Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 49: Сонцето застанува

Приказна 49: Сонцето застанува

ВИДИ ГО Исус Навин. Тој викнал: 'Сонце, застани!‘ И сонцето застанало среде небото. Таму останало цел ден. Тоа го направил Јехова! Но да видиме зошто Исус Навин сакал сонцето да продолжи да свети.

Сонцето

Кога петте лоши цареви од ханаанската земја почнале да се борат против Гаваонците, тие испратиле еден човек кај Исус Навин да го замоли да им помогне. 'Дојди кај нас брзо!‘ — му рекол тој. 'Спаси нѐ! Сите цареви што живеат во планините се собраа за да се борат против твоите слуги!‘

Исус Навин и сите негови борци веднаш тргнале. Тие пешачеле цела ноќ. Кога дошле во Гаваон, војниците на петте цареви се исплашиле и почнале да бегаат. Тогаш Јехова пуштил од небото голем град, па повеќе војници умреле од градот отколку од мечот на воините на Исус Навин.

Исус Навин

Исус Навин видел дека сонцето било на заоѓање. По кратко време би било темно, и многу војници на петте лоши цареви би побегнале. Затоа Исус Навин му се помолил на Јехова, а потоа рекол: 'Сонце, застани!‘ Додека сонцето светело, Израелците успеале да победат во битката.

Во Ханаан имало и многу други лоши цареви кои го мразеле Божјиот народ. На Исус Навин и на неговата војска им биле потребни околу шест години за да победат 31 цар во земјата. Кога завршиле со борбата, Исус Навин им ја поделил ханаанската земја на тие племиња што уште не добиле земјиште.

Поминале многу години. Исус Навин умрел кога имал 110 години. Додека биле живи тој и неговите пријатели, народот му бил послушен на Јехова. Но кога тие добри луѓе умреле, народот почнал да прави лоши работи и имал проблеми. Тогаш навистина им била потребна Божјата помош.

Исус Навин 10:6-15; 12:7-24; 14:1-5; Судиите 2:8-13.



Прашања

  • Што вели Исус Навин на сликата, и зошто?
  • Како Јехова им помогнал на Исус Навин и на неговите борци?
  • Колку непријателски цареви победил Исус Навин, и колку време му било потребно за тоа?
  • Зошто Исус Навин ја поделил ханаанската земја?
  • Колку години имал Исус Навин кога умрел, и што се случило со народот потоа?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Исус Навин 10:6-15.

    Во што сме сигурни ние денес поради тоа што знаеме дека Јехова предизвикал Сонцето и Месечината да застанат заради Израел? (Ис. Нав. 10:8, 10, 12, 13; Пс. 18:3; Изр. 18:10).

  • Прочитај Исус Навин 12:7-24.

    Кој бил, всушност, тој што ги победил царевите во Ханаан, кои биле вкупно 31, и зошто е тоа важно за нас денес? (Ис. Нав. 12:7; 24:11-13; 5. Мој. 31:8; Лука 21:9, 25-28).

  • Прочитај Исус Навин 14:1-5.

    Како била поделена земјата меѓу израелските племиња, и што покажува тоа во врска со добивањето на наследство во Рајот? (Ис. Нав. 14:2; Иса. 65:21; Езек. 47:21-23; 1. Кор. 14:33).

  • Прочитај Судиите 2:8-13.

    Кој е денес, слично на Исус Навин во Израел, како пречка за отпадниците? (Суд. 2:8, 10, 11; Мат. 24:45-47; 2. Сол. 2:3-6; Тит 1:7-9; Отк. 1:1; 2:1, 2).