Дали да се крстам?
ПОГЛАВЈЕ 37
Дали да се крстам?
За следниве изјави штиклирај точно или неточно:
За христијаните крштавањето е барање.
□ Точно
□ Неточно
Главната цел на крштавањето е да ти помогне да не направиш грев.
□ Точно
□ Неточно
Крштавањето ти овозможува да добиеш спасение.
□ Точно
□ Неточно
Ако не си крстен, не одговараш пред Бог за своите постапки.
□ Точно
□ Неточно
Ако твоите пријатели се крштаваат, тоа значи дека и ти си спремен за крштавање.
□ Точно
□ Неточно
АКО живееш според Божјите мерила, ако стануваш сѐ поблизок со Бог и ако зборуваш со другите за твојата вера, сосема нормално е да размислуваш за крштавање. Но, како ќе знаеш дали си спремен за тоа? За да одговориш на ова прашање, од помош ќе ти биде да ги разгледаме изјавите од уводот.
● За христијаните крштавањето е барање.
Точно. Исус заповедал неговите ученици да се крштаваат (Матеј 28:19, 20). Всушност, и самиот тој се крстил. За да го следиш Христос, треба да се крстиш кога ќе бидеш доволно зрел да донесеш таква одлука и кога вистински ќе сакаш да го направиш тоа.
● Главната цел на крштавањето е да ти помогне да не направиш грев.
Неточно. Со крштавањето јавно покажуваш дека си му се заветувал на Јехова. Твојот завет не е студен договор што те ограничува да правиш некои работи кои длабоко во себе би сакал да ги правиш. Напротив, ти му го заветуваш својот живот на Јехова затоа што сакаш да живееш според неговите мерила.
● Крштавањето ти овозможува да добиеш спасение.
Точно. Библијата вели дека крштавањето е важен чекор кој води до спасение (1. Петрово 3:21). Но, ова не значи дека крштавањето е како една полиса за осигурување што ја купуваш за да се заштитиш во случај на несреќа. Се крштаваш затоа што го сакаш Јехова и сакаш вечно да му служиш од срце (Марко 12:29, 30).
● Ако не си крстен, не одговараш пред Бог за своите постапки.
Неточно. Во Јаков 4:17 пишува: „Ако некој знае да го прави она што е исправно, а не го прави, тоа му е грев“ — без разлика дали е крстен или не. Затоа, ако знаеш што е исправно и доволно си зрел сериозно да размислиш за својот живот, можеби е време да зборуваш за тоа со еден од родителите или со некој друг зрел христијанин. Така, можеш да научиш што треба за да се крстиш.
● Ако твоите пријатели се крштаваат, тоа значи дека и ти си спремен за крштавање.
Неточно. Одлуката да се крстиш треба да ја донесеш затоа што срцето те тера на тоа (Псалм 110:3). Треба да се крстиш само тогаш кога ќе бидеш потполно свесен што значи да се биде Јеховин сведок и кога ќе бидеш сигурен дека си спремен да ја преземеш таа одговорност (Проповедник 5:4, 5).
Чекор што го менува животот
Крштавањето е чекор што го менува животот и што води до многу благослови. Во исто време, тој носи и сериозна одговорност — да живееш според заветот што си му го дал на Јехова.
Спремен ли си да се заветуваш? Ако си, имаш добра причина да бидеш среќен. Пред тебе стои најголемата чест што постои — да му служиш на Јехова со цело срце и да живееш на начин кој покажува дека си му оддаден од дното на душата (Матеј 22:36, 37).
Научи како да си поставуваш цели за да го живееш животот на најмудар начин.
КЛУЧЕН СТИХ
„Да ги дадете своите тела како жртва жива, света, прифатлива за Бог, да му служите на Бог, користејќи го својот разум“ (Римјаните 12:1)
ПРЕДЛОГ
Со помош на родителите, најди некој од собранието што може да ти помогне да напредуваш духовно (Дела 16:1-3).
СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА...?
Крштавањето е значаен дел од ‚знакот‘ што те обележува за спасение (Езекиел 9:4-6).
ПЛАН!
За да дојдам до степен да се крстам, ќе се потрудам подобро да ги разберам овие библиски учења: ․․․․․
Во врска со оваа тема, би сакал да ги прашам родителите ․․․․․
ШТО МИСЛИШ?
