Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како да стекнам поголема самопочит?

Како да стекнам поголема самопочит?

Поглавје 12

Како да стекнам поголема самопочит?

Да Не

Дали си задоволен кога □ □

ќе се погледнеш во огледало?

Мислиш ли дека има нешто □ □

во што си добар?

Можеш ли да се носиш со □ □

притисокот од врсниците?

Можеш ли да прифатиш □ □

оправдана критика?

Можеш ли да се справиш со □ □

неоснованите забелешки на другите?

Се чувствуваш ли сакан? □ □

Водиш ли сметка за своето здравје? □ □

Се радуваш ли на успехот на другите? □ □

Дали, во глобала, се сметаш себеси □ □

за успешен?

Ако на неколку од овие прашања одговори со ‚не‘, веројатно поради твојата ниска самопочит не ги гледаш твоите јаки страни. Ова поглавје има за цел да ти помогне да ги видиш!

ПОВЕЌЕТО млади се борат со чувство дека не се доволно убави или дека не се способни како другите. Дали и тебе те мачат вакви чувства? Ако да, биди свесен дека не си ни прв ни последен!

„Се разочарувам кога гледам колку маани имам. Обично самата сум си најстрогиот судија“ (Лора).

„Колку и да си убав, секогаш има некој што е поубав од тебе“ (Христина).

„Многу сум срамежлива во друштво. Страв ми е дека другите ќе ме сметаат за ‚лузер‘“ (Рејчел).

Ако овие изјави ти звучат многу познато, не очајувај. Има решение. Разгледај три работи со кои можеш да си ја зголемиш самопочитта и кои ќе ти помогнат да имаш позитивно гледиште за себе.

Прави нешто за другите

Главен стих. „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35).

Што вклучува тоа. Кога им помагаш на другите, си помагаш и себеси. Како? Една библиска изрека вели: „Душата која великодушно дава, и самата ќе биде добро нахранета, и кој обилно ги напојува другите и самиот ќе биде обилно напоен“ (Изреки 11:25). Во ова можеш да бидеш сигурен — ако им помагаш на другите, ќе имаш подобро мислење за себе! *

„Размислувам што би можела да направам за другите и се трудам да им помагам на браќата и сестрите од моето собрание. Кога им покажувам љубов на другите и им посветувам внимание, се чувствувам поубаво“ (Бријана).

„Христијанската служба влијае многу позитивно бидејќи те тера да престанеш да мислиш на себе и да почнеш да мислиш на другите“ (Марко).

Предупредување: Немој да им помагаш на другите само за да добиеш нешто за возврат (Матеј 6:2-4). Ништо не ти вреди ако даваш од погрешни мотиви. Обично тоа може лесно да се види! (1. Солуњаните 2:5, 6).

Пополни. Сети се на некој кому си му помогнал порано. Кој беше тоа, и што направи за него?

․․․․․

Како се чувствуваше потоа?

․․․․․

Размисли на кого друг би можел да му помогнеш, и напиши како.

․․․․․

Најди добри пријатели

Главен стих. „Вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17).

Што вклучува тоа. Кога ти е тешко, добриот пријател може да ти биде извор на голема сила (1. Самоилова 18:1; 19:2). Самата помисла дека некому му значиш може емоционално да те подигне (1. Коринќаните 16:17, 18). Затоа, биди близок со оние што влијаат позитивно на тебе.

„Вистинските пријатели нема да дозволат да останеш потиштен“ (Даниел).

„Понекогаш е најважно да знаеш дека некој вистински те сака. Тоа ти дава чувство дека вредиш нешто“ (Елена).

Предупредување: Пред пријателите треба да се чувствуваш слободен да бидеш она што навистина си, а не да се правиш нешто што не си (Изреки 13:20; 18:24; 1. Коринќаните 15:33). Ако си спремен да правиш глупости колку да се покажеш пред другите, само ќе се чувствуваш понижен и искористен (Римјаните 6:21).

Пополни. Напиши го името на некој пријател кој може да ти ја зголеми самопочитта, но без да претерува.

