ПРАШАЊЕ 4
Дали сите живи суштества имаат заеднички предок?
Дарвин сметал дека сите живи суштества потекнуваат од еден заеднички предок. Тој си ја замислувал историјата на животот на Земјата како едно големо дрво. Подоцна, други сметале дека ова „дрво на животот“ се развило од едно стебло — првите едноставни клетки. Нови видови се разграниле од стеблото и продолжиле да се делат на гранки, односно фамилии на растенија и животни, а потоа и на гранчиња, односно на сите видови во рамките на фамилиите на растенијата и животните што постојат денес. Дали ова навистина се случило?
Што тврдат многу научници? Изјавите на многу научници оставаат впечаток дека фосилниот запис ја поддржува теоријата за заеднички предок на сите живи суштества. Исто така, тие тврдат дека, поради тоа што сите живи суштества користат сличен „компјутерски јазик“, или ДНК, сите тие мора да еволуирале од еден заеднички предок.
Што вели Библијата? Во извештајот од Прва Мојсеева пишува дека растенијата, морските суштества, животните и птиците биле создадени „според нивните видови“ (1. Мојсеева 1:12, 20-25). Ова укажува дека има точно одредени граници кои ги раздвојуваат „видовите“. Сепак, овој опис остава простор за варијации во рамките на еден „вид“. a Исто така, според библискиот извештај за создавањето, за очекување е дека нови видови суштества би се појавиле во фосилниот запис одеднаш и целосно оформени.
Што откриваат доказите? Дали доказите го поддржуваат библискиот опис на настаните или покажуваат дека Дарвин бил во право? За што сведочат откритијата од изминативе 150 години?
ДРВОТО НА ДАРВИН Е ИСЕЧЕНО
Во последниве години, научниците споредувале генетски кодови на различни едноклеточни организми, како и генетски кодови на растенија и животни. Тие претпоставувале дека ваквите споредби ќе ја потврдат теоријата на Дарвин за разгранетото „дрво на животот“. Сепак, тоа не се случило.
Кои биле заклучоците од истражувањето? Во 1999 год., биологот Малком С. Гордон напишал: „Се чини дека живите суштества имаат различно потекло. Изгледа дека универзалното дрво на животот нема само еден корен“. Дали постојат докази 29 b
дека сите поголеми гранки на животот израснале од едно стебло, како што сметал Дарвин? Гордон продолжува: „Првобитната верзија на теоријата за заеднички предок очигледно не важи за царствата според денешната поделба. Веројатно не важи ни за многу, ако не и за сите типови, како ни за многу класи во рамките на типовите“.И заклучоците од поновите истражувања се во спротивност со Дарвиновата теорија за заеднички предок. На пример, во 2009 год., во една статија во списанието New Scientist беше цитирана следнава изјава од научникот и еволуционист Ерик Баптесте: „Немаме никакви докази дека дрвото на животот е вистинито“.30 Во истата статија беше цитиран и еволутивниот биолог Мајкл Роуз, кој кажал: „Сите сфаќаме дека дрвото на животот е достоинствено погребано. Но потешко е да го прифатиме фактот дека треба од корен да го смениме нашето гледиште за биологијата“.31 c
ШТО ПОКАЖУВА ФОСИЛНИОТ ЗАПИС?
Според многу научници, фосилниот запис ја поддржува идејата дека животот настанал од еден заеднички предок. На пример, тие велат дека фосилниот запис потврдува дека од риби настанале водоземци и дека од влечуги настанале цицачи. Но што навистина покажуваат фосилните докази?
Дејвид М. Рауп, кој е еволуционист и палеонтолог, вели: „Наместо докази дека животот се развил постепено, геолозите од времето на Дарвин и од нашево време пронашле многу недоследен и испрекинат запис. Всушност, видовите се појавувале еден по друг одеднаш, претрпувале мали или никакви промени во текот на нивното постоење и потоа одеднаш исчезнувале од фосилниот запис“.32
Голем дел од фосилните остатоци покажуваат дека во текот на големи временски периоди не доаѓало до промени кај видовите. Доказите не покажуваат дека тие еволуирале од еден вид во друг. Специфични градби на телото се појавуваат одеднаш. Нови карактеристики се појавуваат одеднаш. На пример, лилјаците кои имаат сонарен систем и систем за ехолокација се појавуваат без некоја очигледна врска со некој примитивен предок.
