Како да се заштитам од сексуални напасници?
Поглавје 32
Како да се заштитам од сексуални напасници?
Секоја година, милиони луѓе се силувани или на некој начин се сексуално злоупотребувани, а истражувањата покажуваат дека главна цел се младите. На пример, се проценува дека во САД околу половина од сите жртви на силување се под 18 години. Бидејќи сексуалната злоупотреба е толку раширена, многу е важно да ја разгледаме оваа тема. *
„Пред да бидам свесна што се случува, ме зграпчи и ме фрли на земја. Пробав да се бранам на секој можен начин. Извадив бибер-спреј, но ми го изби од раката. Се обидов да вриштам, но од белите дробови ми излегуваше само воздух. Го буткав, го клоцав, го удирав и го гребев. Тогаш почувствував како ножот ми ја пробива кожата. Ја изгубив сета сила“ (Анета)
СЕКСУАЛНИТЕ напасници денес ги има на секој чекор, а често жртви им се младите. Некои, како Анета, биле нападнати од непознат човек. Други, пак, се нападнати од некој што го познаваат. Тоа ѝ се случило на Натали, која имала само 10 години кога ја силувал еден тинејџер од соседството. „Толку ми беше страв и срам што отпрвин не кажав на никого“, вели таа.
Многу млади се жртви на некој од своето семејство. „Во периодот помеѓу мојата 5 и 12 година, татко ми сексуално
ме злоупотребуваше“, раскажува една жена по име Кармен. „Конечно се соочив со него кога имав 20 години. Рече дека му е жал, но по неколку месеци ме избрка од дома.“Вознемирува фактот што денес има толку многу случаи на сексуална злоупотреба од страна на некој сосед, пријател или член на семејството. * Но, нападите врз млади луѓе не се ништо ново. Такви ужаси имало и во времето кога била пишувана Библијата (Јоил 3:3; Матеј 2:16). Денес живееме во особено тешки времиња. Многу луѓе се „бесчувствителни кон другите“ и многу често се случува девојчињата (па дури и момчињата) да бидат сексуално злоупотребувани (2. Тимотеј 3:1-3). Иако мерките на претпазливост не се гаранција дека ќе бидеш безбедна, сепак можеш многу да направиш за да се заштитиш. Разгледај ги следниве предлози:
Биди претпазлива. Кога си надвор, биди свесна за она што се случува пред тебе, зад тебе и наоколу. За некои делови од градот се знае дека се опасни, особено навечер. Колку што е можно, или избегнувај ги тие места или барем гледај да не си сама таму (Изреки 27:12).
Не оставај погрешен впечаток. Немој да флертуваш или да се облекуваш провокативно. Тоа може да остави впечаток дека си заинтересирана за секс — или барем дека не би имала ништо против (1. Тимотеј 2:9, 10).
Поставете граници. Ако си во врска, зборувај со дечкото какво однесување е во ред, а какво не. * Кога ќе поставите граници, не се доведувај во незгодни ситуации во кои би можела бидеш жртва на полов напад (Изреки 13:10).
Кажи си го ставот јасно и гласно. Нема ништо погрешно ако цврсто речеш: „Немој!“ или „Тргни ги рацете од мене!“ Немој да молчиш од страв дека ќе го изгубиш дечкото. Ако ти раскине поради тоа, таков човек не ти ни
треба! Ти заслужуваш вистински маж кој ќе ги почитува и твоето тело и твоите начела.Внимавај кога си на интернет. Никогаш немој да даваш лични информации или да ставаш фотографии на кои се гледа каде би можел некој да те најде. * Ако добиеш порака со сексуална содржина, обично најдобар одговор е да не одговориш. Повеќето сексуални напасници на интернет остануваат немоќни кога ќе наидат на молк.
Со овие чекори ги намалуваш шансите да бидеш нападната (Изреки 22:3). Но, реално гледано, можеби нема секогаш да имаш целосна контрола над околностите. На пример, можеби нема секогаш да имаш друштво до некаде или не ќе можеш да избегнеш некои опасни места. Можеби дури и живееш во опасно место.
