„Архитектонски единици на универзумот“
Додаток
„Архитектонски единици на универзумот“
Една современа научна енциклопедија така ги опишува хемиските елементи. Постои зачудувачка разновидност меѓу елементите на нашата Земја; некои од нив се ретки додека други ги има во изобилство. Елементите како што е златото можат да го привлечат човечкото око. Други се гасови кои не ги ни гледаме, како што се азотот и кислородот. Секој елемент е составен од одреден вид атоми. Начинот како атомите се конструирани и меѓусебно поврзани зборува за економичност и застрашувачка организираност во ред сличен на табела.
Пред околу 300 години биле познати само 12 елементи: антимон, арсен, бизмут, јаглерод, бакар, злато, железо, олово, жива, сребро, сулфур и калај. Како што се откривале нови, научниците забележале дека елементите одразуваат еден изразит ред. Затоа што имало празнини во редот, научниците како што бил Менделеев, Ремзи, Мозли и Бор теоретизирале за постоењето на непознати елементи и за нивните карактеристики. Тие елементи подоцна биле откриени точно онака како што било предвидено. Зошто тие научници можеле да предвидат дека имало облици на материја кои биле непознати во тоа време?
Па, елементите следат еден природен нумеричен ред на темел на структурата на нивните атоми. Тоа е докажан закон. Според тоа, училишните учебници можат да постават Периоден систем на елементите во редови и низи — водород, хелиум и така натаму.
McGraw-Hill Encyclopedia of Science & Technology забележува: „Малку систематизации во историјата на науката можат да се мерат со периодниот концепт како широко откровение на редот во физичкиот свет . . . Без разлика какви нови елементи можеби ќе бидат откриени во иднина, сигурно ќе најдат место во Периодниот систем, повинувајќи се на неговиот ред и покажувајќи ги исправните семејни карактеристики“.
Кога елементите се поредени во редови и низи во Периодниот систем, се гледа еден извонреден однос помеѓу елементите кои делат една низа. На пример, во последната низа се наоѓа хелиумот (бр. 2), неонот (бр. 10), аргонот (бр. 18), криптонот (бр. 36), ксенонот (бр. 54) и радонот (бр. 86). Тоа се гасови кои сјајно светкаат кога низ нив ќе помине електрично празнење и се користат во некои сијалици. Исто така, тие не реагираат лесно со разновидни елементи, како некои други гасови.
Да, универзумот — дури и во своите атомски честици — открива изненадувачка хармонија и ред. Што е одговорно за таквиот ред, хармонија и разновидност меѓу градежните блокови на универзумот?
[Табела на страница 27]
Периоден систем на елементите
(Види во публикацијата)
Дали редот и хармонијата на елементите во Периодниот систем одразуваат чиста случајност или интелигентен дизајн?
МЕТАЛИ
НЕМЕТАЛИ
РЕТКИ ГАСОВИ
ПРЕОДНИ ЕЛЕМЕНТИ
Низа лантаноиди
Низа актиноиди
I
II
III
IV
V
VI
VII
VIII
Име на елементот Симбол Атомски број
водород H 1
хелиум He 2
литиум Li 3
берилиум Be 4
бор B 5
јаглерод C 6
азот N 7
кислород O 8
флуор F 9
неон Ne 10
натриум Na 11
магнезиум Mg 12
алуминиум Al 13
силициум Si 14
фосфор P 15
сулфур S 16
хлор Cl 17
аргон Ar 18
калиум K 19
калциум Ca 20
скандиум Sc 21
титан Ti 22
ванадиум V 23
хром Cr 24
манган Mn 25
железо Fe 26
кобалт Co 27
никел Ni 28
бакар Cu 29
цинк Zn 30
галиум Ga 31
германиум Ge 32
арсен As 33
селен Se 34
бром Br 35
криптон Kr 36
рубидиум Rb 37
стронциум Sr 38
итриум Y 39
циркониум Zr 40
ниобиум Nb 41
молибден Mo 42
технециум Tc 43
рутениум Ru 44
родиум Rh 45
паладиум Pd 46
сребро Ag 47
кадмиум Cd 48
индиум In 49
калај Sn 50
антимон Sb 51
телур Te 52
јод I 53
ксенон Xe 54
цезиум Cs 55
бариум Ba 56
лантан La 57
цериум Ce 58
празеодимиум Pr 59
неодимиум Nd 60
прометиум Pm 61
самариум Sm 62
европиум Eu 63
гадолиниум Gd 64
тербиум Tb 65
диспрозиум Dy 66
холмиум Ho 67
ербиум Er 68
тулиум Tm 69
итербиум Yb 70
лутециум Lu 71
хафниум Hf 72
тантал Ta 73
волфрам W 74
рениум Re 75
осмиум Os 76
иридиум Ir 77
платина Pt 78
злато Au 79
жива Hg 80
талиум Tl 81
олово Pb 82
бизмут Bi 83
полониум Po 84
астатин At 85
радон Rn 86
франциум Fr 87
радиум Ra 88
актиниум Ac 89
ториум Th 90
протактиниум Pa 91
ураниум U 92
нептуниум Np 93
плутониум Pu 94
америциум Am 95
кириум Cm 96
берклиум Bk 97
калифорниум Cf 98
ајнштајниум Es 99
фермиум Fm 100
менделевиум Md 101
нобелиум No 102
лоренсиум Lr 103
104
105
106
107
108
109