Можам ли да бидам среќен и со еден родител?
ПОГЛАВЈЕ 25
Можам ли да бидам среќен и со еден родител?
„Децата што имаат двајца родители можат да имаат своја соба и да си купуваат нови алишта. Но, јас морам да ја делам собата и речиси никогаш не ги добивам алиштата што ми се допаѓаат. Мама вели дека нема доволно пари да ми ги купи. Кога таа е на работа, јас морам низ дома да завршам толку многу работи што се чувствувам како слугинка — како да ми е одземен дел од детството“ (Шалонда, 13).
НЕМА збор — дом со двајца родители што те сакаат е идеален дом. Кога мајката и таткото се заедно, обично можат да им обрнат повеќе внимание на децата, подобро Проповедник 4:9).
да ги заштитат и да им дадат поголема поддршка. Библијата вели: „Подобро им е на двајца отколку на еден, зашто имаат добра плата за својот труд“ (И покрај тоа, нагло опаѓа бројот на семејства со двајца родители. На пример, над половина од децата во САД пред да наполнат 18 години барем некое време ќе живеат само со еден родител.
Меѓутоа, некои млади се срамат што живеат во такво семејство. Други се оптоварени со притисоците и проблемите што им ги носи таквиот живот. Ако и ти живееш во семејство со еден родител, какви притисоци имаш? На линијата напиши го проблемот што најмногу те мачи.
․․․․․
Бидејќи не ги добиваш постојано љубовта и грижата на еден од родителите, дали тоа значи дека си осуден на несреќен живот? Ни збор! Многу зависи од тоа како гледаш на ситуацијата. Во Изреки 15:15 пишува: „Сите денови на страдалникот се лоши, а кој има весело срце, на гозба е без престан“. Како што покажува оваа изрека, како ќе биде расположен некој често повеќе зависи од неговиот став отколку од неговите околности. Што можеш да направиш за да имаш „весело срце“ и покрај твоите околности?
Бори се против негативните чувства
Прво, труди се да не дозволиш да те потиштат негативните коментари од другите. На пример, некои наставници се очигледно бесчувствителни кон учениците со еден родител. Некои дури и заклучуваат дека секојпат кога некој од тие ученици се однесува лошо, тоа е затоа што не расте во нормално семејство. Но, запрашај се: ‚Дали ваквите луѓе вистински ме познаваат мене и моето семејство? Или само го повторуваат она што го чуле од други за семејствата со еден родител?‘
Вредно е да се забележи дека изразот „дете без татко“ се среќава многу пати во Библијата. Но, ниту еднаш не е употребен со погрдно значење. Всушност, речиси секогаш Јехова покажува дека многу му значи доброто на децата што растат во дом со еден родител.Од друга страна, пак, некои добронамерни луѓе можеби се претерано внимателни кога зборуваат со тебе. На пример, можеби избегнуваат да ги користат зборовите „татко“, „брак“, „развод“ или „смрт“ за да не те навредат или да не те засрамат. Дали ова ти пречи? Ако да, тактично покажи им дека нема потреба да бидат толку внимателни. Тони (14) никогаш не го запознал својот вистински татко. Тој вели дека на некои луѓе им е незгодно да користат одредени зборови пред него. Но, Тони намерно ги кажува тие зборови. „Сакам да знаат дека не се срамам од мојата ситуација“, вели тој.
Избегнувај да размислуваш „што ќе беше ако...“
Нормално е да си тажен и да имаш чувство на загуба ако твоите родители се разведени или ако еден од нив починал. Сепак, со текот на времето ќе мораш да ја прифатиш својата ситуација. Библијата го дава овој совет: „Не вели: ‚Зошто поранешните времиња беа подобри од сегашниве?‘“ (Проповедник 7:10). Во врска со ова, Сара (13), чии родители се развеле кога таа имала 10 години, вели: „Не сожалувај се поради твојата ситуација, не паѓај во депресија мислејќи си ‚што ќе беше ако...‘ и не размислувај дека проблемите што ги имаш се должат на тоа што растеш со еден родител, или дури дека децата со двајца родители имаат лесен живот“. Ова е добар совет. Па, дури и едно „идеално“ семејство не може да рече дека нема проблеми.
Пробај да размислуваш за своето семејство како за еден тим веслачи во чамец. Во идеален случај, чамецот би имал комплетен екипаж. Во семејствата со еден родител, еден член од екипажот фали, па затоа останатите од тимот ќе мораат да вложат повеќе труд. Дали ова значи дека семејството е осудено на неуспех? Не! Сѐ додека другите во тимот работат сложно, чамецот ќе продолжи напред и ќе стигне до својата цел.
Го даваш ли својот дел?
Што конкретно можеш да направиш за да го дадеш својот дел во семејството? Размисли за овие три предлози:
Филипјаните 4:11, 12, Радосна Вест).
