Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Задна корица

Задна корица

Задна корица

Фотографијата на насловната страница беше направена во 1995 од еден вселенски телескоп. Гасовидните облаци од прашина се наоѓаат во небулата Орел. Научниците веруваат дека во тие облаци се формираат ѕвезди кои се наречени Столбови на создавањето.

Го делиме мислењето на некои почитувани луѓе кога се прашуваме: Што го предизвикал универзумот, нашата планета и нашиот живот на неа? И како се однесува тоа на нашето пронаоѓање задоволувачка смисла во животот?

Многу луѓе веруваат во создавањето, дека постои Творец кој се грижи за нас. Дали истражувањето сугерира дека тоа е разумно во нашиов научен век?

Како откритијата во врска со нашиот мозок и нашата способност да зборуваме се поврзани со тоа витално прашање?

Зошто многу образовани луѓе ја испитуваат Библијата и дали она што таа го вели за еден Творец треба да е важно за нас и за нашите сакани?

Оваа книга се зафаќа со тие прашања. Ќе увидиш дека нејзините јасни одговори можат да ти помогнат да го осмислиш својот живот и да положиш основа за една посреќна иднина.