Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 27: Еден лош цар владее со Египет

Приказна 27: Еден лош цар владее со Египет

ОВИЕ луѓе го присилуваат народот да работи. Види го човекот кој со камшик тепа еден од работниците! Тие работници се од семејството на Јаков, и се нарекуваат Израелци. Луѓето, пак, што ги присилуваат да работат се Египќани. Израелците им станале робови на Египќаните. Како се случило тоа?

Египќаните ги угнетуваат Израелците

Големото семејство на Јаков со години живеело во мир во Египет. Јосиф, кој бил најважниот човек во Египет по царот-фараон, се грижел за нив. Но Јосиф умрел, а цар во Египет станал еден нов фараон, кој не ги сакал Израелците.

Така, овој лош фараон ги направил Израелците робови. Исто така, над нив поставил луѓе кои биле зли и сурови. Тие ги принудувале Израелците да работат многу напорно и да градат градови за фараонот. Но бројот на Израелците сѐ повеќе растел. По некое време, Египќаните се уплашиле дека Израелците ќе станат многу побројни и посилни од нив.

Египќаните ги угнетуваат Израелците

Дали знаеш што направил фараонот? Разговарал со жените кои им помагале на израелските мајки кога ги раѓале своите деца, и им рекол: 'Мора да го убиете секое машко дете што ќе се роди‘. Но тие жени биле добри и не ги убивале децата.

Затоа фараонот им заповедал на сите свои луѓе: 'Земете ги машките бебиња на Израелците и убијте ги! Оставете ги живи само женските бебиња‘. Зарем тоа не било една ужасна заповед? Да видиме како било спасено едно машко бебе.

2. Мојсеева 1:6-22.



Прашања

  • Кој е човекот на сликата со камшик во раката, и кого тепа тој?
  • Што се случило со Израелците откако умрел Јосиф?
  • Зошто Египќаните се уплашиле од Израелците?
  • Која заповед им ја дал фараонот на жените кои им помагале на Израелките да се породат?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 2. Мојсеева 1:6-22.

    На кој начин Јехова почнал да го исполнува ветувањето што му го дал на Авраам? (2. Мој. 1:7; 1. Мој. 12:2; Дела 7:17).

    Како еврејските бабици покажале почит кон светоста на животот? (2. Мој. 1:17; 1. Мој. 9:6).

    Како биле наградени бабиците за својата верност кон Јехова? (2. Мој. 1:20, 21; Изр. 19:17).

    Како Сатана се обидел да ја расипе Јеховината намера во врска со ветениот Потомок на Авраам? (2. Мој. 1:22; Мат. 2:16).