Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 1: Бог почнал да создава

Приказна 1: Бог почнал да создава

СИТЕ добри работи што ги имаме доаѓаат од Бог. Тој го направил Сонцето за да ни дава светлина дење, и Месечината и ѕвездите за да имаме по малку светлина и ноќе. А ја направил и Земјата за нас, за да можеме да живееме на неа.

Но, Сонцето, Месечината, ѕвездите и Земјата не биле првите работи што Бог ги направил. Дали знаеш што направил најпрвин? Бог најпрвин создал суштества што биле слични на него. Ние не можеме да ги видиме овие суштества, исто како што не можеме да го видиме ни Бог. Во Библијата тие суштества се наречени ангели. Бог ги направил ангелите за да живеат со него на небото.

Првиот ангел што Бог го направил бил нешто посебно. Тој бил Божјиот прв Син, и тој работел со својот Татко. Му помагал на Бог да ги направи сите други работи. Му помогнал да ги направи Сонцето, Месечината, ѕвездите, како и нашата Земја.

Како изгледала тогаш Земјата? Во почетокот никој не можел да живее на неа. На неа немало ништо друго освен еден голем океан. Но, Бог сакал на Земјата да живеат луѓе. Затоа почнал да ги подготвува работите за нас. Што направил?

На Земјата прво ѝ била потребна светлина. Затоа Бог направил светлината од Сонцето да свети на Земјата. Тој така ги уредил работите за да може да има и ден и ноќ. Потоа Бог предизвикал копното да се издигне над водата во океанот.

Отпрвин на копното немало ништо. Изгледало како сликата што ја гледаш овде. Немало ниту цвеќиња, ниту дрвја, ниту животни. Немало дури ниту една риба во океаните. Бог имал уште многу работа за да ја направи Земјата навистина убава за да можат животните и луѓето да живеат на неа.

Еремија 10:12; Колошаните 1:15-17; 1. Мојсеева 1:1-10.

Јаловата земја / Гола земја


Прашања

  • Од каде доаѓаат сите добри работи, и можеш ли да наведеш еден пример?
  • Што создал Бог најпрвин?
  • Зошто првиот ангел бил нешто посебно?
  • Опиши како изгледала Земјата во почетокот.
  • Како почнал Бог да ја подготвува Земјата за животните и за луѓето?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Еремија 10:12.

    Кои особини на Бог се гледаат во она што го создал? (Иса. 40:26; Рим. 11:33).

  • Прочитај Колошаните 1:15-17.

    Каква улога играл Исус при создавањето, и како треба тоа да влијае врз нашето мислење за него? (Кол. 1:15-17).

  • Прочитај 1. Мојсеева 1:1-10.

    Кој ја направил Земјата? (1. Мој. 1:1).

    Што се случило на првиот творечки ден? (1. Мој. 1:3-5).

    Опиши што се случило на вториот творечки ден (1. Мој. 1:7, 8).