Како можам да стекнам вистински пријатели?
Поглавје 8
Како можам да стекнам вистински пријатели?
„ВО ОВАА област одам на училиште осум години, но за цело тоа време никогаш не успеав да стекнам ниту еден единствен пријател! Ниту еден.“ Така се жалел еден младич по име Рони. Понекогаш, можеби и ти слично се чувствуваш, како да не успеваш да склопиш пријателство. Но, кои се всушност вистинските пријатели? И која е тајната за да ги имаш?
Една изрека вели: „Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на неволја“ (Изреки 17:17). Но, пријателството вклучува повеќе отколку да се има рамо за плачење. Една млада жена по име Марвија вели: „Понекогаш, некој таканаречен пријател ќе те види дека си западнал во неволја и потоа ти вели: ‚Видов дека одиш кон тоа, но се плашев да ти кажам‘. Но, кога еден вистински пријател гледа дека одиш по погрешен пат, тој ќе се обиде да те предупреди пред да е предоцна — дури и ако знае дека можеби нема да ти се допадне она што ти го вели“.
Дали би дозволил твоето повредено его да предизвика да одбиеш некого кој толку се грижел за тебе да ти ја каже вистината? Стихот од Изреки 27:6 вели: „Искрени се ударите од оној, кој сака, а лажливи се бакнежите од оној, кој мрази“. Затоа, лицето кое искрено мисли и искрено зборува е лице какво што би требало да сакаш за пријател.
Лажни наспроти вистински пријатели
„Мојот живот е доказ дека сите ‚пријатели‘ не го поттикнуваат кај тебе она што е најдобро“, вели 23-годишната Пеги.
Како тинејџер, Пеги била присилена да си замине од дома. Меѓутоа, нејзе ѝ укажале пријателство двајца Јеховини сведоци, Бил и неговата сопруга Лој. Тие со Пеги започнале студија на Библијата. „Месеците кои ги поминав со нив беа исполнети со вистинска радост, задоволство и мир“, вели Пеги. Сепак, таа одлучила да биде со некои млади кои ги сретнала — и ги напуштила Бил и Лој.Понатаму, Пеги раскажува: „Научив многу работи од моите нови ‚пријатели‘ — да крадам стереа, да разменувам лажни чекови, да пушам марихуана и, на крај, како да ја издржувам мојата навика за дрога која ме чинеше 200 долари дневно“. На 18-годишна возраст таа сретнала еден млад човек по име Реј, кој ѝ ги понудил сите видови дрога кои можела да ги користи — и тоа бесплатно. „Помислив дека сите мои проблеми се решени. Никогаш повеќе не би морала да крадам и да лажам“, мислела Пеги. Меѓутоа, Реј ја вовел во проституција. Конечно, Пеги побегнала од градот и од нејзините разуздани „пријатели“.
Еден ден, на нејзината нова локација, ја посетиле двајца Јеховини сведоци. „Солзи радосници ми навреа на очите додека ги прегрнував двете изненадени жени“, продолжува Пеги. „Почнав да го презирам лицемерството на моите поранешни ‚пријатели‘, но тука беа луѓето кои беа искрени.“ Пеги продолжила со нејзината студија на Библијата.
Меѓутоа, не ѝ било лесно да го приспособи својот живот кон Јеховините патишта. Особено ѝ било тешко да прекине со пушењето. Сепак, една пријателка Сведок ѝ советувала:
„Наместо да се молиш и да бараш простување после твојот неуспех, зошто не се молиш претходно и не бараш сила кога чувствуваш потреба за пушење?“ Пеги вели: „Овој љубезен и практичен предлог успеа . . . За првпат после години се почувствував однатре чиста и знаев што значи да се има самопочитување“.Искуството на Пеги ја истакнува вистинитоста на библиските зборови од Изреки 13:21: „Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде“. Пеги вели: „Само да го зачував моето пријателство со оние лица кои го љубат Бог, ќе ги избегнев сите оние работи кои сега ми се во грозно сеќавање“.
Да се пронајдат пријатели
Каде можеш да најдеш пријатели кои го љубат Бог? Во христијанското собрание. Пронајди млади кои не само што се искажуваат дека имаат вера туку кои имаат и дела за да ја поткрепат својата вера и оддаденост. (Спореди Јаков 2:26.) Ако е тешко да се најдат такви млади, запознај некои христијани кои се постари од тебе. Возраста не треба да биде препрека за пријателството. Библијата кажува за едно примерно пријателство помеѓу Давид и Јонатан, иако Јонатан бил толку постар од Давид што можел да му биде татко! (1. Царства 18:1).
Но, како можеш да започнеш пријателства?
