Дали сум спремен за брак?
Поглавје 30
Дали сум спремен за брак?
БРАКОТ не е игра. Бог имал намера сопрузите и сопругите да склопат трајна врска, поблиска отколку врската со кој било друг човек (1. Мојсеева 2:24). Така, брачниот партнер е оној за кој треба да се прилепиш — или од кого не можеш да се откачиш — до остатокот од својот живот.
Сигурно дека секој брак ќе поднесува извесна „болка и мака“ (1. Коринтјаните 7:28, The New English Bible). Но, Марша Ласвел, која е професор по бихевиорална наука, предупредува: „Доколку постои некој неоспорен дел од информациите кои ги имаме во врска со тоа дали еден брак ќе трае или не, тоа е дека бракот на оние кои се венчаваат многу млади, уште на почетокот е осуден на пропаст“.
Зошто толку многу млади бракови пропаѓаат? Одговорот на ова можеби ќе има силно влијание при одлучувањето дали ти си спремен за брак или не.
Големи очекувања
„Ние имавме многу слаба претстава за тоа што е брак“, признава една тинејџерка. „Мислевме дека можеме да доаѓаме и да одиме, да правиме како што ни чини, да ги миеме или да не ги миеме садовите, но тоа не е баш така.“ Многу млади негуваат такви незрели гледишта за бракот. Тие си замислуваат дека тоа е една романтична фантазија. Или, тргнуваат кон олтарот затоа што сакаат да имаат статус на возрасни. Други, пак, едноставно сакаат да ја избегнат лошата ситуација дома, на училиште или во нивната средина. Една девојка, на својот свршеник му се доверила: „Ќе бидам многу среќна кога ќе се венчаме. Тогаш, не ќе морам повеќе да донесувам никакви одлуки!“
Но, бракот не е ниту фантазија ниту, пак, универзален лек за проблемите. Поточно речено, тој претставува една цела нова серија проблеми со кои треба да се соочиш. „Многу тинејџери се венчаваат за да си играат ‚семејство‘ “, вели Вики, која го добила своето прво дете на 20 години. „Ох, тоа изгледа толку забавно! Мислиш дека детето е како една мала кукла, нешто што е толку мило и со кое можеш само да си играш, но не е баш така.“
Многу млади имаат нереалистични очекувања и во врска со сексуалните односи. Еден млад човек кој се оженил на 18-годишна возраст, рекол: „Откако се оженив, сфатив дека големата возбуда од сексот наскоро ја снемува и тогаш кај нас избија вистински проблеми“. Една студија на тинејџерски двојки открила дека како второ, после финансиските проблеми, најмногу расправии имало во врска со сексуалните односи. Без сомнение, тоа е така затоа што задоволувачките брачни односи произлегуваат од несебичност и самоконтрола — особини што младите честопати пропуштаат да ги негуваат (1. Коринтјаните 7:3, 4).
На мудар начин, Библијата ги охрабрува христијаните да стапат во брак кога ќе го ‚поминат цутот на младоста‘ 1. Коринтјаните 7:36, НС). Ако се венчаш кога страстите се најјаки, тоа може да го искриви твоето размислување и да те заслепи за недостатоците на идниот партнер.
(Неспремни за своите улоги
Една невеста — тинејџерка, за својот сопруг вели: „Сега кога сме венчани, единственото време кога тој се интересира за мене е тогаш кога сака секс. Тој мисли дека важно е да биде со неговите пријатели толку колку што е и со мене . . . Мислев дека ќе бидам негова една и единствена, но се измамив“. Ова го истакнува погрешното сфаќање кое е вообичаено меѓу младите мажи: Тие мислат дека како сопрузи сѐ уште можат да водат начин на живот како кога биле самци.
Една 19-годишна невеста укажува на еден проблем кој е вообичаен меѓу младите сопруги: „Повеќе би сакала да гледам ТВ и да спијам отколку да ја чистам куќата и да готвам. Се срамам кога ќе нѐ посетат родителите на мојот сопруг, затоа што тие убаво си ја одржуваат куќата, а во мојата секогаш е растурено. Јас сум, исто така, и лоша готвачка“. Колкав само стрес му придодава тоа на бракот кога една девојка е неспособна за домашните работи! „Бракот навистина бара приврзаност“, навела Вики (претходно цитирана). „Тоа не е игра. Забавата на свадбата е помината. Наскоро почнува секојдневното живеење и тоа не е лесно“.
