Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 11: Првото виножито

Приказна 11: Првото виножито

ЗНАЕШ ЛИ што направил најпрво Ное кога, заедно со семејството, излегол од арката? Му принел на Бог жртва, односно дар. На долната слика можеш да видиш како го направил тоа. Ное му ги принел како жртва овие животни за да му се заблагодари на Бог што го спасил неговото семејство од големиот потоп.

Арката и виножитото

Што мислиш, дали Јехова бил задоволен со дарот? Да, бил. Затоа му ветил на Ное дека никогаш повеќе нема да го уништи светот со потоп.

Наскоро целата земја била сува, па така Ное и неговото семејство започнале нов живот надвор од арката. Бог ги благословил и им рекол: 'Имајте многу деца. Треба да има толку многу луѓе што ќе биде населена целата Земја‘.

Но подоцна, кога луѓето би чуле за големиот потоп, би можеле да се плашат дека повторно ќе се случи сличен потоп. Затоа Бог дал нешто што ќе ги потсетува луѓето на неговото ветување дека никогаш повеќе нема да ја потопи целата Земја. Дали знаеш што им дал за да ги потсетува? Тоа било виножитото.

Ное и неговото семејство

Честопати, откако ќе престане дождот и ќе светне сонцето, на небото се појавува виножито. Тоа може да има најразлични убави бои. Си видел ли некогаш виножито? Го гледаш ли ова што е на сликата?

Бог рекол: 'Ветувам дека никогаш повеќе нема да ги уништам со потоп сите луѓе и животни. Го ставам моето виножито во облаците. И кога ќе се појави виножитото, ќе го видам и ќе се сетам на ова мое ветување‘.

Затоа, кога ќе видиш виножито, на што треба тоа да те потсети? Да, на Божјето ветување дека никогаш повеќе нема да го уништи светот со голем потоп.

1. Мојсеева 8:18-22; 9:9-17.



Прашања

  • Што направил Ное веднаш штом излегол од арката, како што е покажано на сликата?
  • Каква заповед им дал Бог на Ное и на неговото семејство по Потопот?
  • Кое ветување го дал Бог?
  • На што треба да се сетиме кога ќе видиме виножито?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 1. Мојсеева 8:18-22.

    Како би можеле ние денес да му принесеме на Јехова 'успокојувачки мирис‘? (1. Мој. 8:21; Евр. 13:15, 16).

    Што рекол Јехова за состојбата на човечкото срце, па според тоа, на што треба да внимаваме? (1. Мој. 8:21; Мат. 15:18, 19).

  • Прочитај 1. Мојсеева 9:9-17.

    Каков сојуз склучил Јехова со сите земни суштества? (1. Мој. 9:10, 11).

    До кога ќе важи сојузот на виножитото? (1. Мој. 9:16).