Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Зошто толку многу правила?

Зошто толку многу правила?

ПОГЛАВЈЕ 22

Зошто толку многу правила?

Наведи некои правила во твоето семејство. ․․․․․

Сметаш ли дека куќните правила секогаш се разумни?

□ Да □ Не

Кое правило ти е најтешко да го почитуваш? ․․․․․

КУЌНИТЕ правила, како што понекогаш се нарекуваат, се правилата што твоите родители ги поставиле за тебе во врска со тоа што смееш и што не смееш. Овие правила може да се однесуваат на училишните задачи, помагањето низ дома и до колку имаш излез, а може да се однесуваат и на тоа колку ќе го користиш телефонот, колку ќе гледаш ТВ или колку ќе го користиш компјутерот. Понекогаш се однесуваат и на работи надвор од дома, на пример, како да се однесуваш на училиште или какви пријатели да избереш.

Дали чувствуваш дека овие правила те задушуваат? Можеби и ти се чувствуваш како овие млади:

Ме излудуваше тоа што ми беше одредено време кога да се вратам дома! Збеснував кога ќе видев дека на другите им е дозволено да остануваат подолго од мене“ (Ален).

„Ужасно е цело време да ти го проверуваат мобилниот телефон. Се однесуваат со мене како со мало дете!“ (Елизабет).

„Мислев дека родителите сакаат да ми го уништат друштвениот живот. Како да не сакаа да имам пријатели!“ (Нина).

Иако младите честопати ги прекршуваат правилата што им ги поставиле родителите, повеќето од нив признаваат дека мора да има некои правила за да не дојде до тотален хаос. Но, ако куќните правила се навистина потребни, зошто некои од нив толку одат на нерви?

„Не сум веќе бебе!“

Можеби правилата те нервираат затоа што сметаш дека родителите те третираат како дете. Ти доаѓа да викнеш на цел глас: „Па, не сум веќе бебе!“ Се разбира, твоите родители веројатно сметаат дека нивните правила се неопходни за да те заштитат и да те подготват за одговорностите што ќе ги имаш како возрасен човек.

Но, можеби ти се чини дека, со текот на годините, ти растеш и се менуваш а правилата си остануваат исти. Можеби се чувствуваш ограничен. Така се чувствувала Бети, која за своите родители вели: „Сосема заборавиле како е да се биде на мои години. Дома немам право на глас, немам право на избор, а не ме оставаат ни да пораснам“. И Алиса има слични чувства. „Изгледа моите родители не сфаќаат дека имам 18, а не 10 години“, вели таа. „Мораат да имаат малку повеќе доверба во мене!“

Куќните правила може да ти паѓаат особено тешко ако ти изгледа дека со твоите браќа и сестри се постапува попопустливо. Сеќавајќи се на своите тинејџерски години, за својата помала сестра и за братучетките Метју вели: „Девојчињата ќе си поминеа лесно дури и за најстрашната беља!“

Без правила?

Можеби копнееш по живот што нема да го контролираат твоите родители, и тоа е сосема разбирливо. Но, дали навистина ќе ти биде подобро без нивните правила? Веројатно познаваш некои твои врсници што навечер имаат излез до колку сакаат, се облекуваат како сакаат и излегуваат со своето друштво кога сакаат и каде сакаат. Можеби нивните родители едноставно се премногу зафатени за да забележат што прават нивните деца. Како и да е, Библијата покажува дека ваквиот пристап во воспитувањето на децата не носи добри резултати (Изреки 29:15). Тоа што во светот нема љубов во голема мера се должи на тоа што има сѐ повеќе себични луѓе, од кои мнозина израснале во дом во кој ништо не им било забрането (2. Тимотеј 3:1-5).

Наместо да им завидуваш на младите на кои им е дозволено да прават сѐ што сакаат, труди се да гледаш на правилата што ти ги поставуваат родителите како на доказ за нивната љубов и грижа. Со тоа што ти поставуваат разумни граници, тие го следат примерот на Јехова Бог, кој на својот народ му рекол: „Ќе ти дадам разборитост и ќе те поучам за патот по кој треба да одиш. Ќе те советувам, моето око ќе биде над тебе“ (Псалм 32:8).

Но, понекогаш правилата ги чувствуваш како тежок товар. Како да си ја олесниш ситуацијата?

Комуникација која носи резултати

Без разлика дали сакаш поголема слобода или само помалку нервози поради забраните што ти ги поставуваат родителите, решението е во добрата комуникација. ‚Но јас пробав да зборувам со моите родители, ама едноставно не ни оди!‘ — можеби ќе рече некој. Ако и ти се чувствуваш вака, прашај се: ‚Можам ли да направам нешто за да комуницирам подобро?‘ Комуникацијата е многу важна, зашто може 1) да им помогне на другите да те разберат, или 2) да ти помогне подобро да разбереш зошто нема да го добиеш она што го бараш. Нормално, ако сакаш да те третираат како возрасен, ќе мора да научиш да комуницираш како зрел човек. Што ќе ти помогне во тоа?

Научи да си ги контролираш чувствата. За добра комуникација потребна е самоконтрола. Библијата вели: „Безумникот го излева сиот свој гнев, а оној што е мудар, останува мирен до крајот“ (Изреки 29:11). Затоа труди се да не кенкаш, да не се муртиш цело време и да не се однесуваш како разгалено дете. Точно, понекогаш ти доаѓа да ја треснеш вратата или да клоцнеш нешто кога родителите ќе те казнат. Но, таквото однесување веројатно ќе доведе до уште правила, а не до поголема слобода.

Труди се да ги сфатиш твоите родители. Трејси, една млада христијанка која живее со самохрана мајка, вели: „Размислувам: ‚Што се обидува да постигне мајка ми со своите правила?‘“ Што заклучила Трејси? „Се труди да ми помогне да станам подобра личност“ (Изреки 3:1, 2). Ако се потрудиш да сфатиш што ги загрижува твоите родители, можеби ќе ти биде полесно да комуницираш со нив.

На пример, замисли си дека родителите не сакаат да те пуштат да одиш на некоја забава. Наместо да се караш со нив, можеш да ги прашаш: „Што ако со мене дојде некој зрел пријател во кого имате доверба?“ Можеби и тогаш нема да ти го исполнат барањето. Но ако разбереш што ги загрижува, можеби ќе најдеш некое прифатливо решение.

Стекни ја довербата на твоите родители. Замисли си дека еден човек должи пари во некоја банка. Ако редовно си ги отплаќа ратите, ќе ја стекне довербата на банката, па дури може во иднина да му биде одобрен и друг кредит. Слично е и дома. Должен си да ги слушаш родителите. Ако покажеш дека може да ти се верува — дури и за мали работи — во иднина родителите веројатно ќе имаат поголема доверба во тебе. Нормално, ако постојано ги разочаруваш, нека не те изненади ако ти веруваат помалку или ако престанат да ти веруваат.

Кога ќе прекршиш некое правило

Кога-тогаш, ќе ја преминеш линијата — не си ги завршил задачите што ти биле дадени, си зборувал по телефон подолго од што ти е дозволено или си дошол дома подоцна од дозволеното време (Псалм 130:3). И уште мораш да им објасниш на родителите зошто! Што можеш да направиш за и така лошата ситуација да не стане уште полоша?

Кажи ја вистината. Не смислувај лажни прикаски. Со тоа само ќе ја поткопаш и таа малку доверба што останала кај твоите родители. Затоа биди искрен и кажи си сѐ (Изреки 28:13). Немој да се оправдуваш или да ја намалуваш сериозноста на она што се случило. И секогаш имај на ум дека „благиот одговор го смирува гневот“ (Изреки 15:1).

Извини се. Исправно е да покажеш дека ти е жал за тоа што си им создал грижи, разочарување или дополнителна работа на родителите, а тоа може да ја ублажи и казната што ќе ја добиеш. Меѓутоа, мора искрено да ти биде жал.

Прифати ги последиците (Галатите 6:7). Кога ќе добиеш некоја казна, можеби ќе ти дојде да се буниш, особено ако ти се чини дека не е фер. Но, да ги прифатиш последиците од своите постапки е знак на зрелост. Можеби најдобро ќе биде едноставно да работиш на тоа повторно да ја стекнеш довербата на твоите родители.

Напиши на која од овие три точки треба најмногу да работиш.․․․․․

Не заборавај дека родителите се одговорни да водат сметка за твоите постапки во разумна мера. Затоа во Библијата се зборува за ‚заповедта на татко ти‘ и ‚упатствата на мајка ти‘ (Изреки 6:20). Сепак не треба да мислиш дека куќните правила ќе ти го уништат животот. Напротив, ако си им подложен на своите родители, Јехова ветува дека, на долги патеки, ќе „ти биде добро“! (Ефешаните 6:1-3).