Активен интерес за другите
Исус Христос изградил такви цврсти пријателства што неговите пријатели биле спремни да умрат за него. Зошто? Како прво, Исус се грижел за луѓето. Тој ги достигнувал и им помагал на другите. Тој ‚сакал да‘ се вмеша (Матеј 8:3). Навистина, да се има интерес за другите е првиот чекор за да се стекнат пријатели.
На пример, еден млад човек по име Давид, вели дека имал успех во стекнувањето пријатели заради тоа што „имал вистинска љубов кон луѓето и покажувал активен интерес за другите“. Тој додава: „Една од најголемите работи е да го знаеш името на лицето. Другите често се импресионирани што доволно си се грижел да го запомниш нивното име. Поради тоа, може со тебе ќе поделат некое искуство или проблем и пријателството почнува да се гради“.
Тоа не значи дека мораш да бидеш претерано екстровертен тип. Исус бил „смирен по срце“, не блескав или нападен (Матеј 11:28, 29). Искрениот интерес е тоа што ги привлекува другите. Честопати, наједноставните работи, како што е заеднички да се подели оброкот или да му се помогне на некого во задачата, може да послужи да се продлабочи пријателството.
„Како слушате“
„Пазете како слушате“, препорачал Исус (Лука 8:18). Иако ја имал на ум вредноста од слушањето на Божјите зборови, начелото добро се применува на пријателствата кои се развиваат. За да се изгради пријателство, важно е да се биде добар слушач.
Ако сме вистински заинтересирани за она што го велат другите, тие обично ќе бидат привлечени кон нас. Но, ова бара да ‚не се грижиме секој само за себе [можеби само за она што ти сакаш да го кажеш], туку и за другите‘ (Филипјаните 2:4).
Биди лојален
Исус останал верен на своите пријатели. Тој „до крај ги засака“ (Јован 13:1). Еден млад човек по име Гордон, со своите пријатели постапува на сличен начин: „Главната особина на еден пријател е неговата лојалност. Дали навистина ќе ти остане верен кога ќе наидеш на тешкотии? Мојот пријател и јас се браневме еден со друг кога другите ќе кажеа омаловажувачки забелешки. Навистина се браневме еден со друг — но само ако бевме во право“.
Меѓутоа, за измамничките пријатели не е ништо ако еден со друг лицемерно си зариваат нож в грб. „Има пријатели кои се спремни да се разбијат еден со друг на парчиња“, вели стихот од Изреки 18:24 (НС). Дали ќе го ‚разбиеш‘ угледот на некој пријател со тоа што би се придружувал во злобно озборување или, пак, лојално би се залагал за него?
Споделувај ги твоите чувства
Освен тоа, Исус ја придобил благонаклоноста на другите со тоа што ги откривал своите најдлабоки чувства. Понекогаш, давал до знаење дека ‚се сожалил‘, ‚му омилел‘ или дека бил ‚смртно нажален‘. Најмалку во една прилика тој дури и ‚просолзил‘. Исус не се срамел да си го отвори срцето пред оние во кои имал доверба (Матеј 9:36; 26:38; Марко 10:21; Јован 11:35).
Ова, секако, не значи дека треба да си ги излеваш емоциите на секој што ќе го сретнеш! Но, можеш да бидеш искрен со секого. А како што запознаваш и стекнуваш доверба во некого, постепено можеш да откриваш повеќе од твоите најдлабоки чувства. Во исто време, учењето да имаш сочувство и ‚жалостивост‘ за другите е неопходно за значајните пријателства (Не очекувај совршеност
Дури и кога пријателството има успешен почеток, не очекувај совршеност. „Сите ние правиме грешки на секакви начини, но оној човек кој може да тврди дека никогаш не кажува погрешна работа, може да се смета себеси за совршен“ (Јаков 3:2, Phillips). Уште повеќе, пријателството чини — време и емоции. „Мораш да бидеш спремен да даваш“, вели еден млад човек по име Присли. „Тоа е особено важно за пријателството. Ти имаш свои чувства за работите, но спремен си да попуштиш за да направиш место за чувствата и мислењата на твојот пријател.“
Меѓутоа, цената на пријателството не е ништо во споредба со цената ако не се љуби — живот на празна осаменост. Затоа, стекни си пријатели. (Спореди Лука 16:9.) Давај се самиот себе. Слушај ги другите и покажувај вистински интерес за нив. Како Исус, можеш тогаш да имаш голем број луѓе на кои можеш да им речеш: „Вие сте Ми пријатели“ (Јован 15:14).
Прашања за дискусија
□ Како можеш да препознаеш еден вистински пријател? Кои видови пријатели се лажни?
□ Каде можеш да побараш пријатели? Мора ли секогаш тие да бидат на твоја возраст?
□ Што би требало да правиш ако некој пријател е во сериозна неволја?
□ Кои се четирите начини за да се стекнат пријатели?