Всушност, се чини дека повеќе од половина од сите главни групи животни се појавиле во релативно краток временски период. Бидејќи многу нови и различни форми на живот се појавуваат толку одеднаш во фосилниот запис, палеонтолозите го нарекуваат овој период „камбриумска експлозија“. Кога бил камбриумот?
Да претпоставиме дека проценките на истражувачите се точни. Во тој случај, историјата на Земјата би можеле да ја претставиме со една временска линија која е долга како едно фудбалско игралиште од 100 метри (1). Би требало да поминеш речиси 90 метри за да стигнеш до периодот што палеонтолозите го нарекуваат камбриум (2). Во текот на мал дел од тој период, се појавуваат главните групи животни во фосилниот запис. Колку е мал тој дел? Додека се движиш по фудбалското игралиште, сите овие различни суштества се појавуваат одеднаш на простор помал од еден чекор!
Поради тоа што овие различни форми на живот се појавиле релативно одеднаш, 33
некои научници кои ја проучуваат еволуцијата ја довеле во прашање првобитната теорија на Дарвин. На пример, во едно интервју во 2008 год., еволутивниот биолог Стјуарт Њуман зборувал за потребата за нова теорија на еволуција која би можела да го објасни ненадејното појавување на нови форми на живот. Тој рекол: „Верувам дека идејата на Дарвин која се користи за да се објаснат сите еволуциски промени наскоро ќе се смета само како една од неколкуте идеи — можеби дури не ни најважната за да се разбере макроеволуцијата, односно големите еволуциски промени во градбата на организмите“.ПРОБЛЕМИ СО „ДОКАЗИТЕ“
Што е тогаш со фосилните остатоци кои се користат за да се покаже дека од рибите настанале водоземците и дека од влечугите настанале цицачите? Дали тие се цврст доказ за еволуција? Кога фосилните докази ќе се испитаат подетално, се појавуваат неколку проблеми.
Прво, во учебниците понекогаш е погрешно претставен соодносот на големината на суштествата во еволуциската низа од водоземци до цицачи. Некои од тие суштества кои во таа низа се прикажани со слична големина, всушност, се огромни, а други се мали.
Втор, многу посериозен проблем е тоа што нема доволно докази дека овие суштества се во некакво сродство. Според проценките на научниците, примероците кои се поставени во низата честопати ги делат временски периоди од милиони години. Во врска со временските периоди кои ги делат многу од овие фосили, зоологот Хенри Џи вели: „Временските интервали кои ги делат фосилите се толку големи што не можеме да кажеме ништо конкретно за некакво можно сродство помеѓу фосилите кои датираат од поново време и оние што се од поодамна“.34 d
Во врска со фосилите на риби и водоземци, биологот Малком С. Гордон вели дека пронајдените фосили претставуваат само мал и „веројатно 35 e
прилично нерепрезентативен примерок за биолошката разноликост која постоела во овие групи во тоа време“. Тој понатаму вели: „Нема начин да дознаеме во која мера, и дали воопшто, овие специфични организми влијаеле врз подоцнежните фази од развојот или каква можеби била нивната меѓусебна врска“.КОЈА Е ВИСТИНСКАТА ПРИКАЗНА НА „ФИЛМОТ“?
Во 2004 год., во списанието National Geographic, фосилниот запис беше опишан како „филм за еволуцијата од кој, на секои 1.000 слики од филмската лента, 999 останале на подот во просторијата за монтажа“.36 Да размислиме малку повеќе за оваа споредба.
Замисли си дека си нашол 100 исечени слики од еден филм кој се состои од вкупно 100.000 слики. Како ќе знаеш за што се работи во филмот? Ти можеби имаш своја замисла, но што ако само 5 од 100-те слики што си ги нашол, би можеле да се подредат на таков начин за да се вклопат во твојата замисла, додека останатите 95 слики раскажуваат сосема друга приказна? Дали би било разумно на темел на 5-те слики да тврдиш дека твојата замисла за филмот е точна? Дали е можно да си ги подредил тие 5 слики на начин што ќе одговараат на твојата теорија? Зарем не би било поразумно да дозволиш останатите 95 слики да влијаат врз твојот заклучок во врска со филмот?