А што е со секојдневната мачна работа за да се издржува семејството? Сопругот на Вики, Марк, вели: „Се сеќавам дека за
мојата прва работа морав да станувам во 6.00 часот. Си мислев: ‚Ова е тешка работа. Дали некогаш ќе ми биде полесно?‘ И тогаш, кога ќе дојдев дома, имав чувство дека Вики не ме разбира низ што сѐ поминувам“.Парични проблеми
Ова нѐ доведува до една друга причина за брачната неслога кај младите оженети двојки: парите. Четириесет и осум тинејџерски двојки признале дека после три месеци брак, нивен најголем проблем бил „трошењето на семејниот доход“. После скоро три години, на 37 од овие двојки им било поставено истото прашање. Паричните проблеми биле повторно број еден — а нивната мака станала уште потешка! „Какво задоволство можеш да имаш во животот“, прашал Бил, „кога никогаш немаш доволно пари за да ги купиш работите кои ти се потребни за да бидеш среќен? . . Кога немаш доволно да истераш од први до први, може да избијат многу кавги и несреќа.“
Паричните проблеми се вообичаени меѓу тинејџерите, затоа што тие често имаат највисока стапка на невработеност и најниски плати. „Поради тоа што не можев да го прехранам моето семејство, моравме да живееме со моите родители“, признал Рој. „Тоа создаде вистинска тензија, особено затоа што имавме и дете.“ Изреки 24:27 советува: „Уреди ги работите надвор од куќата, сврши ги на нивата своја, а потоа гради го домот свој“. Во библиски времиња, мажите напорно работеле за подоцна да биле во состојба да издржуваат семејство. Затоа што пропуштиле да направат такви адекватни подготовки, многу млади сопрузи денес увидуваат дека улогата на хранител е тешка.
Но, дури и добростоечката плата нема да ги оконча паричните проблеми ако една двојка има детински став кон материјалните работи. Една студија открила дека „тинејџерите очекувале веднаш да можат да ги купат многуте планирани работи за своите семејства, кои нивните родители ги набавиле веројатно дури после извесен број години“. Решени во моментот да ги уживаат таквите материјални работи, многумина длабоко западнале во 1. Тимотеј 6:8—10).
долгови. Затоа што им недостасува зрелост да бидат задоволни со „храна и облекло“, тие го зголемиле стресот во бракот („Оддалечени со километри“
Морин се сеќава: „Бев вљубена во Дон. Тој беше многу убав, многу силен, толку добар атлетичар и толку популарен . . . Нашиот брак мораше да успее“. Но, не било така. Била насобрана огорченост до тој степен што, како што вели Морин, „сѐ што правеше Дон, ме нервираше — дури и начинот на кој мласкаше со усните кога јадеше. На крај, и двајцата повеќе не можевме да издржиме“. Нивниот брак се распаднал за две години.
Проблемот? „Нашите животни цели беа оддалечени со километри“, објаснила Морин. „Сега сфатив дека ми требаше некој со кого можам да воспоставам врска на интелектуален план. Но, целиот живот на Дон беше спортот. Работите за кои на 18 години мислев дека се многу важни, наеднаш не ми значеа ништо.“ Честопати младите имаат детински став во врска со тоа што бараат од брачниот партнер, давајќи му приоритет на добриот изглед. Изреки 31:30 предупредува: „Миловидноста е примамлива и убавината — суетна“.
Да се направи самоиспитување
Библијата го нарекува непромислено она лице кое дава свечен завет пред Бог, но дури ‚после заветите е склоно да направи испитување‘ (Изреки 20:25, НС). Тогаш, зарем не би било разумно да се преиспиташ себеси во светлина на Писмото пред да влезеш во нешто толку сериозно како што е брачниот завет? Кои се всушност твоите цели во животот? Како бракот ќе влијае на нив? Дали сакаш да стапиш во брак едноставно за да ги испробаш сексуалните односи или да избегнеш проблеми?
Исто така, до кој степен си подготвен да ја преземеш улогата на сопруг или сопруга? Дали си способен да водиш домаќинство или да заработуваш за живеачка? Ако се наоѓаш во постојан конфликт со твоите родители, дали ќе можеш да се сложиш со брачниот партнер? Ќе можеш ли да им одолееш на искушенијата и неволјите што доаѓаат со бракот? Дали вистински си ги отфрлил „обележјата на дете“ кога станува збор за управувањето со пари? (1. Коринтјаните 13:11, НС). Твоите родители, без сомнение, имаат многу да ти кажат во врска со тоа како да ги задоволиш тие барања.
Бракот може да биде извор на изобилна среќа или на многу горчлива болка. Многу зависи од тоа колку си спремен за него. Ако си сѐ уште тинејџер, зошто малку не почекаш пред да почнеш да се состануваш? Чекањето нема да ти наштети. Тоа едноставно ќе ти даде време кое ти е потребно да бидеш вистински спремен доколку го преземеш и кога ќе го преземеш тој сериозен и траен чекор — бракот.
Прашања за дискусија
□ Какви незрели гледишта за бракот негуваат некои млади?
□ Зошто мислиш дека е нереалистично да се стапи во брак само заради секс?
□ Како некои млади докажале дека не се подготвени за улогата на сопруг или сопруга?
□ Зошто младите двојки честопати имаат сериозни проблеми во врска со парите?
□ Каква грешка прават некои млади кога избираат брачен партнер?
□ Кои прашања би можел да си ги поставиш во врска со тоа дали си спремен за брак? Откако си ги разгледал овие информации, што мислиш, колку си спремен да се нафатиш на брак?
[Истакната мисла на страница 240]
„Доколку постои некој неоспорен дел од информациите кои ги имаме во врска со тоа дали еден брак ќе трае или не, тоа е дека бракот на оние кои се венчаваат многу млади, уште на почетокот е осуден на пропаст“ (Марша Ласвел, професор по бихевиорална наука).
[Слика на страница 237]
Многу млади кои стапуваат во брак не се ништо повеќе спремни за тоа од овие