[Истакната мисла на страница 66]
„Научив многу работи од моите нови ‚пријатели‘ — да крадам стереа, да разменувам лажни чекови, да пушам марихуана и, на крај, како да ја издржувам мојата навика за дрога која ме чинеше 200 долари дневно“
[Рамка на страници 68 и 69]
Треба ли да го издадам мојот пријател?
Ако сознаеш дека некој пријател се сплеткал со дрога, експериментирал со секс, мамел или крадел — дали би му кажал на некој одговорен за тоа? Многумина нема, придржувајќи се кон некој чуден закон на молчење што често преовладува меѓу младите.
Некои се плашат да не бидат обележани како „кодоши“. Некои имаат искривено чувство на лојалност. Гледајќи на стегата како на нешто штетно, тие си замислуваат дека му прават услуга на својот пријател со тоа што ги прикриваат неговите проблеми. Понатаму, кршењето на законот на молчење би можело некого да го изложи на потсмевање од врсниците и можна загуба на нивното пријателство.
И покрај тоа, кога еден млад човек по име Ли дознал дека неговиот најдобар пријател Крис пушел, тој одлучил да дејствува. Ли вели: „Ме гризеше совеста бидејќи знаев дека морам некому да кажам!“ Еден млад човек од библиски времиња бил соочен со слична ситуација. „Кога беше на седумнаесетгодишна возраст Јосиф го пасеше добитокот на татка си со браќата свои . . . Јосиф му носеше лоши гласови на татка си за нив“ (1. Мојсеева 37:2). Јосиф знаел дека ако продолжи да молчи, би била загрозена духовната благосостојба на неговите браќа.
Гревот е сила што предизвикува гниење и расипување. Ако некој пријател кој греши не добие помош — можеби во форма на цврста библиска стега — тој или таа можат уште подлабоко да потонат во злоба (Проповедник 8:11). Значи, од тоа што се прикрива престапувањето на некој пријател, не само што нема никаква корист туку може да му се нанесе и непоправлива штета.
Затоа, Библијата предупредува: „Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста“ (Галатјаните 6:1). Можеби си мислиш дека немаш духовни квалификации да поправаш некој таков пријател кој греши. Но, дали не би имало смисла да се погрижиш работата да биде пријавена кај некој кој е оспособен да помогне?
Затоа е неодложно да му пристапиш на пријателот Матеј 18:15.) Ова, пак, од твоја страна ќе бара храброст и смелост. Биди цврст, така што ќе му дадеш убедлив доказ за неговиот грев, конкретно ќе му кажеш што знаеш и како си го дознал тоа. (Спореди Јован 16:8, НС.) Не ветувај дека нема да кажеш никому, бидејќи таквото ветување би било неважечко во очите на Бог, кој го осудува прикривањето на престапот (Изреки 28:13).
и да ја разоткриеш неговата грешка. (СпоредиМожеби настанало некое недоразбирање (Изреки 18:14). Ако не е тоа случај и ако навистина се работи за престапување, можеби на твојот пријател ќе му олесни ако неговиот проблем излезе на видело. Биди добар слушател (Јаков 1:19). Не го задушувај слободниот проток на чувства користејќи осудувачки изрази како што се: „Не требаше!“ или шокирачки изрази како што се: „Како можеше!“ Покажи сочувство и чувствувај го она што го чувствува твојот пријател (1. Петрово 3:8).
Честопати ситуацијата бара поголема помош отколку онаа што си во состојба да ја дадеш ти. Тогаш, инсистирај твојот пријател да ја открие грешката пред неговите родители или пред други одговорни возрасни. А ако твојот пријател одбива да го стори тоа? Дај му до знаење дека, ако не ја расчисти работата во еден разумен временски период, тогаш ти како негов вистински пријател ќе бидеш принуден да одиш кај некого во негова корист (Изреки 17:17).
На почетокот, можеби твојот пријател нема да разбере зошто си презел таква акција. Дури може да се вознемири и непромислено да го прекине вашето пријателство. Но, Ли вели: „Знам дека со тоа што му кажав некому постапив исправно. Мојата совест се чувствуваше многу подобро бидејќи Крис ја добиваше потребната помош. Подоцна дојде и ми кажа дека не ми е лут поради она што го направив и тоа исто така ме смири“.
Ако твојот познаник продолжи да се лути на твоите храбри постапки, јасно е дека тој или таа никогаш не бил прав пријател. Но, ти ќе бидеш задоволен знаејќи дека си ја докажал својата лојалност кон Бог и си покажал дека си вистински пријател.
[Слика на страница 67]
Дали ти е тешко да стекнеш пријатели?
[Слика на страница 70]
Покажувањето интерес за другите е клучот за да се започнат пријателства