Можеби на своја кожа си осетила дека лоши работи може да ти се случат иако правиш сѐ што можеш за да избегнеш проблеми. Исто како Анета, која беше цитирана во почетокот, можеби и ти си била фатена на препад и си била совладана. Или, како Кармен, можеби си била злоставувана како дете и си била немоќна да ја контролираш ситуацијата — па дури и потполно да сфатиш што се случува. Како да се носиш со вината што често ги измачува оние што биле сексуално злоупотребувани?
Како со чувствата на вина
Анета сѐ уште се бори со чувства на вина поради она што ѝ се случило. „Самата сум си својот најголем непријател“, вели таа. „Постојано си ја премотувам таа вечер во мислите. Си велам дека требаше посилно да му се спротивставам. Факт е дека, откако ме прободе, останав парализирана од страв. Не можев да направам ништо повеќе, но мислам дека требаше.“
И Натали се бори со чувства на вина. „Не требаше толку лесно да полагам доверба во
луѓето“, вели таа. „Родителите ни имаа поставено правило јас и сестра ми секогаш да бидеме заедно кога си играме надвор, но не ги послушав. Затоа, мислам дека јас му дадов можност на соседот да ме повреди. Она што се случи го погоди моето семејство и се чувствувам одговорна што им нанесов толкава болка. Тоа најмногу ме мачи.“Ако и ти имаш слични чувства како Анета и Натали, што можеш да направиш? Прво, не заборавај дека тоа што си била силувана не било по твоја волја. Некои го прикажуваат силувањето како да не е голема работа со тоа што велат: „Што да правиш — машки си се машки“ или дека жртвите сами си го барале. Но, никој не заслужува да биде силуван. Ако и ти си била жртва на такво гнасно дело, тоа не е твоја вина!
Се разбира, лесно е да прочиташ „тоа не е твоја вина“, но многу потешко е да се убедиш дека е така. Некои го закопуваат длабоко во себе она што се случило и се измачуваат со чувства на вина и со други негативни емоции. Меѓутоа, ако молчиш, кому му правиш услуга — себеси или на оној што те силувал? Имаш и друга опција — подобра опција.
Кажи
Библијата ни кажува дека во моментите кога му било најтешко, праведниот Јов рекол: „Отворено ќе ја изразам грижата што ја чувствувам поради својата состојба. Ќе зборувам од горчина во душата“ (Јов 10:1). И тебе ќе ти биде полесно ако го направиш истото. Ако му кажеш на некој доверлив пријател што се случило, со текот на времето тоа може да ти помогне да научиш да живееш со таа грозна случка и да си олесниш на душата.
Всушност, ако си христијанка, многу е важно да зборуваш за силувањето со собраниските старешини. Утешните зборови од грижливите пастири можат да те уверат дека, како жртва на силување, ти не си извалкана поради гревот на некој друг. Анета и самата се уверила во тоа. Таа вели: „Зборував со една блиска пријателка која ме поттикна да им кажам на старешините од моето собрание. И мило ми е што го направив тоа. Тие неколкупати разговараа со мене и ми го кажаа токму она што ми требаше — дека јас не сум крива за она што се случи. Ништо од тоа не беше моја вина“.