Научи да штедиш. Парите се голем проблем во повеќето семејства со еден родител. Како можеш да помогнеш? Тони, кој веќе беше спомнат, вели: „Децата на училиште бараат од родителите да им купат патики и облека од познати марки. Не одат на училиште ако немаат таква облека. Јас немам облека по најнова мода, но секогаш сум чист и уреден, и се грижам за она што го имам. Мајка ми прави сѐ што може. Не сакам да ја ставам под уште поголем притисок“. Со малку труд, можеш да го следиш примерот на апостол Павле, кој рекол: „Се научив да бидам задоволен со тоа што го имам... па сега секогаш и секаде сум задоволен“ (Друг начин да штедиш е да не се расфрлаш (Јован 6:12). Младиот Родни вели: „Дома внимавам да не кршам или да не губам работи, зашто е скапо да се поправаат или да се купуваат нови. Се трудам да ги исклучувам електричните апарати или светилките што не се користат. Тоа помага да имаме помала сметка за струја“.
Сам понуди се. Многу самохрани родители не сакаат да им наметнуваат на децата куќни правила или да бараат од нив да им помагаат низ дома. Зошто? Некои мислат дека треба да им надоместат на децата за родителот што не е со нив така што ќе им го олеснат животот. ‚Не сакам моите деца да пропуштат нешто‘, си мислат некои.
Можеби ти доаѓа да ги искористиш тие чувства на вина што ги има родителот. Но, така нема да му го олесниш товарот, туку уште повеќе ќе му го зголемиш. Затоа, зошто самиот не се понудиш да помогнеш во работата низ дома? Еве што бил спремен да прави Тони: „Мајка ми работи во болница, и униформата треба да ѝ е испеглана. Затоа решив јас да ѝ ја пеглам“. Но, зарем тоа не е женска работа? „Некои мислат така“, вели Тони. „Но, го правам тоа бидејќи така ѝ помагам на мајка ми.“
Покажи благодарност. Освен што ќе помагаш, можеш многу да го охрабриш својот родител со тоа што ќе ја покажеш својата благодарност. Една самохрана мајка напишала: „Често кога сум нерасположена или кога сум
нервозна поради некој особено тежок ден на работа — баш тој ден ќерка ми решила да ја намести масата и да подготви вечера“. Таа додава: „А син ми ќе ми се фрли в раце и ќе ме прегрне.“ Што значат за неа ваквите обѕирни постапки? „Расположението веднаш ми се подобрува“, вели таа.Напиши на која од овие три точки треба најмногу да работиш. ․․․․․
Кога живееш со еден родител, имаш можност да развиеш особини како што се сочувство и несебичност, но и да станеш поодговорна личност. Освен тоа, Исус рекол: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). Ќе бидеш многу среќен ако се даваш себеси за да му помогнеш на својот родител.
Се разбира, одвреме-навреме ќе посакуваш да имаш двајца родители. Но, можеш да научиш да живееш најдобро во твоите околности. Една девојка по име Нија добро го знае тоа. „Некое време откако почина татко ми“, вели таа, „некој ми рече дека ‚животот ти е онаков каков што ќе си го направиш‘, и никогаш не ги заборавив тие зборови. Тие ме потсетуваат дека не морам да бидам жртва на околностите.“ И ти можеш да гледаш слично на работите. Не заборавај, она што те прави среќен или несреќен не се твоите околности, туку како гледаш на нив — и што правиш во врска со нив.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ИМА ВО ТОМ 1, ПОГЛАВЈЕ 4
[Фуснота]
^ Примери за ова има во 5. Мојсеева 24:19-21 и Псалм 68:5.
КЛУЧЕН СТИХ
„Не грижете се само за себе туку и за другите“ (Филипјаните 2:4)
ПРЕДЛОГ
Ако сметаш дека ти се дадени повеќе одговорности отколку што можеш да носиш, тактично предложи му на родителот да се обиде со следново:
● Нека направи список со сите задолженија што мора да ги заврши секој член на семејството.
● Кога е потребно, нека ги прераспореди задолженијата меѓу оние што ќе можат да ги завршат.
СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА...?
Ако преземеш некои одговорности дома, можеш да созрееш побрзо од младите што растат со двајца родители и кои честопати имаат помалку одговорности.
ПЛАН!
Ќе се борам против негативните чувства така што ․․․․․
Ако луѓето се претерано внимателни со мене, ќе речам ․․․․․
Во врска со оваа тема, би сакал да го прашам мојот родител ․․․․․
ШТО МИСЛИШ?
● Зошто некои луѓе имаат предрасуди кон децата со еден родител?
● Зошто можеби родителот не сака да бара да му помогнеш во домашните работи?
● Како можеш да покажеш благодарност кон родителот?
[Истакната мисла на страница 211]
››Откако се разведоа моите, јас и мајка ми научивме отворено да разговараме за сѐ; станавме многу блиски‹‹ (Мелани)
[Слика на страници 210 и 211]
Семејство со еден родител е како чамец во кој фали еден член на екипажот — останатите ќе мораат да вложат повеќе труд, но ако работат сложно, ќе успеат