● Зошто крштавањето е сериозен чекор?
● Што може да натера некој млад човек да избрза со крштавањето?
● Од која причина еден млад човек може немудро да одложува да се заветува и да се крсти?
[Истакната мисла на страница 306]
››Тоа што бев свесна дека сум крстена ми помогна да донесувам мудри одлуки и да не направам некои работи што би имале лоши последици‹‹ (Холи)
[Рамка/слика на страница 307]
Вообичаени прашања за крштавањето
Што означува крштавањето? Кога ќе бидеш нурнат во водата и потоа ќе излезеш од неа, тоа значи дека си умрел во поглед на себичните желби, односно дека престануваш да живееш за себе, и дека сега живееш за да ја вршиш Јеховината волја.
Што значи да му го заветуваш својот живот на Јехова? Тоа значи дека ти повеќе не си сопственик на својот живот и дека ветуваш дека вршењето на Божјата волја ќе ти биде пред сѐ друго (Матеј 16:24). Сосема е на место официјално да му се заветуваш на Јехова во молитва некое време пред да се крстиш.
Како треба да живееш пред да се крстиш? Треба да живееш во склад со Божјата реч и да зборуваш со другите за твојата вера. Треба да стануваш сѐ поблизок со Јехова преку молитва и преку проучување на неговата Реч. Треба да му служиш на Јехова затоа што ти сакаш така — а не затоа што другите те тераат да го правиш тоа.
Има ли одредена возраст кога некој треба да се крсти? Возраста не е главен фактор. Сепак, треба да бидеш доволно стар — и доволно зрел — за да разбереш што значи да му се заветуваш на Јехова.
Што ако сакаш да се крстиш, но твоите родители велат дека треба да почекаш? Можеби тие сакаат да стекнеш малку повеќе искуство како христијанин. Цени го нивниот совет и искористи го тоа време за да се зближиш уште повеќе со Јехова (1. Самоилова 2:26).
[Рамка на страници 308 и 309]
Прашалник
Размислуваш ли да се крстиш?
Со помош на прашањата и изјавите во овој дел, провери колку си напредувал. Пред да ги напишеш своите одговори, прочитај ги наведените стихови.
Како сега покажуваш доверба во Јехова? (Псалм 71:5) ․․․․․
Како веќе си покажал дека твојата моќ на согледување е извежбана да разликува добро и зло? (Евреите 5:14) ․․․․․
Колку често се молиш? ․․․․․
Колку си конкретен во молитвите, и што покажуваат тие за твојата љубов кон Јехова? (Псалм 17:6) ․․․․․
Напиши какви цели би сакал да си поставиш во врска со твоите молитви. ․․․․․
Колку редовно ја проучуваш Библијата? (Исус Навин 1:8) ․․․․․
Што проучуваш? ․․․․․
Напиши какви цели би сакал да си поставиш во врска со проучувањето. ․․․․․
Дали твојата служба е делотворна? (Примери: Можеш ли да им ги објасниш на другите основните библиски учења? Одиш ли на повторни посети кај заинтересираните? Се обидуваш ли да започнеш библиска студија со некого?)
□ Да □ Не
Одиш ли во служба дури и ако твоите родители не одат? (Дела 5:42)
□ Да □ Не
Напиши какви цели би сакал да си поставиш во врска со службата. (2. Тимотеј 2:15) ․․․․․
Дали би рекол дека одиш на состаноци редовно или одвреме-навреме? (Евреите 10:25) ․․․․․
На кои начини учествуваш на состаноците? ․․․․․
Одиш ли на состанок кога твоите родители не можат (под услов да имаш дозвола од нив)?
□ Да □ Не
Можеш ли да кажеш дека навистина уживаш да ја вршиш Божјата волја? (Псалм 40:8)
□ Да □ Не
Можеш ли да наведеш конкретни случаи кога си се спротивставил на притисокот од врсниците? (Римјаните 12:2) ․․․․․
Што планираш да направиш за да остане силна твојата љубов кон Јехова? (Јуда 20, 21) ․․․․․
Би продолжил ли да му служиш на Јехова дури и ако твоите родители и пријатели престанат? (Матеј 10:36, 37)
□ Да □ Не
[Слика на страница 310]
Исто како бракот, и крштавањето е чекор што го менува животот — не треба да се сфати несериозно