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ИМА ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 3

ВО СЛЕДНОТО ПОГЛАВЈЕ:

Дали некој од твоите родители е наркоман или алкохоличар? Дознај што ќе ти помогне да се носиш со тоа.

КЛУЧЕН СТИХ

„Почитувај ги татка си и мајка си... за да ти биде добро“ (Ефешаните 6:2, 3)

ПРЕДЛОГ

Ако сакаш родителите да ти остават поголема слобода, прво докажи им дека си спремен да ги почитуваш нивните правила. Кога ќе видат дека си послушен, ќе бидат поспремни да ти исполнат некое барање.

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА...?

Според истражувањата, поголема е веројатноста дека младите чии родители од љубов им поставуваат правила ќе бидат добри ученици, ќе имаат подобри односи со другите и ќе бидат посреќни.

ПЛАН!

Ако прекршам некое куќно правило, ќе речам ․․․․․

Ќе ја стекнам довербата на родителите така што ․․․․․

Во врска со оваа тема, би сакал да ги прашам родителите ․․․․․

ШТО МИСЛИШ?

Зошто понекогаш ти се чини дека родителите премногу те заштитуваат?

Зошто понекогаш претерано реагираш на правилата?

Како можеш да си ја подобриш комуникацијата со родителите?

[Истакната мисла на страница 183]

››Кога си млад, обично мислиш дека знаеш сѐ. Затоа, кога родителите ќе ти забранат нешто, многу лесно им се лутиш. Но, нивните правила се само за твое добро‹‹ (Меги)

[Рамка на страница 186]

Навистина ли е пристрасност?

Си се прашал ли некогаш: ‚Зошто родителите не можат да се однесуваат исто со секого?‘ Размисли за овој факт: Не е секогаш најдобро ако родителите исто се однесуваат со секое дете. Вистинското прашање е: ‚Дали твоите потреби се запоставени?‘ На пример, кога ти треба помош, совет или поддршка од родителите, дали тие се тука за тебе? Ако се, дали можеш навистина да кажеш дека си жртва на неправда? Бидејќи ти и твоите браќа и сестри сте личности секој со свои потреби, едноставно не е возможно родителите секогаш да ве третираат исто. Со текот на времето и Бети го сфатила тоа. Таа сега има 18 години и вели: „Јас и брат ми сме многу различни и со нас треба да се постапува различно. Кога ќе се вратам во минатото, не ми се верува дека не можев да го сфатам тоа кога бев помала“.

[Рамка/слика на страница 189]

Прашалник

Разговарај со родителите!

Во претходните две поглавја се зборуваше за тоа што да правиш кога родителите те критикуваат и како да живееш со куќните правила. Но, што ако сметаш дека твоите родители се премногу строги на овие подрачја? Како да зборуваш со нив за тоа?

Одбери време кога си опуштен и кога тие не се премногу зафатени.

Зборувај отворено, но нека не те водат чувствата. Зборувај со почит.

Ако мислиш дека премногу те критикуваат, би можел да речеш: „Давам сѐ од себе, но имам чувство дека само ме критикувате. Може ли да зборуваме за тоа?“

Напиши како ти би почнал разговор на оваа тема со твоите родители.

․․․․․

ПРЕДЛОГ: Искористи го 21. поглавје за да го скршиш мразот. Можеби твоите родители ќе бидат спремни да зборувате за материјалот од ова поглавје.

Ако сметаш дека родителите не ти оставаат доволно слобода, би можел да речеш: „Сакам да бидам поодговорен за постепено да ми давате поголема слобода. Во што треба да се подобрам?“

Напиши како ти би почнал разговор на оваа тема со твоите родители.

․․․․․

ПРЕДЛОГ: Разгледај го 3. поглавје од том 1, со наслов: „Како да добијам поголема слобода?“ Потоа, на темел на прочитаното, направи си список со работи за кои би сакал да зборуваш со своите родители.

[Слика на страници 184 и 185]

Почитувањето на правилата е како отплаќање на банка — колку поодговорен си, толку поголема доверба (кредит) ќе добиеш