Домашен фронт: Постапување со членовите на семејството
Дел 1
Домашен фронт: Постапување со членовите на семејството
„Доме слатки доме.“ Оваа позната изрека изразува чувство кое денес изгледа очајнички застарено. Непопустливите семејни конфликти претвораат многу домови во вистински бојни полиња. Длабокиот јаз на комуникација често го расипува секој обид да се постигне примирје.
Дали сакаш твојот дом да биде пристаниште на мир наместо легло на непријателство? Точно, и другите членови на семејството мораат да го дадат својот дел. Но, ако совладаш неколку библиски начела, тогаш ќе можеш многу да сториш за да придонесеш за мирот во својот дом.