Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како да ја победам тагата?

Како да ја победам тагата?

Поглавје 13

Како да ја победам тагата?

„Кога му е тешко на некој, се обидувам да му помогнам и да го утешам. Но, ретко кој знае дека, кога ќе си појдам дома, се затворам во мојата соба и плачам“ (Кели)

„Кога сум тажен, се повлекувам од другите. Ако ме поканат некаде, наоѓам изговор да не одам. Многу успешно ја кријам мојата тага од семејството. Тие мислат дека со мене сѐ е во ред“ (Рик)

ДАЛИ си бил во слична ситуација како Кели и Рик? Ако е така, немој брзо да заклучиш дека нешто не е во ред со тебе. Факт е дека одвреме-навреме секој се чувствува тажен. Така се чувствувале дури и некои од верните мажи и жени спомнати во Библијата (1. Самоилова 1:6-8; Псалм 35:14).

Некогаш ја знаеш причината за твојата тага, а некогаш не. „Не мора да се случи нешто ужасно за да бидеш тажен“, вели Ана (19). „Такви чувства може да те обземат во секој момент, дури и кога немаш никакви проблеми. Нема логика, ама така е!“

Сеедно која е причината — па дури и да нема некоја очигледна причина — што можеш да сториш кога ќе те притисне тага? Обиди се со следниве предлози:

1. Разговарај со некого. Кога му било многу тешко, Јов рекол: „Ќе зборувам од горчина во душата“ (Јов 10:1).

Кели: „Неверојатно е колку ми олеснува откако ќе поразговарам со некого. Конечно некој знае низ што минувам. Најпосле некој може да ми фрли јаже и да ме извлече од бездната!“

Предлог: Напиши го името на некој пријател на кого можеш да му се довериш кога ќе те обземе тага.

․․․․․

2. Напиши како се чувствуваш. Кога тагата толку те притиска што почнуваш сѐ да гледаш црно, би било добро да си ги запишеш чувствата. Во псалмите што ги напишал под водство на светиот дух, Давид понекогаш ја изразувал својата длабока тага (Псалм 6:6). Ако ги запишуваш своите чувства, тоа ќе ти помогне да ‚ја зачуваш мудроста и способноста за расудување‘ (Изреки 3:21).

Хедер: „Пишувањето ми помага да си ги средам мислите што ми надоаѓаат кога сум тажна. Тагата е поподнослива ако ги изразиш своите чувства и ако сфатиш која е причината за нив“.

Предлог: Табелата на страница 93 може да ти помогне подобро да реагираш во тешки ситуации. Тоа, пак, ќе ти помогне да ја надминеш тагата.

3. Моли се. Библијата вели дека ако се молиш во врска со она што те загрижува, ‚мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе го чува твоето срце и твојот ум‘ (Филипјаните 4:6, 7).

Естер: „Се обидував да сфатам зошто сум толку тажна, но не можев. Го молев Јехова да ми помогне да бидам радосна. Ми здосади да бидам тажна без никаква причина. И на крај успеав. Никогаш не ја потценувај моќта на молитвата!“

Предлог: Како пример за што да го молиш Јехова нека ти послужи Псалм 139:23, 24. Кажи му ги своите најдлабоки чувства и моли го да ти помогне да сфатиш што те растажува.

Освен овие предлози, имаш уште нешто што е од непроценлива помош — Божјата Реч, Библијата. Ако си го полниш умот со позитивни мисли од библиските извештаи, тоа може добро да влијае врз твоите чувства (Псалм 1:1-3). Такви позитивни извештаи можеш да најдеш ако ги разгледаш рамките „Да учиме од...“ во двата тома од оваа книга. На 227. страница од том 2 можеш да видиш како апостол Павле успеал да ги надмине негативните чувства кои понекогаш ги имал поради своите слабости.

Кога тагата не попушта

„Некои утра повеќе би сакал да останам в кревет отколку да морам да се соочам со уште еден бесмислен ден“, вели Рајан. Тој страда од клиничка депресија, како што е случај и со многу други луѓе. Истражувањата покажуваат дека 25 отсто од младите имаат некаков облик на депресија пред да станат возрасни.

Како да знаеш дали страдаш од депресија? Некои од симптомите се нагли промени во расположението и однесувањето, повлеченост, намален интерес за речиси секаква активност, значителна промена во навиките на исхрана и во спиењето и силни чувства на безвредност или на неоснована вина.

Се разбира, на моменти речиси сите имаме еден или повеќе од овие симптоми. Но, ако симптомите траат неколку седмици, би било добро да разговараш со родителите дали да одиш на лекар. Тој може да одреди дали твојата тага е поврзана со некој медицински проблем. *

Ако страдаш од клиничка депресија, нема зошто да се срамиш. Лекарствата им помогнале на многу луѓе во ваква ситуација да се чувствуваат подобро — како што можеби одамна не се чувствувале! Сеедно дали твојата тага произлегува од депресија или не, имај ги на ум утешните зборови од Псалм 34:18: „Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“.

ВО СЛЕДНОТО ПОГЛАВЈЕ:

Што ако толку те обзела тага што помислуваш да му ставиш крај на животот?

[Фуснота]

^ пас. 22 Кога тагата трае подолго, некои млади помислуваат на самоубиство. Ако и тебе ти дошле такви мисли, под итно разговарај за тоа со некој возрасен во кого имаш доверба. (Повеќе информации за оваа тема има во 14. поглавје од оваа книга.)

КЛУЧЕН СТИХ

„Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (Псалм 34:18)

ПРЕДЛОГ

Опиши како се чувствуваш кога си тажен и што сметаш дека е причина за твојата тага. По еден месец, прочитај што напиша. Дали твоите чувства се сменија? Ако да, напиши што ти помогна во тоа.

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА . . . ?

Во ред е да плачеш, дури и ако си машко. Во еден период од својот живот, цар Давид признал: „Со солзи ја натопувам постелата“ (Псалм 6:6).

ПЛАН!

За да си го подобрам расположението, би можел да се занимавам со следниве активности: ․․․․․

За да не сум толку тажен, ќе се дружам со овие пријатели: ․․․․․

Во врска со оваа тема, би сакал да ги прашам родителите ․․․․․

ШТО МИСЛИШ?

● Има ли некаква корист ако се исплачеш?

● Како тоа што ќе бидеш со други луѓе ќе ти помогне да се носиш со тагата?

[Истакната мисла на страница 96]

„Кога сум тажна, свесна сум дека не смеам да се повлечам во себе. Точно, може ќе ми треба малку да бидам сама за да си ги средам чувствата, а понекогаш и добро да се исплачам. Но, потоа знам дека морам да бидам во друштво за да ги оттргнам мислите од она што ме прави тажна“ (Кристина)

[Табела/слики на страница 93]

Прашалник

За да ја победиш тагата Пополни

Случка Лоша реакција Подобра реакција

Наставникот ми создава Нема веќе да учам Мала помош: Види го 20. поглавје

чувство на безвредност по тој предмет од оваа книга

Еден другар се однесува Ќе ширам муабети Мала помош: Види го 10. поглавје

како да не постојам за него во том 2

Моите родители Ќе бидам огорчен Мала помош: Види го 4. поглавје

се разведуваат на едниот или од оваа книга

и на двајцата

․․․․․ ․․․․․ ․․․․․

․․․․․ ․․․․․ ․․․․․

[Слика на страница 95]

Со помош и со труд, можеш да излезеш од длабоката бездна на тагата