․․․․․

Зошто не се потрудиш да поминуваш повеќе време со него? (Забелешка: Лицето не мора да е на твоја возраст.)

Не се откажувај кога ќе згрешиш

Главен стих. „Сите згрешија и не ја одразуваат Божјата слава“ (Римјаните 3:23).

Што вклучува тоа. Од едно нема бегање — несовршен си. Тоа значи дека на моменти ќе кажеш или ќе направиш нешто погрешно (Римјаните 7:21-23; Јаков 3:2). Не можеш да избегнеш да правиш грешки, но сепак можеш да се контролираш како ќе реагираш кога ќе згрешиш. Библијата вели: „Ако праведникот падне и седум пати, пак ќе стане“ (Изреки 24:16).

„Понекогаш чувствуваме ниска самопочит кога нашите слабости ги споредуваме со нечии јаки страни“ (Кевин).

„Секој си има и добри и лоши особини. Треба да се гордееме со добрите и да се трудиме да ги поправиме лошите“ (Лорен).

Предупредување: Немој да ја користиш несовршеноста како изговор да правиш грев (Галатите 5:13). Ако намерно грешиш, ќе го изгубиш најважното нешто — доброто мислење што Јехова го има за тебе (Евреите 10:26, 27).

Пополни. Напиши една особина во која би сакал да се подобриш.

․․․․․

До особината што ја наведе напиши го денешниот датум. Побарај материјал што ќе ти помогне да се подобриш и по еден месец провери како ти оди.

Твојата вистинска вредност

Библијата вели дека „Бог е поголем од нашето срце“ (1. Јованово 3:20). Меѓу другото, тоа значи дека тој гледа кај тебе нешто добро за кое можеби ти не си ни свесен. Но, дали твоите маани го менуваат тоа? Па, замисли си дека имаш една банкнота од 1.000 денари која е поткината. Дали поради тоа ќе ја фрлиш или ќе ја сметаш за безвредна? Нормално дека не! Таа сѐ уште вреди 1.000 денари — без разлика што е поткината.

Така и Бог гледа на тебе. Тој ги гледа твоите маани, но ја гледа и твојата вредност. Го забележува и го цени трудот што го вложуваш за да ги правиш работите исправно, сеедно колку безначајно ти изгледа тоа тебе! Библијата ни го дава ова уверување: „Бог не е неправеден, па да го заборави вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име“ (Евреите 6:10).

ВО СЛЕДНОТО ПОГЛАВЈЕ:

Дали понекогаш те обзема длабока тага? Што може да ти помогне?

[Фуснота]

^ пас. 21 Ако си Јеховин сведок, помисли колкава радост може да чувствуваш ако разговараш со другите за Божјето Царство (Исаија 52:7).

КЛУЧЕН СТИХ

„Секој нека го испита своето дело, па ќе има причина за задоволство во самиот себе, а не споредувајќи се со други“ (Галатите 6:4)

ПРЕДЛОГ

Немој да си кажуваш работи како ‚Секогаш грешам‘ и ‚Ништо не правам како што треба‘. Таквите преувеличувања можат само уште повеќе да те потиштат. Наместо тоа, биди свесен за своите слабости, но биди свесен и за своите јаки страни.

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА . . . ?

Мислењето што го имаш за себе може да влијае врз мислењето што другите го имаат за тебе... дури и врз тоа како ќе се однесуваат со тебе.

ПЛАН!

Кога врсниците ме критикуваат, ќе ․․․․․

Кога ќе видам дека ги забележувам само моите слабости, ќе ․․․․․

Во врска со оваа тема, би сакал да ги прашам родителите ․․․․․

ШТО МИСЛИШ?

● Зошто обично младите немаат многу самодоверба?

● Зошто е важно да имаш разумна мера самопочит?

[Истакната мисла на страница 88]

„Некој може да е многу убав, а да мисли дека е грд. И обратно — некој може да не е толку привлечен, а да смета дека е најубав на свет. Сѐ е до ставот“ (Алиса)

[Слика на страница 90]

Вредноста на една банкнота не се намалува само затоа што е поткината, а ни твојата вредност во Божји очи не се намалува поради мааните