои од тие стихови се зборува за лица кои го правеле тоа што е исправно и пожнеале благослови, но и за лица што не им обрнале внимание на Божјите закони и претрпеле лоши последици. Во други стихови, пак, се содржани начела што можат да им помогнат на твоите деца да увидат колкав благослов е што тие, а и ти, живеете според Божјите закони. Зошто не испланирате наскоро да го разгледате заедно овој материјал?ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈА 23, 25 И 32, И ВО , И ВО , И ВО , И ВО ТОМ 2, ПОГЛАВЈА 4-6, 28 И 29
Треба ли да му дозволам на моето дете да започне врска?
Порано или подоцна, вашето дете сигурно ќе биде ставено во ситуација да размислува дали да почне врска со некого. „Јас дури не морам ништо да правам“, вели Филип. „Девојките сами ме прашуваат дали сакам да излезам со нив, а јас стојам без збор и се прашувам: ‚Што да правам сега?‘ Тешко ми е да ги одбијам зашто некои од нив се навистина убави!“
Најдобро што можете да направите како родители е да разговарате со својот тинејџер за врските, а во тоа може да ви помогне поглавје 1 од том 2. Дознај што мисли твојот син или ќерка за предизвиците што ги има на училиште, па дури и во христијанското собрание. Такви разговори би можеле да почнете во секоја прилика, на пример, ‚кога седите во својата куќа и кога одите по пат‘ (5. Мојсеева 6:6, 7). Сеедно во каква ситуација ќе разговарате, мисли на тоа дека треба да бидеш „брз на слушање, а бавен на зборување“ (Јаков 1:19).
Ако син ти или ќерка ти ти кажат дека им се допаѓа некој од спротивниот пол, немој да креваш паника. „Кога татко ми дозна дека имам дечко, многу се налути!“, вели една тинејџерка. „Се обиде да ме исплаши со куп прашања за тоа дали сум спремна за брак — а кога си млад, тоа може
само да те натера да сакаш да ја продолжиш врската и да докажеш дека родителите не се во право!“Ако твојот тинејџер знае дека во вашиот дом не смее ни да се спомне за врска со некого, може да се случи нешто трагично — може да почне тајна врска. „Кога родителите претеруваат“, вели една девојка, „само ги тераат децата уште повеќе да ја кријат врската. Нема да ја прекинат. Само стануваат попрепредени.“
Многу повеќе ќе постигнеш ако зборуваш отворено. Бритни (20), вели: „Моите родители секогаш зборуваат отворено со мене за врските. Ним им е важно да знаат кој ми се допаѓа, и мислам дека тоа е убаво. Потоа татко ми разговара со оној што ми се допаѓа. Ако сметаат дека има причина за загриженост, татко ми и мајка ми ќе ми кажат. Обично, сфаќам дека тој не е за мене уште пред да почнам да размислувам за врска“.
Но, откако го прочита поглавје 2 во том 2, сигурно се прашуваш: „Дали син ми или ќерка ми би имале врска зад мој грб?“ Види што велат повеќемина млади за тоа зошто некои може да ги привлекува идејата да бидат во тајна врска. Потоа размисли за прашањата што се наведени.
„Некои тинејџери сметаат дека родителите не ги разбираат, па затоа одлучуваат да си најдат дечко или девојка на кого ќе можат да се потпрат“ (Венди).
Како можеш ти, како родител, да се погрижиш да бидат задоволени емоционалните потреби на твоите деца? Дали можеби треба да смениш нешто за да се подобриш во овој поглед? Што би било тоа?
„Кога имав 14 години, еден ученик што преку размена на ученици беше дојден од друга земја ме праша дали сакам да му бидам девојка. Се согласив. Си мислев дека би било убаво да имам дечко кој ќе ме прегрне“ (Дајана).
Да беше Дајана твоја ќерка, како ќе реагираше ти?
„Со мобилните телефони многу е лесно да одржуваш тајна врска. Родителите немаат поим што се случува!“ (Анета).
Кои мерки на препазливост можеш да ги преземеш во врска со мобилните телефони?
„Многу е лесно да имаш тајна врска кога родителите не обрнуваат многу внимание на тоа што прават нивните деца и со кого“ (Томас).
Што можеш да направиш за да бидеш повеќе вклучен во животот на твоето дете, но сепак да му оставиш доволно слобода?
„Родителите често не се дома. Или, пак, имаат преголема доверба и ги пуштаат децата да одат на разни места со други луѓе“ (Николас).
Размисли за најдобриот другар на твоето дете. Знаеш ли што прават кога се заедно?
„Некои може да почнат тајна врска затоа што нивните родители се претерано строги“ (Пол).
Без да ги кршиш библиските закони и начела, што можеш да направиш за ‚твојата разумност да им биде позната на сите луѓе‘? (Филипјаните 4:5).
„Како тинејџерка имав многу мала самопочит и копнеев по внимание. Почнав да му праќам мејлови на едно момче од соседното собрание и се заљубив во него. Тој правеше да се чувствувам посебно“ (Линда).
Знаеш ли некој подобар начин на кој Линда можела да си ја задоволи потребата дома?
Зошто не ги искористиш 2. поглавје од том 2 и овој дел од Додатокот за да зборуваш со син ти или со ќерка ти? Најдобар начин да нема тајни меѓу вас е ако искрено и отворено разговарате (Изреки 20:5).
ВИДИ ВО ТОМ 2, ПОГЛАВЈА 1-3
ЧУВСТВА
Како да реагирам ако моето дете зборува за самоубиство?
Во некои земји, бројот на самоубиства достигнува алармантни размери. На пример, во Македонија, самоубиството е втора главна причина за насилна смрт кај младите на возраст под 25 години. Најзагрозена група се младите што патат од некоја душевна болест, оние во чие семејство некој извршил самоубиство и оние што веќе се обиделе да го сторат тоа. Како ќе препознаете дали некој млад можеби размислува да си го одземе животот? Еве неколку знаци:
● Не разговара со семејството и со пријателите
● Не јаде и не спие како порано
● Не е заинтересиран за активности во кои порано уживал
● Многу е сменет како личност
● Се дрогира или претерано пие
● Се откажува од предмети што му се многу драги
● Зборува за смрт и е преокупиран со такви теми
Една од најголемите грешки што би можел да ја направи еден родител е да ги игнорира ваквите знаци. Сфати ги сериозно сите закани. Немој избрзано да заклучиш дека твоето дете само минува низ некоја тешка фаза.
Исто така, ако син ти или ќерка ти страдаат од тешка депресија или од некое друго душевно растројство, немој да се срамиш да побараш стручна помош. Ако се посомневаш дека твоето дете помислува на самоубиство, разговарај со него за тоа. Погрешно е да мислиш дека, ако со него разговараш за самоубиство, уште повеќе ќе го поттикнеш да си го одземе животот. Всушност, кога родителите ќе ја начнат оваа тема, многу млади се спремни за разговор. Затоа, ако твојот тинејџер признае дека има вакви мисли, дознај дали испланирал како да си го скрати животот и колку детално го направил тоа. Колку подетален му е планот толку побрзо треба да преземеш нешто.
Немој да се залажуваш дека депресијата ќе помине сама од себе. Дури и ако изгледа дека му поминува, немој да мислиш дека проблемот е решен. Напротив, тоа може да е најопасниот момент. Зошто? Затоа што, еден тинејџер што е потонат во тешка депресија обично нема доволно сила и волја да си го одземе животот. Но, кога ќе излезе од депресијата и ќе му се врати силата, може да биде доволно јак за да го спроведе својот план.
Жално е тоа што многу млади помислуваат на самоубиство кога ќе паднат во очај. Ако ги забележат и ако реагираат на знаците што ги даваат младите, родителите и другите грижливи возрасни лица ќе можат да ‚ги тешат потиштените души‘, и со тоа да ги заштитат (1. Солуњаните 5:14).
ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈА 13 И 14, И ВО ТОМ 2, ПОГЛАВЈЕ 26
Треба ли да кријам од децата дека тажам?
Загубата на брачниот другар е многу болна. Но, не заборавај дека сега си му многу потребен на твојот тинејџер. * Обиди се со следново:
Како можеш да му помогнеш да се справи со тагата додека и самиот се бориш со неа?● Немој да ги криеш чувствата. Многу важни животни лекции твоето дете ги има научено набљудувајќи те. Истото важи и сега — гледајќи те, син ти учи како да се справи со тагата. Затоа, немој да мислиш дека мораш да покажеш дека си цврст и да криеш од него дека жалиш. Така само го учиш да постапува на ист начин. Но, кога ја изразуваш својата емоционална болка, син ти учи дека обично е подобро чувствата да се изразат, а не да се потиснуваат, и дека е нормално кај него да се јават чувства на тага, очај, па дури и гнев.
● Поттикни го да зборува. Помогни му на син ти да си каже што го мачи, но без да го присилуваш. Ако тоа не му е лесно, би можеле заедно да го разгледате 16. поглавје од оваа книга. Разговарај со него и за драгите спомени за твојот починат брачен другар. Признај дека ќе ти биде многу тешко без него. Додека те слуша како ги изразуваш своите чувства, твојот син учи како треба и самиот да го прави тоа.
● Биди свесен за своите ограничувања. Сосема е нормално во овој тежок период да сакаш да му се најдеш на твоето дете кога и да си му потребен. Но, запомни дека и тебе те погодува загубата на твојот сакан брачен другар. Тоа значи дека извесно време ќе бидеш во лоша психичка, физичка и емоционална состојба (Изреки 24:10). Затоа, можеби ќе треба да побараш помош од други возрасни членови на семејството и поддршка од зрели пријатели. Тоа што ќе побараш помош е знак на зрелост. Во Изреки 11:2 стои: „Мудроста е кај скромните“.
Најголема поддршка можеш да добиеш од самиот Јехова Бог, кој на своите слуги им ветува: „Јас, Јехова, твојот Бог, те држам за десницата и ти велам: ‚Не плаши се! Јас ќе ти помогнам‘“ (Исаија 41:13).
ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 16
Како да ѝ помогнам на ќерка ми разумно да гледа на диетите?
Што можеш да направиш ако твојата ќерка има нарушување во исхраната? * Прво, обиди се да разбереш зошто дошло до тоа.
Забележано е дека мнозина од оние што имаат нарушување во исхраната имаат мала самопочит и по природа се перфекционисти со неразумно високи очекувања од себеси. Потруди се да не придонесеш за ваквите одлики. Помогни ѝ на својата ќерка да има поголема самодоверба (1. Солуњаните 5:11).
Исто така, добро преиспитај го својот став кон храната и кон тежината. Дали несвесно ставаш преголем акцент на овие работи, сеедно дали со збор или со пример? Не заборавај, младите се премногу свесни за својот изглед. Дури и ако само на шега ѝ речеш дека е „буци“ или дека телото некако почнува да ѝ се заоблува, тоа може да предизвика во умот на една осетлива тинејџерка да се родат погрешни идеи.
Откако под молитва добро ќе размислиш за овие работи, отворено разговарај со својата ќерка. Обиди се со следниве предлози:
● Внимателно испланирај што ќе кажеш и кога ќе го кажеш тоа.
● Отворено кажи дека си загрижен и дека сакаш да помогнеш.
● Немој да се изненадиш ако првата реакција е одбранбен став.
● Слушај стрпливо.
Што е најважно, биди вклучен во напорите на ќерка ти да го совлада нарушувањето. Борете се заедно како семејство!
ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 10, И ВО ТОМ 2, ПОГЛАВЈЕ 7
ДУХОВНОСТ
Кога децата ќе влезат во пубертет, како да продолжам да ги поучувам за духовните вредности?