Псалм 37:8). Може да ти помогне и да се чувствуваш подобро, можеби првпат по многу години. Натали се почувствувала така откако им кажала на родителите дека била силувана. „Тие ми ја дадоа сета поддршка што ми требаше“, вели таа. „Ме поттикнаа отворено да зборувам, а тоа ми помогна да не бидам толку потиштена и гневна.“ Многу ѝ помогнала и молитвата. „Голема помош ми беше тоа што зборував со Бог“, вели таа, „особено во моментите кога не можев да зборувам со никој друг. Кога се молам, можам сѐ да му кажам на Јехова. Така чувствувам вистински мир и спокој.“ *
Тоа што ќе зборуваш за она што се случило и ќе кажеш како се чувствуваш, може да ти помогне да не те јадат гнев и огорченост (Ќе видиш дека има „време за лекување“ (Проповедник 3:3). Потпри се на пријателите што те поддржуваат и кои се слични на старешините за кои се вели дека се како „засолниште од ветар и како прибежиште од бура“ (Исаија 32:2). Води сметка за твоето физичко и емоционално здравје. Одморај се доволно. И што е најважно, потпирај се на Јехова, Богот на секоја утеха, кој наскоро ќе воспостави еден нов свет во кој „оние што прават зло, ќе бидат истребени, а оние што се надеваат на Јехова, ќе ја поседуваат земјата“ (Псалм 37:9).
[Фусноти]
^ пас. 3 Иако ова поглавје е упатено до девојките, советите важат и за момчињата.
^ пас. 7 Во некои случаи девојката може да ја силува оној со кого излегува — или така што ќе ја принуди на секс или така што ќе ја издрогира за да ја наведе на секс.
^ пас. 10 Нешто повеќе можеш да прочиташ во том 2, поглавје 4.
^ пас. 12 Нешто повеќе можеш да прочиташ во том 2, поглавје 11.
^ пас. 23 Понекогаш оние што биле силувани може да доживеат тешка депресија. Во таков случај, можеби е најдобро да се побара совет од лекар. Нешто повеќе во врска со тоа како да се носиш со негативните чувства можеш да прочиташ во 13. и 14. поглавје од оваа книга.
КЛУЧЕН СТИХ
„Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви... бесчувствителни кон другите... без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата“ (2. Тимотеј 3:1-3)
ПРЕДЛОГ
Ако и ти си била жртва на сексуална злоупотреба, направи си список со стихови што можат да ти дадат утеха. Некои такви стихови се: Псалм 37:28; 46:1; 118:5-9; Изреки 17:17 и Филипјаните 4:6, 7.
СИ ЗНАЕЛА ЛИ ДЕКА . . . ?
Во САД, над 90 отсто од малолетните жртви го познавале оној што ги силувал.
ПЛАН!
Кога ќе ми надојдат чувства на вина поради она што се случи, ќе ․․․․․
Во врска со оваа тема, би сакала да ги прашам родителите ․․․․․
ШТО МИСЛИШ?
● Како ќе ти користи ако зборуваш за силувањето?
● Што може да ти се случи тебе и на други ако молчиш?
[Истакната мисла на страница 232]
„Многу е тешко да кажеш некому дека си била силувана, но тоа е најдоброто нешто што можеш да го сториш. Така ќе можеш да се ослободиш од тагата и гневот и да си ја повратиш силата“ (Натали)
[Рамка на страница 230]
„Ако ме сакаш...“
Еден вид на сексуални напасници не ги присилуваат девојките на секс, туку подмолно манипулираат со нивните чувства. Како? Им кажуваат работи како: „Сите други имаат секс“, „Никој нема да дознае“ или, како што беше спомнато во 24. поглавје од оваа книга, „Ако ме сакаш, ќе го направиш тоа“. Не дозволувај некое момче да те убеди дека сексот и љубовта се едно исто. Факт е дека секој што размислува така гледа само да си ги задоволи своите нагони. Тој не мисли на тебе или на твоето добро. За разлика од тоа, вистинскиот маж ќе го стави твоето добро пред своето и ќе покаже дека има сила да се држи за Божјите морални мерила (1. Коринќаните 10:24). Еден вистински маж нема да ги третира девојките како сексуални објекти. Тој ќе ги гледа „помладите жени како сестри — со сета чистота“ (1. Тимотеј 5:1, 2).
[Слика на страница 233]
Чувствата што ги имаш поради силувањето може да ти бидат претежок товар. Зошто не си помогнеш со тоа што ќе зборуваш со некого?