Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 2: Една прекрасна градина

Приказна 2: Една прекрасна градина

ВИДИ ЈА овде Земјата! Колку убаво е сѐ! Погледни ги тревата и дрвјата, цвеќињата и сите животни. Можеш ли да ги најдеш слонот и лавовите?

Животни во градината Еден

Како настанала оваа прекрасна градина? Ајде да видиме како Бог ја подготвил Земјата за нас!

Прво, Бог ја направил зелената трева за да го покрива копното. Исто така ги направил сите видови мали билки, грмушки и дрвја. Овие растенија ја разубавуваат Земјата. Но тоа не е сѐ. Многу од нив ни даваат и храна, која е многу вкусна.

Бог подоцна направил риби да пливаат во водата и птици да летаат по небото. Направил кучиња, мачки и коњи, големи животни и мали животни. Какви животни има во твојата околина? Зарем не треба да сме среќни што Бог ги направил сите овие работи за нас?

На крајот, на еден дел од Земјата Бог направил посебно место. Тоа место го нарекол градината Еден. Таа била нешто посебно! Сѐ што имало во неа било преубаво. А Бог сакал целата Земја да стане исто толку убава како оваа градина што ја направил.

Но, погледни ја уште еднаш сликата од оваа градина. Знаеш ли што забележал Бог дека недостасува? Да видиме.

1. Мојсеева 1:11-25; 2:8, 9.



Прашања

  • Како Бог ја подготвил Земјата за да биде наш дом?
  • Опиши какви животни направил Бог. (Види ја сликата.)
  • Зошто градината Еден била нешто посебно?
  • Каква сакал Бог да стане целата Земја?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 1. Мојсеева 1:11-25.

    Што создал Бог на третиот творечки ден? (1. Мој. 1:12).

    Што се случило на четвртиот творечки ден? (1. Мој. 1:16).

    Какви животни направил Бог на петтиот и на шестиот ден? (1. Мој. 1:20, 21, 25).

  • Прочитај 1. Мојсеева 2:8, 9.

    Кои посебни два вида дрвја ги поставил Бог во градината, и што симболизирале тие?