Библијата кажува дека Тимотеј бил поучуван за духовни работи „од рано детство“, а како родител, сигурно и ти си го правел истото со своите деца (2. Тимотеј 3:15). Но, сега, кога децата влегуваат во тинејџерски години, можеби ќе треба да го приспособиш начинот на почување за да одговара на новите околности. Во тие години децата почнуваат да сфаќаат посложени, апстрактни поими што како помали не можеле да ги разберат. Сега, повеќе од кога и да е порано, ќе треба да ги поттикнуваш ‚да го користат својот разум‘ (Римјаните 12:1).
Кога му пишал на Тимотеј, Павле ги спомнал работите што Тимотеј ‚ги научил и во кои се уверил‘ (2. Тимотеј 3:14). Можеби твоите деца сега ќе треба ‚да се уверат‘ во библиските вистини што ги знаат уште од рано детство. За да им помогнеш во тоа, треба повеќе отколку само да им кажеш што да прават или во што да веруваат. Самите мора да го сфатат тоа. Што можеш да направиш ти? Почни така што ќе им овозможиш многу прилики да размислуваат и да зборуваат за прашања како овие:
● Што ме уверува дека Бог постои? (Римјаните 1:20).
● Како да знам дека она за што ме поучуваат родителите од Библијата е вистината? (Дела 17:11).
● Што ме уверува дека библиските мерила се за мое добро? (Исаија 48:17, 18).
● Што ми гарантира дека библиските пророштва ќе се исполнат? (● Што ме уверува дека ништо во овој свет не може да се спореди со „ненадминливата вредност на познавањето на Христос Исус“? (Филипјаните 3:8).
● Што ми значи мене Христовата откупна жртва? (2. Коринќаните 5:14, 15; Галатите 2:20).
Можеби се прашуваш дали е паметно да ги поттикнеш своите деца да размислуваат за вакви прашања, од страв дека не ќе можат да си ги одговорат. Но, тоа е исто како да не сакаш да погледнеш на мерачот за гориво во автомобилот од страв дека може да покаже дека резервоарот е празен. Сепак, најдобро е да го дознаеш тоа додека сѐ уште можеш да направиш нешто! По истата логика, сега — додека твоите деца сѐ уште живеат дома со тебе — е најдоброто време да им помогнеш да размислуваат за својата вера и ‚да се уверат‘ во она што го учи Библијата. *
Запамти, нема ништо погрешно во тоа да ги поттикнеш син ти или ќерка ти да се запрашаат: „Зошто верувам?“ Дајана (22) се сеќава дека го правела тоа кога била тинерјџерка. „Не сакав да бидам несигурна во врска со моите верувања“, вели таа. „Тоа што дојдов до јасни, уверливи одговори ми помогна да сфатам дека сакам да бидам Јеховин сведок. Кога и да ме распрашуваше некој зошто не сакам да правам нешто, наместо да речам: ‚Тоа е спротивно на мојата религија‘, велев: ‚Јас сметам дека тоа не е исправно‘. Со други зборови, гледиштето на Библијата стана мое гледиште.“
Предлог: За да дознаеш како размислува син ти или ќерка ти во врска со библиските мерила, кога ќе се појави некој проблем, предложи тој/таа да ја има улогата на родител. На пример, да речеме дека ќерка ти те прашува дали ќе ја пуштиш да оди на некоја забава за која ти (а веројатно и таа) знаете дека нема да биде како што треба. Наместо едноставно поглавје 37 од оваа книга и поглавје 32 од том 2) и утре дојди пак да зборуваме. Ќе си ги смениме улогите — јас ќе бидам ти и ќе те прашам дали ќе ме пуштиш да одам на забавата, а ти ќе бидеш родителот и ќе ми кажеш дали е добра идеја да одам или не‘.
да речеш ‚не‘, би можел да кажеш нешто во овој стил: ‚Би сакал да се ставиш на мое место. Размисли за забавата на која сакаш да одиш, истражувај малку (можебиВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 38, И ВО , И ВО , И ВО ТОМ 2, ПОГЛАВЈА 34-36
Нашиот тинејџер повеќе не го интересираат духовни работи. Што да правиме?
