Информации за делегатите
РЕДАРИ: Редарите имаат задача да ви помогнат. Ве молиме, целосно соработувајте со нив и следете ги нивните упатства во врска со паркирањето, движењето низ конгресниот објект, чувањето седишта и други работи.
КРШТАВАЊЕ: За кандидатите за крштавање се резервирани седиштата пред бината. Тие треба да седнат во делот резервиран за нив пред да започне предавањето за крштавање во сабота претпладне. Секој треба да си понесе крпа и пристојна облека за капење.
ПРИЛОЗИ: По прилично висока цена се обезбедени соодветни седишта, систем за озвучување, видеоопрема и многу други услуги што овозможуваат да се чувствуваме пријатно на овој конгрес и да можеме уште повеќе да се зближиме со Јехова. Вашите доброволни прилози помагаат да се покријат овие трошоци, а со нив се поддржува и делото што се извршува во целиот свет. Од практични причини, низ целиот објект се поставени јасно означени кутии за прилози. Прилог може да се даде и преку интернет-страницата donate.pr418.com. Сите прилози се многу ценети. Водечкото тело ви благодари на вашата великодушна поддршка на делото за Царството.
ПРВА ПОМОШ: Ве молиме, имајте на ум дека оваа служба е само за итни случаи.
ИЗГУБЕНО-НАЈДЕНО: Сите најдени предмети треба да се однесат во овој оддел. Доколку сте изгубиле нешто, појдете таму за да проверите дали е најдено. Децата што се оддалечиле од своите родители и се изгубиле треба да се одведат во овој оддел. Сепак, за да се избегне таквата стресна ситуација, ве молиме, секогаш да сте во тек со она што го прават вашите деца и погрижете се тие да бидат покрај вас.
СЕДИШТА: Ве молиме, бидете обѕирни кон другите. Имајте на ум дека можете да чувате седишта само за членовите на најблиското семејството и за оние што патуваат во истиот автомобил со вас, или за своите гости и за оние со кои ја проучувате Библијата. Ве молиме, не оставајте предмети на седиштата кои не ги чувате.
ДОБРОВОЛНА СЛУЖБА: Доколку сакате да помогнете во работата околу конгресот, ве молиме пријавете се во Одделот за информации и доброволна служба.
Подготвено од Водечкото тело на Јеховините сведоци
© 2024 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania