Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да учиме од... сиромашната вдовица

Да учиме од... сиромашната вдовица

Да учиме од... сиромашната вдовица

Исус ги гледа богатите како пуштаат доброволни прилози во храмските ковчежиња за прилози. Меѓу мноштвото луѓе забележува една сиромашна вдовица која пушта во ковчежето „две парички“ (Лука 21:2). Исус ја пофалува нејзината великодушност. Зошто? Затоа што другите дале ‚од својот вишок, а таа од својата немаштија пуштила сѐ што имала за живот‘ (Марко 12:44).

Дали и тебе ти се важни истите работи што ѝ биле важни на оваа жена? Дали си спремен да ги трошиш своето време и пари за да му служиш на Бог? Исто како сиромашната вдовица, и ти можеш да даваш прилози за да се одржуваат местата каде што го обожаваме Бог. И ти можеш да даваш од своето време и пари за да им помагаш на другите да научат за Јехова Бог. Јехова го забележал и го ценел малиот прилог што го дала вдовицата за да се врши неговата служба. Бог ќе те цени и ќе ти помага и тебе ако на прво место ти е да ја вршиш неговата волја (Матеј 6:33).