До родителите
До родителите
Кој е најубавиот подарок што можете да им го дадете на своите деца? Потребни им се многу работи, како што се вашата љубов, совети и заштита. Но, најскапоцениот подарок што можете да им го дадете е да ги поучите за Јехова и за вистините од неговата Реч, Библијата (Јован 17:3). Тоа може да им помогне да го засакаат Јехова и да му служат со цело срце уште од мали нозе (Матеј 21:16).
Многу родители увиделе дека малите деца најлесно учат преку кратки поуки и игри. Затоа сме радосни што ја имаме оваа сликовница Учам од Библијата. Од секоја песничка може на едноставен начин да се научи нешто. Сликите и текстот се наменети посебно за деца до три години. Дадени се и предлози како може да се учи низ игра. Оваа сликовница не треба да служи како играчка. Родителите треба да ја читаат заедно со своите деца. Така ќе се подобри и комуникацијата меѓу нив.
Уверени сме дека оваа сликовница ќе ви помогне да ги поучувате своите деца за библиската вистина уште „од рано детство“ (2. Тимотеј 3:14, 15).
Вашите браќа,
Водечко тело на Јеховините сведоци
[Слика на страница 3]