Што ми донесува иднината?
Поглавје 38
Што ми донесува иднината?
„ЈАС се плашам од иднината, иднина во свет кој се карактеризира со нуклеарни закани.“ Така се изразил еден младинец од Германија во едно обраќање до највисокиот политички службеник во државата.
Можеби во твојата визија за иднината често навраќа привидението за уништување во една нуклеарна огнена топка. „Зошто да се трудам да добијам добри оценки?“ прашал еден младич. „Светот и онака ќе експлодира.“ Навистина, во една анкета спроведена меѓу ученици, младите момчиња навеле дека најмногу се плашат од нуклеарна војна. Девојчињата го вброиле тоа како второ, веднаш по стравот од ‚смрт на нивните родители‘.
Но, нуклеарната печурка не е единствениот темен облак на хоризонтот. Заканата од „пренаселеност, исцрпување на ресурсите, загадување на околината“, како и други претстојни катастрофи, го навеле прочуениот психолог Б. Ф. Скинер да заклучи: „Изгледа дека сега е загрозен нашиот род“. Подоцна тој признал: „Јас сум многу песимистичен. Ние навистина нема да ги решиме нашите проблеми“.
Со оглед на тоа што дури и учените набљудувачи гледаат на иднината со вознемиреност, не е многу чудно тоа што многу млади го покажуваат ставот: „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!“ (1. Коринтјаните 15:32). Секако, ако твојата иднина почива на способноста на политичарите и научниците, тогаш навистина изгледа мрачна. Па затоа Јеремија 10:23 вели: „Патот на човекот не зависи од [не му припаѓа, НС] него . . . не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои“.
Јеремија 10:24, НС). Тоа значи дека нашиот Творец ќе ја одреди нашата иднина. Но, каква ќе биде таа иднина?
Тоа не значи дека на човекот му недостасува само способност да владее со себеси. Забележи дека „не му припаѓа“ на човекот да го прави тоа — тој нема право да раководи со иднината на Земјата. Затоа, неговите напори се осудени на неуспех. Поради тоа, Јеремија се молел за божествена интервенција: „Исправи ме, о Јехова, но по правда“ (Божјата намера за Земјата — и твојата иднина
Кратко откако го создал човекот, на првата човечка двојка Бог ѝ рекол: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата“ (1. Мојсеева 1:28). На тој начин, на човекот му бил претставен изгледот да живее во еден глобален рај.
Но, првата двојка се побунила против Божјето владетелство. Како што подоцна Соломон навел, „Бог го направил човекот добар, но луѓето се впуштаат во многу мудрувања [планови, НС]“ (Проповедник 7:29). Човечките планови се докажале катастрофални, оставајќи ѝ на сегашната генерација во наследство беда и најкобни изгледи за иднината.
Дали тоа значи дека Бог ја оставил Земјата да стане загадена, радиоактивна — а можеби и безживотна — топка? Невозможно! Тој ‚ѝ даде облик на Земјата и ја создаде; Он ја зацврсти, не ненадејно ја создаде; Он ја создаде за живеење‘. Затоа, неговата одредена намера за Земјата сигурно ќе се исполни! (Исаија 45:18; 55:10, 11).
Лука, поглавје 21. Таму Исус ги предвидел токму проблемите кои го измачувале човештвото во текот на овој век: меѓународни војни, земјотреси, болест, недостиг на храна, распространет криминал. Што означуваат овие настани? Самиот Исус објаснил: „Кога ќе почне тоа да станува, исправете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето спасение . . . Кога ќе видите дека станува ова, знајте оти се приближи царството Божјо“ (Лука 21:10, 11, 28, 31).
Но, кога — и како? ПрочитајТоа Царство е клучот за твојата иднина. Едноставно кажано, тоа е влада, Божје средство за владеење над Земјата. Таа царска влада насила ќе ја оттргне контролата над Земјата од човечките раце (Даниил 2:44). Самите „оние кои ја уништуваат Земјата“ ќе се соочат со уништување од рацете на Бог, кој ќе ја спаси Земјата — и човештвото — од нападите на човечката злоупотреба (Откровение 11:18, НС; Проповедник 1:4).
Безбедна под управувањето на Божјето Царство, Земјата постепено ќе стане глобален рај (Лука 23:43). Така ќе се врати совршената еколошка рамнотежа. Замисли, ќе има хармонија дури и помеѓу луѓето и ѕверките (Исаија 11:6—9). Војната и военото оружје ќе исчезнат (Псалм 45:8, 9). Криминалот, гладот, недостигот на станови, болеста — па дури и самата смрт — сите тие ќе бидат отстранети. Жителите на Земјата „ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалм 36:10, 11; 71:16; Исаија 65:21, 22; Откровение 21:3, 4).
