Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Делотворни одговори

Делотворни одговори

Предговор

Делотворни одговори

‚ЗОШТО родителите не ме разбираат?‘ ‚Треба ли да пробам дрога и алкохол?‘ ‚Што е со предбрачниот секс?‘ ‚Како да знам дали е тоа вистинска љубов?‘ ‚Што ми донесува иднината?‘

Ти не си ниту првиот — а ниту, пак, последниот — млад човек кој поставува вакви прашања. Меѓутоа, кога младите ги покренуваат овие основни прашања, често се опсипани со противречни одговори. На пример, употреба на алкохолни пијалаци. Родителите може да те одвраќаат од тоа — иако и самите ги уживаат. Списанијата и ТВ програмите го величаат тоа. Врсниците те охрабруваат да го пробаш тоа. Тогаш не е за изненадување што многу млади се вистински збунети во врска со тоа како точно да постапат.

Согледувајќи ја потребата за чесни, делотворни одговори на прашањата на денешните млади луѓе, списанието Разбудете се! *‚ од јануари 1982, воведе една атрактивна серија со наслов „Младите прашуваат . . .“ Серијата веднаш наиде на поволен одѕив кај читателите. „Серијата е доказ за вашиот постојан интерес за тешката состојба на младите денес“, напишал еден благодарен читател. „Се надевам и се молам овие статии никогаш да не престанат“, напишал друг.

Еден друг млад читател го изразил тоа вака: ‚Имам 14 години и никогаш не сум знаел дека растењето може да биде толку тешко. Денес децата се под многу голем притисок. Затоа сум многу благодарен за овие статии. Секоја ноќ му благодарам на Бог што дозволил да се издадат‘. Меѓутоа, статиите не беа детински ниту, пак, имало некој обид да се „потценат“ нашите читатели. Поради тоа, серијата „Младите прашуваат . . .“ наиде на големо ценење кај возрасните. „Имам 40 години“, напишал еден родител. „Овие статии се навистина Божји дар за нас родителите.“ Христијанските старешини увиделе дека се особено корисни за разбирањето на младите во собранијата на Јеховините сведоци и во постапувањето со нив.

Зошто „Младите прашуваат . . .“ предизвика таков одушевувачки одѕив? Одговорите кои ги дава се навистина делотворни! Секоја статија е производ на опсежно истражување. Понатаму, со цел да утврдат како младите навистина размислуваат и се чувствуваат, дописниците на Разбудете се! разговараа со стотици млади луѓе низ целиот свет! Нивните искрени изрази беа од голема помош за статиите да бидат реалистични и практични.

Меѓутоа, вистинската тајна за успехот на „Младите прашуваат . . .“ лежи во фактот што одговорите кои се дадени се темелат, не на теорија или лично мислење, туку на вечните вистини кои се наоѓаат во Божјата Реч, Библијата. ‚Библијата?‘ можеби ќе прашаш. Да, таа има многу да им каже на младите луѓе. (Види Изреки, поглавја 1—7; Ефесјаните 6:1—3.) Таа е инспирирана од нашиот Творец, кој е длабоко свесен за „желбите на младоста“ (2. Тимотеј 2:20—22; 3:16). Иако човечкото општество многу се променило во однос на библиските времиња, младешките желби малку се промениле. Затоа, Библијата е актуелна како и секогаш. Сепак, настојувавме да го презентираме библискиот совет на таков начин што младите нема да се чувствуваат како да им се проповеда, туку како да се разговара со нив. И иако материјалот е напишан првенствено имајќи ги на ум младите помеѓу Јеховините сведоци, може да го чита и да ужива во него секој оној кој има почитување кон практичната мудрост што се наоѓа во Библијата.

За да одговориме на барањата на многуте читатели, составивме еден извесен број статии „Младите прашуваат . . .“ во форма на книга. Овие триесет и девет поглавја што се во збиена форма, претставуваат информации од преку 100 од скоро 200 статии кои се појавија во Разбудете се! помеѓу 1982 и 1989 година. Додаден е и извесен нов материјал. Освен тоа, таа е богато илустрирана со фотографии од млади луѓе од различни земји и раси.

Слободно разгледај ја содржината и премини веднаш на прашањата кои најмногу те интересираат. Сепак, ти предлагаме подоцна да си одвоиш време да ја прочиташ целата книга, проверувајќи ги библиските стихови во својата Библија.

Во некои семејства, комуникацијата дете—родител фали или во најдобар случај е тешка. Затоа додадовме рубрика Прашања за дискусија, која се појавува на крајот од секое поглавје. Прашањата не се наменети за да се анализира пасус по пасус. Ниту, пак, тие се средство со кое родителите ќе ги тестираат своите деца. Тие се наменети за да ги поттикнат дискусиите помеѓу младите и родителите. Многу прашања дозволуваат да го изнесеш своето лично мислење или да го примениш во својата ситуација материјалот за кој се дискутира.

Поради тоа, многу семејства можеби ќе сакаат понекогаш да ја користат оваа книга како темел за семејна студија. Членовите на семејството можат да го прават тоа, така што наизменично ќе ги читаат пасусите, ќе го бараат секој наведен библиски стих. Прашањата за дискусија може да се разгледуваат повремено, кога ќе се завршат соодветните поднаслови или откако ќе се заврши целото поглавје. Сите може да бидат охрабрени да ги изразат своите чувства отворено и чесно. Младите можат да уживаат додека меѓусебно дискутираат за книгата.

Ова се „критични времиња со кои тешко ќе излегуваат на крај“ дури и младите луѓе (2. Тимотеј 3:1НС). Меѓутоа, со спознанието од Божјата Реч, ти можеш успешно да го поминеш тој тежок период од животот (Псалм 118:9). Затоа, нам ни е задоволство што ја обезбедивме оваа збирка од практични, библиски темелени одговори на прашањата кои можеби те збунуваат.

Издавачите

[Фуснота]

^ пас. 5 Полумесечно издание на Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.