Прво, немој избрзано да заклучиш дека твојот тинејџер ја отфрлил твојата вера. Обично има причина за тоа што го изгубил интересот. На пример, можеби тој...
● е под притисок од врсниците и се плаши да биде поинаков од нив со тоа што ќе се држи за библиските начела
● гледа дека другите млади (дури и неговите родени браќа или сестри) се многу подобри христијани и смета дека тој никогаш не би можел да биде како нив
● сака да има пријатели, но се чувствува осамен или како да не припаѓа меѓу соверниците
● гледа дека други млади „христијани“ водат двоен живот
● се труди да се пронајде себеси, да се изгради како личност и затоа чувствува потреба да ги преиспита вредностите што тебе ти се драги
● гледа дека другите на училиште слободно го прават она што е погрешно, а навидум не трпат никакви последици
● се труди да ја придобие наклоноста на родителот што не е Сведок
Значајно е што ваквите причини немаат никаква врска со учењата на твојата религија. Тие обично повеќе се поврзани со околностите поради кои не му е лесно да живее во склад со своите верувања — барем засега. Тогаш, што можеш да направиш за да го охрабриш својот тинејџер?
Прави отстапки, без да ги прекршуваш библиските мерила. Труди се да сфатиш зошто твојот тинејџер е обесхрабрен и направи некои промени за тој да има подобра средина во која ќе напредува духовно (Изреки 16:20). На пример, прашалникот „Како против притисокот од врсниците“ на страници 132 и 133 во том 2 може да му влее самодоверба на твоето дете за да не се плаши толку да се соочи со децата на училиште. Или ако е осамен, можеби ќе треба да преземеш нешто за да му помогнеш да си најде добри пријатели.
Замоли некој зрел христијанин да му помага. Понекогаш на младите им е од голема помош кога некој возрасен што не е од нивното семејство ги храбри и им обрнува внимание. Познаваш ли некој чиј став кон духовните работи може да го мотивира и твоето дете? Зошто не се договориш со тоа лице да се дружи со син ти или ќерка ти? Твојата цел не е да ја префрлиш одговорноста на друг. Но, размисли за Тимотеј. Нему многу му помогнал примерот на апостол Павле, а на Павле му било од помош друштвото на Тимотеј (Филипјаните 2:20, 22).
Додека твоето дете живее со тебе, имаш право да бараш од него да се придржува за твојот распоред на духовни активности. Меѓутоа, твојата цел е да всадиш во него љубов кон Бог, а не само да изнудиш од него да ги прави работите механички. За да му помогнеш да ја прифати вистинската религија, дај му пример што вреди да го следи. Имај разумни очекувања. Замоли некој зрел христијанин да му помага и потруди се да најде добро друштво. Можеби еден ден твоето дете, исто како псалмистот, ќе рече: „Јехова е моја спила, моја тврдина и мој избавител“ (Псалм 18:2).
ВИДИ ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 39, И ВО , И ВО ТОМ 2, ПОГЛАВЈА 37 И 38
[Фусноти]
^ пас. 23 Но, немој да ги користиш неговите чувства на вина за да го натераш да направи нешто.
^ пас. 64 На тинејџерите обично им е важен изгледот на нивното тело, затоа внимавај на своето дете со ништо да не му оставиш впечаток дека нешто не е во ред со неговиот изглед.
^ пас. 113 Види ги страници 315-318.
^ пас. 161 Заради едноставност, на детето ќе се осврнуваме во машки род. Меѓутоа, начелата за кои се дискутира важат и за двата пола.
^ пас. 168 Заради едноставност, на детето ќе се осврнуваме во женски род. Меѓутоа, начелата за кои се дискутира важат и за двата пола.
^ пас. 188 Поглавје 36 од том 2 може да им помогне на младите да го користат својот разум за да се уверат дека Бог постои.