,Провери‘ ги Божјите ветувања
Вечен живот во рај — тоа може да биде твојата иднина! Но, иако идејата може ти звучи привлечна, можеби ти е тешко да го напуштиш верувањето дека сите добри луѓе одат на небото или, пак, имаш сомненија во врска со самата Библија. Дури и некои млади меѓу Јеховините сведоци увидуваат дека нивната вера понекогаш е колеблива во алармантни размери. На пример, Мишел била воспитана од родители Сведоци. Да прифати дека Библијата е точна, за неа било исто како да прифати дека после ноќта доаѓа ден. Но, еден ден нешто ѝ светнало во главата — таа не знаела зошто верува во Библијата. „Мислам дека дотогаш верував само затоа што мајка ми и татко ми веруваа во тоа“, рекла таа.
„Без вера не е можно да му се угоди на Бога“, вели Библијата (Евреите 11:6). Сепак, верата не е нешто што го поседуваш затоа што мајка ти и татко ти го имаат тоа. Ако сакаш да имаш сигурна иднина, мораш да изградиш вера која се темели на цврст доказ — „загарантирано очекување на работи на кои се надеваме“ (Евреите 11:1, НС). Како што наведува Библијата, мораш да ‚се увериш во сите работи‘ или, како што The Living Bible го изразува тоа со други зборови, „провери сѐ што е кажано за да се увериш дали е вистинито“ (1. Солунјаните 5:21).
Докажи си себеси дека Библијата е вистинита
Можеби првин треба да провериш дали Библијата е навистина ‚од Бога вдахновена‘ (2. Тимотеј 3:16). Како можеш да го сториш тоа? Па, само Семоќниот Бог може сигурно да го ‚навести во почетокот она што ќе биде на крајот‘ (Исаија 43:9; 46:10). А во Библијата тоа го прави многу често. Прочитај ги пророштвата кои се запишани во Лука 19:41—44 и 21:20, 21 во врска со падот на Ерусалим. Или, пак, пророштвата во Исаија 44:27, 28 и 45:1—4 во врска со падот на Вавилон. Световната историја докажува колку непогрешно Библијата ги предвидела овие настани! „Откако разгледав некои од нејзините пророштва“, рекла 14-годишната Џанин, „просто бев изненадена како таа можела да го претскаже сето тоа.“
Библиската историска точност, чесност, отвореност и неконтрадикторност се понатамошни причини зошто може да се покаже вера во Библијата. * Но, како знаеш дека Јеховините сведоци ја разбираат Библијата на исправен начин? Жителите на древната Берија не го прифатиле слепо Павловото објаснување на Библијата. Наместо тоа, тие ‚секој ден го испитувале Писмото, дали е тоа така‘ (Дела 17:11).
Ние те поттикнуваме исто така да направиш детално проучување на библиските учења. Публикацијата Спознание кое води до вечен живот (издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.) ги изложува овие Изреки 15:22). Несомнено, со текот на времето ќе сфатиш дека Јехова навистина ги благословил неговите Сведоци со извонредно разбирање на библиските вистини!
учења на еден јасен начин. Ако твоите родители се Јеховини сведоци, без сомнение, ќе можат да ти помогнат во врска со кои и да било прашања кои би можел да ги имаш. „Биди чесен кон твоите родители ако имаш некои проблеми во тој поглед“, предлага една млада жена по име Жанел. „Поставувај прашања ако нешто ти паѓа тешко да веруваш“ (Една девојка по име Прентис вели: „Понекогаш сум депримирана кога гледам каков е светот. Читам стихови како што е Откровение 21:4 и тоа ми дава нешто на кое можам да се надевам“. Да, ако имаш цврста вера во Јеховините ветувања, тоа сигурно ќе влијае врз твојот поглед. Нема да гледаш на иднината мрачно, туку со среќно исчекување. Твојот сегашен живот ќе стане, не бесцелна борба, туку средство да ‚си собереш сокровиште — добра основа за иднината, за да постигнеш вечен [вистински, НС] живот‘ (1. Тимотеј 6:19).
Но, потребно ли е нешто повеќе за да се постигне ‚вистински живот‘ отколку само да се научат библиските учења и да се поверува во нив?
[Фуснота]
^ пас. 20 За подетални информации во врска со автентичноста на Библијата, види страници 43—52 од публикацијата Расправљање на темељу Писма (издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.).
Прашања за дискусија
□ Какви стравови имаат многу млади во врска со својата иднина?
□ Која била Божјата првобитна намера за Земјата? Зошто можеме да имаме доверба дека Божјата намера не се променила?
□ Каква улога игра Божјето Царство во исполнувањето на Божјата намера со Земјата?
□ Зошто е неопходно да ја провериш вистинитоста на библиските учења и како можеш да го сториш тоа?
□ Како можеш себеси да си докажеш дека Библијата е инспирирана од Бог?
[Истакната мисла на страница 306]
„Јас сум многу песимистичен. Ние навистина нема да ги решиме нашите проблеми“ (психологот Б. Ф. Скинер).
[Слика на страница 307]
Творецот на Земјата нема да допушти човекот да ја уништи нашата планета
[Слика на страница 309]
Дали си се уверил себеси во вистинитоста на Библијата?