Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 67: Јосафат му верува на Јехова

Приказна 67: Јосафат му верува на Јехова

ЗНАЕШ ЛИ кои се овие луѓе и што прават? Тие тргнале да се борат, а луѓето што одат пред нив пеат. Но, можеби се прашуваш: 'Зошто пејачите немаат мечеви и копја за да се борат?‘ Да видиме.

Израелци одат кон местото на борбата

Јосафат бил цар на двоплеменското царство Израел. Живеел во исто време со царот Ахав и Језавела од северното 10-племенско царство. Но, Јосафат бил добар цар, како што бил и неговиот татко Аса. Затоа, народот на јужното двоплеменско царство многу години живеел добро.

Но, се случило нешто што го исплашило народот. Гласници го известиле Јосафат: 'Голема војска од Моавци, Амонци и жители од планината Сеир доаѓаат за да те нападнат‘. Многу Израелци се собрале во Ерусалим да бараат помош од Јехова. Тие отишле во храмот, и таму Јосафат се помолил: 'О Јехова, Боже наш, не знаеме што да правиме. Беспомошни сме против оваа голема војска. Од тебе бараме помош‘.

Јехова го услишил, па му заповедал на еден од своите слуги да му каже на народот: 'Борбата не е ваша, туку Божја. Вие не ќе морате да се борите. Само гледајте и видете како Јехова ќе ве спаси‘.

Затоа, следното утро Јосафат му рекол на народот: 'Верувајте му на Јехова!‘ Потоа ги поставил пејачите пред своите војници, па додека марширале, му пееле фалби на Јехова. Дали знаеш што се случило кога се приближиле до местото на борбата? Јехова предизвикал непријателските војници да се борат меѓу себе. А кога Израелците пристигнале, сите непријателски војници биле мртви!

Зарем не било мудро тоа што Јосафат му верувал на Јехова? И ние ќе бидеме мудри ако Му веруваме.

1. Царевите 22:41-53; 2. Летописи 20:1-30.


Прашања

  • Кој бил Јосафат, и во кое време живеел тој?
  • Од што се исплашиле Израелците, и што направиле многумина од нив?
  • Како одговорил Јехова на молитвата на Јосафат?
  • Што предизвикал Јехова да се случи пред да започне борбата?
  • Што можеме да научиме од Јосафат?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 2. Летописи 20:1-30.

    Како покажал Јосафат што треба да прават верните слуги на Бог кога ќе се соочат со опасни ситуации? (2. Лет. 20:12; Пс. 25:15; 62:1).

    Бидејќи Јехова секогаш користел посредници за да му испрати пораки на својот народ, кого користи како посредник денес? (2. Лет. 20:14, 15; Мат. 24:45-47; Јован 15:15).

    Во што ќе биде слична нашата ситуација со ситуацијата на Јосафат кога Бог ќе ја започне "војната која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог“? (2. Лет. 20:15, 17; 32:8; Отк. 16:14, 16).

    По примерот на левитите, како придонесуваат пионерите и мисионерите за да се проповеда низ целиот свет? (2. Лет. 20:19, 21; Рим. 10:13-15; 2. Тим. 4:2).