Како оваа споредба е поврзана со начинот на кој еволуционистите гледаат на фосилниот запис? Со години, истражувачите не сакале да признаат дека поголемиот број од фосилите — 95-те слики од филмот — покажуваат дека видовите претрпеле многу мали промени со текот на времето. Зошто ги премолчиле овие важни докази? Авторот Ричард Морис вели: „Се чини дека палеонтолозите ја усвоиле општоприфатената идеја за постепени еволуциски промени и се држеле за неа дури и кога ќе откриеле докази кои го покажувале спротивното. Тие се 37
обидувале да ги толкуваат фосилните докази на темел на прифатените еволуциски идеи“.„Да ги подредиш фосилите во низа и да тврдиш дека тие претставуваат едно еволуциско стебло не е научна хипотеза која може да се провери, туку е тврдење кое вреди колку и една приказна за добра ноќ — забавна е, можеби дури и поучна, но не е научно точна“ (In Search of Deep Time—Beyond the Fossil Record to a New History of Life, Хенри Џи, стр. 116-117)
Што може да се каже за денешните еволуционисти? Дали е можно тие и понатаму да ги подредуваат фосилите во одреден редослед не затоа што тоа е во склад со поголемиот дел од фосилните и генетските докази, туку затоа што е во склад со еволуциските идеи кои моментално се популарни? f
Што мислиш ти? Дали доказите го поддржуваат библискиот извештај за создавањето или теоријата на Дарвин? Размисли за фактите што ги разгледавме досега.
-
Првобитните форми на живот кои се појавиле на Земјата не биле „едноставни“.
-
Веројатноста дека дури и составните делови на една клетка настанале случајно е екстремно мала.
-
Со клетката управува ДНК, односно една „компјутерска програма“, или код. ДНК е неверојатно сложена молекула и е доказ за генијалност која далеку ја надминува секоја програма или систем за складирање на податоци направен од луѓето.
-
Генетските истражувања покажуваат дека животот не потекнува од еден заеднички предок. Освен тоа, главни групи животни се појавуваат одеднаш во фосилниот запис.
Со оглед на овие факти, дали сметаш дека е разумно да се заклучи дека доказите се во склад со библиското објаснување за потеклото на животот? Сепак, многу луѓе тврдат дека науката е во спротивност со голем дел од она што го вели Библијата во врска со создавањето. Дали ова е точно? Што навистина кажува Библијата?
a Зборот „вид“ што се користи во Библијата не се користи како научен израз и има многу пошироко значење од зборот „вид“ што се користи во науката. Честопати, кога научниците велат дека некој вид еволуирал и од него настанал нов вид, едноставно станува збор за промени во рамките на она што во библиската книга Прва Мојсеева се подразбира под поимот „вид“.
b Биолошкиот термин типови (еднина, тип) се однесува на голема група животни кои имаат иста градба на телото по која се разликуваат од другите животни. Еден систем на класификација на сите живи организми што го користат научниците е поделен на седум нивоа. Во секое следно ниво, организмите се со поспецифични карактеристики. Првото ниво е царство, најшироката категорија. Потоа следат категориите: тип, класа, ред, фамилија, род и вид. На пример, коњот е класифициран на следниот начин: царство Animalia; тип Chordata; класа Mammalia; ред Perissodactyla; фамилија Equidae; род Equus; вид Caballus.
c Треба да се напомене дека ниту статијата од списанието New Scientist ниту Баптесте ниту Роуз не сакале да ја оспорат теоријата на еволуција. Напротив, тие сакале да укажат дека претпоставката на Дарвин во врска со дрвото на животот, која е еден од темелите на неговата теорија, не е поддржана со докази. Ваквите научници сѐ уште бараат други објаснувања кои би биле во склад со теоријата на еволуција.
d Хенри Џи не ја оспорува теоријата на еволуција. Тој укажува на тоа дека некои работи не можеме да ги дознаеме од фосилниот запис.
e Малком С. Гордон го поддржува учењето за еволуција.
f Види ја рамката „ Дали еволуцијата на човекот е научен факт?“
g Забелешка: Ниту еден од стручњаците кои се цитирани во оваа рамка не верува во библиското учење за создавањето. Сите тие го прифаќаат учењето за еволуција.
h Терминот „хоминид“ се користи за да се опишат суштествата кои, според стручњаците кои ја проучуваат еволуцијата, го сочинуваат човечкото семејство и праисториските човеколики видови.